Јас прочитав дека бара наводнување, го наводнувам често и расте . Нема ниту еден жолт лист , напротив преубава е.
Здраво, земав гербер од расадникот во к вода ми кажа да го пресадам во саксија два броја поголема. Тоа и го направив. Само заборавив да прашам на која температура да биде цвеќето ставено? Дали некој/а од вас знае?
Здраво,купив пред два дена драцена онлине.Се разочарав кога стигна.На сликата се гледа какви се листовите и тоа скоро сите.Јас не се разбирам многу од цвеќе,прочитав дека драцената е лесна за одржување и доста отпорна.Ама листовите ме загрижуваат.Од страната кај што нарачав ми одговорија дека тоа е ок,дека никнуваат нови,свежи листови тие биле стари. Ако некој се разбира да ми помогне,како да ја негувам,дали можеби треба со нешто да ја третирам?Ептен ја бендисав.
Ништо страшно, ова е од многу вода. Ќе се среди. А може и да и се постари листовите. И кај мене старите листови имаат кафено покрајот. Мене ми изгледа здраво. За одгледување, еднаш неделно, или на две недели, полевај ја. Зависи колку е изложена на сонце. Сака сонце, но не многу.
Купив Алое, ама листовиве ме загрижуваат многу се меки некако и паѓаат надолу. Неколку дена ми беа врзани заедно за да се исправат, има мало подобрување, ама пак се многу меки. Такви ли треба да бидат? Кога го купив беше во мало саксииче, го пресадив во оваа и си викам ај сега ќе пркне, ама една недела помина од тогаш и уште е вака. Чаре?
Не сака директно сонце. Ќе му обелст ливчињата. Не му ставај вода повеќе, на удавено во вода ми гледа и мене.
Не му ставај вода дур скроз не се исуши земјата и после ставај буквално по неколку капки вода, зимно време може и еднаш месечно а од пролет еднаш неделно
Фала ви на одговорите Се надевам ќе се оправи. Тазе цвеќарка сум, уште учам. За драцената да прашам... зошто некако слабо ми расте во висина? Некако повеќе оди во ширина, отколку во висина? Имам и сансеверија, таа ми е супер Да ми препорачате други цвеќиња кои не се ептен сложени за одгледување и не растат многу големи, а се декоративни. тнх
Здраво пак јас.Сега си купив калатеа.Одма утредента долните листови како да свенаа,се свиткаа.Читав барала дестилирана вода и прехрана.Знае некој уште нешто?
Ве молам за помош, почна цело да ми се суши дури и цветот. Пресадено е не му ставам вода еднаш во десет дена што се вика и пак