И јас се плашам од тоа ама изгледа нема друго чаре. Скоро ги пресадував веројатно со новата земја и ларви сум си донела. Ставив талог од кафе, цимет, чкорчињА превртени,ништо…. Фала за совет.
мушички ви се прават оти земјата е само хумус и ги наводнувате пречесто Или да го изнесеш надвор црепот или нова земја и пресади го и намали вода
Некаде прочитав за тој проблем, дека решение е да ставиш тенок слој на песок врз почвата. Worth a try. Сподели ни дали ќе делува.
Имате супер понуда во Мr. Bricolage Цвеке на акција (Гузманија,Кактус гем, Ешеверија..), количините се ограничени.
Aglaonema commutatum би требало да е ова на сликите. Не знам дали го има баш тој вид кај нас. Мислам дека овде сум сретнала Silver queen, Tigress и Jungle red.
Во рок од неколку дена ми испаѓаа сите листови на двата фикуса.Останаа само стапови.И сега?Да ги исечам и боцнам посебно? Многу ми е жал ,баш нараснаа летово не знам што им стана...
Промена на температура, промена на средина, премногу или премалку вода, штетници...може било што од овие работи да биде. Што правиш поинаку последниве две недели?
Најверојатно е заради промената на температурата. Ноќите се прилично ладни. Ficus elastica или Ficus benjamina имаш? Ако e elastica мислам дека ќе потера нови листови ако ги исечеш стеблата и ги буцнеш прачките во земја. И внеси ги, не ги оставај надвор.
такви експерименти не ти требаат верувај едно на слика друго во реалност По групите шо гледам постови па една столбечка ружа нема како шо треба да бидат не си давај парите мој совет
Дечки ми требаат некои совети за вистерија. Си засадив од семе, но би сакала да ги растам во саксија и во форма како дрвце, немам услови да ги пуштам некаде да лазат. Дали е тоа во ред за растението? Дали би цветале така? И како да го постигнам тоа? Секој совет би ми послужил.