Во ред е. Бонсаи ќе биде. Постепено пресадувај ја во поголема саксија и чувај ја на многу осветлено место, па кога ќе се зацврсне на директно сонце. За почеток стави некаква потпора за стеблото. Кога ќе израсне растението колку што е потпората, врвот се крати за да почне да се разгранува. На пролет почни со прихрана. Гледам се препорачува 5:10:5 (NPK) и тоа само на почеток на пролетта.
Дали кај нас негде може да се најде вакво нешто? Ми изгледа како супер идеја за љубителите на растенија за во стан но не знам колку е функционално зошто сепак е вештачки. Искуства некој?
Имам сеано пампас во дворот оваа година го посеав на земја првата година ми беше во саксија.Уште нема цветено ама е убаво раширан.Со него добив и потхранувач кога треба да му ставам кој период?
Сега кога заладува времето дали им влијае тоа на кактусите? Нешто да не треба да сменам во грижата овој период или се си е исто?
Јас барав лани, ама конкретно овакво нешто нема кај нас сеуште. Во икеа има полици, но не сум сигурна за сијалици. Тоа се посебни сијалици, ги барав на амазон како grow light bulbs ама цел проект ќе ме кошташе многу, а и со достава ми беше несигурно дека ќе стигнат здрави, и на крај се откажав.
Моите сеуште се надвор. Кога ќе залади малку повеќе ги внесувам во ладна просторија. Вода им ставам многу ретко, на повеќе од еден месец. Има такви сијалици и кај нас на growshop-mania, ама пак се скапи. Не сум истражувала за сијалициве. Не знам што е тоа што ги прави толку скапи и дали би можела и обична/лед сијалица да ја заврши истата работа. Ќе пишам кога ќе истражам.
Колешка ми подари цвеќе, поточно оресадила од нејзините ама незнае како се вика, ке стаам слика ако знае некој да ми пише шо цвеќе е. Ми кажа само дека е ползечко, постојано пресадува и има еден куп од него по дома и низ двор во саксии.
Мислам дека е Tradescantia zebrina. Лесно е за чување. Ако ти се скрши гранче буцни го во саксијата и ќе пушти корен. Стави го на осветлено место, може блиску до источен или западен прозорец. Кога има повеќе светлина поизразени се боите. Инаку многу е инвазивно. Затоа само во саксија чувај го, никако во земја во двор.
Ги применив сите совети почекав некое време и дефинитивно решение ми е само пресадување. Еве два дена како се пресадени нема никаква мушичка.
јас се мислам сеа на есен ги сечат Незнам може јас сум грешка ај ако разбереш кажи ми кога да го сечиме
Каде во мк можам да најдам ваква сталажа за цвеќе? Истата на aliexpress чини $37.80 + $53.61 shipping