За пресадување убаво ти потенцирале, но за на прозорец со директно сонце никако. Постави ги подалеку од прозорецот, некаде во собата. Замијата пак посебно не бара многу светлина, таа вирее и во темни простории.
Ти благодарам што одвои време за моите први цветичи хех, колку што се информирав и по нет ова е тоа и ти што ми го кажуваш. Фала уште еднаш. Туку за прихрана не разбирам ништо, да ме посоветува некој како иде ако сака нормално. И уште нешто, дрвцево на драценава малку ми бега на една страна, дали да го прицврстам со некоја прачка? Мм не дозволува, ќе се оштетело стеблото од конецот ко ќе го врзам демек Јас така искрена и се пофалив на продавачката дека први цвеќиња ми се, па она ми подвали драцена со накосо дрвце и малку засушени листови на ќошевите јбг. Ама ги прскав со одстојана вода па гледам пркнаа.
Некој што има гарденија јасмин да ме посоветува. Ја имам веќе 6 години а може и повеќе ама мака мачам со неа. Се нешто не и е погодено. Цвета ама многу малку, два три цвета. Да ми препорача некоја прихрана или нешто слично.
Не делува криво, плус дебело стебленце, нема потреба сега за сега да се потпира. За прихрана побарај во Бриколаж или Електроелемент, има течна прихрана квалитетна, таа во бело шишенце ти ја препорачувам. Си пишува на самата амбалажа како се раствора. Прихрана се става до септември, после мируваат. Уживај во новите цвеЧки
Добив Бенџамин на поклон но некако како да ми подовенаа листовите. Некои совети за чување, вадење, светлина?
Нешто се дешава со мојата драцена, кога ја зедов дел од листовите имаа кафени краеви, сега се повеќе од пола такви, ама не се шират надолу, само ќошевите. Што да и правам, сакам да ми опстане? Не е на сонце, не е на ладно, во климатизирана соба но далеку е од климата. Ги наводенував пред некој ден земјата е уште мека, на неколку дена им ги прскам листовите со млака вода. Дајте совет плис. Замијата мука си нема, отвори уште две нови гранки, полни со млади ливчиња.
Скоро секоја вечер го наводнувам и обавезно го оросувам убаво. Од сабалје го фаќа сонце попладне не во сенка е. Цело време пушта нови листови,многу ми е пораснато го обожавам
Помош за ЈУКА. Прво ми беше внатре не изложена цел ден на сонце,почна да се суши,ја извадов на тераса, уште повеќе се суши. Пред да овене скроз како да и помогнам незнам...
Исто, што пари фрлив на азалеи, а толку се убави, ама многу каприциозно цвеќе. Пробував да ги спасам, ништо.
Види коренот во каква состојба е и листовите оросувај ги со вода секој ден. @Nikolina35 и ти оросувај ги листовите со вода секој ден. Штом ќе се средат може да ги оросувате на 2-3 дена. Тоа што е кафеаво ќе си остане така, ама на овој начин новите листови нема да станат такви.
Како орхидеата да ми успее значи сакам да ми останат цветовите, 4 пати имав на поклон добиено 2 бели една плава и една розева орхидеа останаа само дршките и зелените листови 3 фрлив ама 4ртава не ми се фрла пишете чаре како да ја оживеам?? Возможно ли е?
А дали местоположбата има врска ? Двете јуки моментално ги имам изнесено на тераса каде не се баш нонстоп на сонце.... Едната ми беше внатре и баш внатре почлна да венее затоа ја изнесов.....
Јас сум тотален почетник у оваа работа, нез што да ти кажам. Знам дека и промената на место знае да им влијае, јас не би ги изнесувала надвор на ова мн топло време. Кај мене се настрана од прозорецот. Ако е сув воздухот внатре знаат така да засушуваат листовите. Јас сум со клима па предпоставувам дека од тоа така ми реагираше драцената.