Орхидеите не умираат кога ќе им паднат цветовите. Губењето на цветовите е нормален процес. После одреден период пуштаат нови цветни гранки и пупки. Си фрлила три живи орхидеи. Не им пречи и надвор да бидат под сенка.
Некогаш им е потребно повеќе време за да цветаат повторно. Прочитај на претходните страни повеќе околу начинот на одгледување и прихраната. Дали пушта нови листови орхидејата?
Не истите си се зелени како што со беа на број, пак ја наводнувам еднаш во неделата, читав некаде восок од свеќа се ставало таму каде што никнува цвет пробав и така ама не бива
Тоа со восокот се прави откако ќе се пресече цветната гранка. Нема да помогне повторно да цвета. Пробај прихранувај ја со зелен чај. Неколку страни поназад можеш да прочиташ повеќе околу тоа.
Малку е еднаш на неделата, посебно сега во лето ако ти стои на прозор. Јас на мојата на 4 дена вода и ставам. Т.е ја оставам да стои во вода. Секогаш кога ќе посребренат корените се става вода. Во каква саксија ти е ставена, има ли дупчиња на саксијата? Каде ти стои? И дали и имаш сменето земја? Ако листовите се зелени и цврсти тоа значи дека е во ред. Само некаде грешиш.
Во таа проѕирната си стои како што е купено со дупчиња и плус во керамичка саксија земја немам сменето, коренот го гледам нормален е и стои на прозор
Јас би ти рекла наместо во керамичка да го ставиш во пластична зошто така ќе и овозможиш повеќе топлина. Кога ќе паднат сите цветови по 2 недели, сменија земјата и стави и нова земја за орхидеи и повторно вратија во истото проѕирно. Гранката на која биле цветовите ќе ја пресечеш за да и дадеш сила повторно да цвета. Еве ти видео каде да ја пресечеш некаде околу 3минута.
@Nikolina35 Драцената периодично ја ставам под чешма и ги мијам ливчината со слаб млаз вода за да не се сушат на краевите.
Добив кактус на подарок, досега немам чувано, па секаков совет е добредојден за да не го умрам. Знам само дека малку вода сака, дали да го пресадам во голема саксија, дали топло и светлина убаво му пријаат? На колку време вода му ставате?
Кактусите немаат големи корења, така што не ти треба многу голема саксија. Пресади го во малку поголема саксија и остави го првите неколку дена под сенка без вода. Земјата и саксијата треба да овозможуваат добра дренажа. Вода ставај кога ќе се исуши земјата и тоа обилно, да почне да тече вода од од дупките на саксијата. Можеш да го оставиш цел ден сонце да го пече, ама внимавај да не го изгори. Ма да не би требало да дојде до тоа бидејќи сонцето сега не е толку јако.
Ајде сега за замијата да прашам. Едно гранче е скроз до работ на саксијата и доле на дното има ептен ко топче здебелена. Од што така, листови ли ќе пушта или треба ова гранче да го одвојам од другите? Давајте совети луѓенца, први цвеќенца ми се, ептен ми е ќеф, нејќам да ми угинат. Еве слика, тоа најдесно.
Нормално е да биде задебелен долниот дел од гранката. Пресади ја дури кога целосно ќе ја исполни саксијата. Вода ставај и ретко, кога ќе се исуши земјата убаво. Ако претераш со водата може да скапе.
Во секој случај да биде пропусна, да не задржува вода. Има готова земја за кактуси, по пазари, расадници ја има.
Уфф многу тешко, треба да им го измиеш коренот и да им ја смениш земјата, кај мене ништо друго не помогна освен ова.