Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цвеќе

Дискусија во 'Дом' започната од Lastbreath, 11 јуни 2010.

  1. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Кала, моето омилено цвеќе, баба ми има засадено во градината кај неа.
    Дома на терасата имам неколку саксии и ружи, лалиња, љубичици во дворот.
    Многу сакам цвеќиња, бели, црвени ружи.
     

    Прикачени фајлови:

    • download (2).jpg
      download (2).jpg
      Големина на фајлот:
      2,5 KB
      Прегледи:
      18
    На smigool му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    61
    cveke kako cveke mi e ubavo samo vo priroda, doma voopsto ne sakam cvekinja, nitu sakam cveke i buketi na podarok...
     
  3. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Предложете ми некое собно цвеќе кое не бара многу светлина, онака светла е собата, ама немам услови одма до прозор да стои.
     
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Единствено цвеќе кое имам дома е дрво живота (драцена).
    Не сум по цвеќе, другите кои захтеваат повеќе грижа би увенале покрај мене (facepalm)

    Ама ово го имам еве веќе неколку години, беше мало кога го добив, веќе на неколку пати само го пресадував и тоа се шири и расте, не му треба многу светлина, не му треба многу вода - кога се сетам на него, или поминам и видам дека земја е сува веќе (facepalm)
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smigool

    smigool Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    355
    Пол:
    Машки
    ја би ти го предложил ова, кај мене стои во ќош и го бесам на конец од таваницата.
    супер си расте не бара многу нега, лесно се размножува и го прочистува воздухот.
    Scindapsus aures
    [​IMG]

    Уште едно со слични карактеристики плус генерира кислород и навечер
    Sansevieria trifasciata
    [​IMG]
     
    На stetoskop, Asja, evangelina.ina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. minnie.m

    minnie.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    372
    Има некоја дрво на животот? Моево удри в таван веќе, ке мора да го сечам. Знам дека се мачка со восок пресечениот дел за од страни да се разграни и дека врвот можам да го пресадам. Ај некоја совет ако знае нешто повеќе. Вака некако сакам да испадни ImageHandler.jpg
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    8.577
    Мини, слободно исечи го и стави му на „раната“ восок за не ги губи соковите. Ќе си пушти изданоци (најчесто два) неколку см. под врвот. А штом е толку високо како што кажуваш, исечениот дел можеш да го поделиш на два-три дела, повисоки-пониски, стави ги во вода, претходно скини ги долните листови за да не скапуваат во водата, и кога ќе пуштат жилички пресади ги во саксија. Еве ти една идеја, мене ова супер ми изгледа:
    drvo na zivotot.jpg
     
    На minnie.m му/ѝ се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    SANSEVIERIA.jpg
    Одгледува ли некој по дома ваква сансевериа?!?! Некое лично искуство за одржување...
     
  9. Defiler

    Defiler Нов член

    Се зачлени на:
    8 април 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите.

    Денес ми е годишнина, на интернет најдов еден вид на роза се вика Osiris Rose.
    Па направив овде профил да ве прашам вас дамите дали знаете каде би можел да ја најдам оваа роза во Скопје.

    Еве слика од розата

    [​IMG]
     
    На orevokrsacka и TheSecret им се допаѓа ова.
  10. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Имам драцена, на земјата во која е насадена се појави нешто бело одозгора како мувла можеби, незнам како да опишам, и од неа излегуваат мали мушички. Земјата е купечка и во таа саксија веќе година и нешто е. Инаку цвеќето вака здраво ми делува. Лани ставав прихрана во вид на минерални стапчиња од Валентин па да не е од тоа нешто, но и на другите цвеќиња ставав па кај нив многу малку се појавува, кај ова стварно целата земја е прекриена со тоа белото и плус мушичките :^) Знае ли некој зошто е така и дали може да се оштети цвеќето?
     
  11. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.469
    Допаѓања:
    8.577
    Извади го површинскиот дел од земјата, и не му ставај многу често вода. И мувлата и мушичките се појавуваат од прекумерна влага во земјата, а од вишок вода може да ти скапе цело :f:. Самите мушички мислам дека не се штетни за растението. Само внимателно со водата. Поздрав :)
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Ја извадив цела земја, скроз. Беше влажна. Инаку вода ставам еднаш неделно, сега не му ставам дур скроз не се исуши земјата :^)
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.880
    Допаѓања:
    4.607
    Пол:
    Машки
    “Белото“ може да биде и бигор од водата. Затоа најдобро да ги вадиш цвеќињата со одстоена вода.
     
  14. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.790
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Имам филтер за прочистување на водата на чешмата, па со таа ги вадам :^)
     
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Во станот имам неколку саксиски цвеќиња, затоа што куќа без цвеќиња некако празно и малку безживотно ми делува. А на тераса имам жардињери со зимзелени дрвца, зимзелени тревки и шимширчиња изаранжирани со ползавици и сезонски цветни цвеќиња. Сакам цвеќиња многу и во секоја можна прилика сакам да си имам и букетче некое со сезонско цвеќе.
     
    На DVAANGELA и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Знае некој како се вика цвеќево? [​IMG]
     
  17. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Обожавам цвеќиња. :inlove: Дома имам 10-15 саκсии од κои најомилено ми е κалата. :) Си ја чувам со посебна љубов па ми цвета и зимо и лето, нема смρт за неа:D
    Сега летно вρеме ги селам на таρаса па дома ми е пρазно без нив :) и κај и да одам си земам по неκое чепче ново да си насадам, мм ме зафρκава биљаρκа сум била:D
    А да, освен цвеќенца си чувам и лимон во саκсија :)
     
    На orevokrsacka и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  18. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Mnogu Ama mnogu Sakam cveke :f:
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, мислам дека ова што ќе го напишам е баш за овде како тема. Станува збор за летната нега на цвеќињата на тераса. Можеби многумина од вас веќе ги знаат овие работи и ги прават ама како што се вели човекот учи додека е жив. Се надевам ќе ви биде од корист.

    Растенија на терасите: 5 совети за правилна нега во лето

    [​IMG]

    Високите летни температури поминаа, или можеби не? Август штотуку почна и не знеме точно што не очекува. Во врелите сончеви летни денови, нашите билки на терасите имаат потреба од зголемена нега, грижа, внимание и пред се вода. Меѓутоа со неколку мали трикови, вашите прекрасни цвеќиња и билки на терасите не само што ќе ги преживеат високите температури, туку ќе бидат поубави од секогаш.

    Токму и целта на денешнава статија е таа да со вас споделам некои мали трикови кои за мене успешно делуваат и се однесуваат токму на летната нега на растенијата на нашите тераси.

    1. Цвеќињата и билките на терасите летно време наводнувајте ги само навечер. Преку ден под дејство на високите температури водата брзо испарува и растенијата нема да може да ја добијат адекватната вода и нега, а и земјата во саксиите ќе ја најдеме сува. Доколку тоа се направи навечер, водата останува во почвата и тие рамномерно ја превземаат.

    [​IMG]


    2. Наводнувањето на цвеќињата правете го секогаш од страничниот дел на саксијата. Никако не ставајте вода директно врз лисјата, цветовите или пак врз коренот на самата билка. Со самото излевање на водата на страната од саксијата овозможувате водата полека да стигне до корените на билката, без да предизвикате голем стрес за истата.

    3. Ставајте вода секојдневно (во случајов секоја вечер) меѓутоа по малку. На тој начин ја оддржувате правилната хидратација на билките. Лично сум ставала и повеќе вода на два дена, а и по малку водичка секојдневно, и забележав дека овој вориов начин е многу поуспешен и дава подобри резултати.

    [​IMG]

    4. Од време на време кога готвите зеленчук како тиквички, морков, спанаќ и др., водата од зеленчукот не ја фрлајте туку изладена додадете им ја на билките. Оваа вода и тоа како може да ги препороди билките.

    5. Доколку гледате дека некоја билка почнува полека да умира, направете вода од коприва Потопете 250 гр. коприва со 2,5 литри вода, и оставете ја течноста на терасата покриена со една газа да отстои на сонце цел ден, а можете и повеќе денови за да биде поконцентрирана. По истекот на времето ќе добиете една зелена течност. Од оваа течност земете 100 мл. и растворете ја во литар вода, извадете ја билката од саксијата сосе земјата и коренот (доколку е мала билка) и намокрете ја во течноста од коприва неколку минути додека коренот да впие директно дел од течноста. Доколку станува збор за поголема билка, во тој случај ставете дел од течноста директно во саксијата од страничниот дел. Ова е одличен лек кој навистина може да ја спаси вашата билка доколку од било какви непознати причини почнала да се суши. За кратко време билката ќе стане како нова. За овој метод веќе ви говорев и во статијата како да ги оддалечиме паразитите од градината на следниов линк http://biodevojka.blogspot.com/2015/06/blog-post_9.html).

    [​IMG]

    Се надевам дека овие мали совети ви беа од корист и дека ќе се обидете да ги примените на вашите билки (ако досега веќе и не сте ги примениле).

    [​IMG]

    Благодарам за вниманието и до скоро читање.

    Вики
     
  20. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    DSC_0196.JPG

    Дали некој можеби знае кој вид на цвеќе е ова?
    Неодамна имав прилика да го видам на сосема неочекувано место, и да бидам искрена, ми ја разубави глетката.

    Самото цвеќе е ниско и е погодно за во саксија и за чување во внатрешни услови.
    Има необично црно-виолетови 'детелинести' листови кои посебно се истакнуваат.

    Ако некој знае нешто повеќе, ве молам пишете ми, бидејќи обожавам мали цвеќиња, а ова совршено би ми се вклопило во соба :)