Моите ги фати болест, дел ми се уништиа. Сега пак ги обновувам.. Тука пресадував, фрлав и спасував што можев..
Многу ме опушта и смирува садење и пресадување цвеќиња, па дури и во ова мало местенце. Криво ми е што ми умреа оваа година сите цвеќиња, погледот ми е ептен шут надвор. Имав садено азалеа, и паднаа цветовите,така стои сува целата . Како да ја опоравам? или да ги фрлам ?1200 ден мавнав за една азалеа само, двете ми се вакви . Се спасуваат ли?
Ајде ќе ја обновиш колекцијата... Можеш да пробаш да ја извадиш од земја, коренот да го испереш убаво и после тоа да ја чуваш со коренот во вода. На 3-4 дена менувај ја водата и на недела и пол-две прихрана додавај. Кога ќе почне убаво да расте може да се префрли повторно во земја.
Обавезно, се' ќе пробам.. дали во истата земја да го вратам? Него познато ли ти е цвеќево, до кога цвета и што со него зимава? Продавачот нели нормално го исфали, грмушка што не мрзне , цвета нонстоп, абе важи
Не сум многу запознаена со азалеите. Колку цвета и дали мрзне мислам дека зависи од видот. Пробај со апликацијата LeafSnap или некоја слична да ја идентификуваш азалеата што ја имаш, па ќе најдеме информации за цветање и отпорност на ниски температури. Инаку јас би ја чувала подолго време во вода за да може да развие убав корен, па можеби на есен би ја вратила во земја. А за земјата не знам, зависи каква е. Од тоа што прочитав, земјата треба да биде богата со органски материи и да овозможува добра дренажа на вода. Розетата стави ја во земја и нежно притисни ја земјата околу неа, да има цврстина. Наводенувај кога земјата целосно ќе се исуши.
Здраво девојки. Немам некој проблем , повеќе е прашање. Имено, можеби ви текнува дека пишував тука за орхидеја пред неколку месеци, убаво совети ми дадовте, требаше и да ја пресадам, арно ама, еве од март, од кога ја добив орхидеја, таа сеуште има цветови (да ли и паднале неколку можеби во последните недели) Дури и две нови цврсти лиски има. И така чекајќи да и паднат цветовите се уште не ја пресадив. Колку долго остануваат цветови на орхидеја? Не дека сакам да и паднат, ама ме чисто интересира. И колку пати годишно би требало да цветаат орхидеи? Еве ја, сликана пред малку. На исто место ја чувам и циклама, која ја зедов онака, од некој маркет, кам или кипер беше, и ме изненади неодамна кога видив пројавила цветови! А прочитав дури на есен процветувале циклами. Па и колку убава е сега! Баш ми е радост кога и да ја погледнам бидејќи ми е баш изненадување!
@Sky-butterfly Скај, машала да не ја подречам многу е убава Не ја чепкај воопшто штом напредува. Колку пати ќе цвета зависи, имам една скоро 2 години нема цвет пуштено, а листа и пушта бебиња еден куп, друга па се истури од цветање.
Мојата еднаш годишно до два пати цвета. Обично ако е добро чувана цветовите и траат до 3 месеци. Остави ја, сама ќе ти каже кога е спремна за пресадување. Кога ќе паднат цветовите има период на мирување и тогаш ќе ја пресадиш и ќе и ставиш нова земја. Многу е убава.
Моите први собни цвеќиња Драцена и Замија. Секој совет ќе ми користи. Дали можам овие да ги чувам до прозорецот, до 12 имам дирекно сонце и ми рекоа пресадување дури напролет, сега никако?
Ми умира шефлерата. Помош да ја спасам. Има 4 стебла, бевме на одмор и се враќам 3 се исушени со паднати листови. Едни е останп само зелено. Ја имам 5 месеци. Супер беше. Немам сменето ништо. Исто ја наводнувам, на исто место стои. Сега додека бевме на одмор просторијата беше полу затемнета па си мислам од тоа да не е. Поради светлината. Или пак може 5 месеци е период кај што ќе почне да покажува дека климата не и одговара. @lost123 ќе те тагнам дека ти имаш последна ставено слика со шефлера и гледам преубава е, совет?
Изнеси ја на тераса под сенка. Провери да не ја удавиле од вода дури сте биле на одмор, или можеби е дехидрирана, во обата случаи знае да ги фрли листовите и да се исуши. Ако земјата е презаситена од вода, пресади ја во сува земја, и види успат да не скапале корењата. Ако сепак и нема спас, земи здраво гранче, стави го во темно шише/чаша вода, и за две недели засади го.
Можеш и на есен да ги пресадиш. Не им се потребни големи саксии на двете цвеќиња. Ако ги пресадуваш, пресади ги или во саксии со иста големина како што се купени или многу малку поголеми. ZZ особено сака да му биде тесно, па дури кога целосно ќе ја исполни саксијата може да се префрли во поголема саксија. Што се однесува до местото на чување, остави ги каде што мислиш дека ќе имаат доволно светлина. Па ако не им одговара ќе ги преместиш. Можеш и надвор под сенка да ги чуваш летово. Прихрана на 2-3 недели. Извади ја од саксија и исчисти го коренот од земјата. Прикачи слика да видиме во каква состојба е растението.
Ве молам за совет. Многу ми се сушат лисјата доколку некој знае каква нега треба ? Дали можам да го пресадам и во каква саксија треба да биде. Фала ☺️
Плаче за вода Убаво стави вода, и после заборави го додека површинскиот слој на земјата не се засуши. Сака светло место, без јако сонце.