Јованти да не си им ставала јака прихрана? Тоа ми паѓа на памет, сигурно не е подгорена од сонце, обично овие две работи знаат да направат флеки кај листовите. Понекогаш коренот знае да страда од гливично или друг вид заболување, кај сарделите се манифестира со сушење на листовите и такви флеки.
Сонце се нема појавено повеќе од месец, тоа не е сигурно. Ставив стапче за зелени растенија, такви користев претходно за кактусите. Ама не го ставив цело, го скршив и поделив со уште 3 сансеверии. Мислиш дека може да е до тоа? Што да правам сега? Да ја пресадам во нова земја мислиш ќе направи разлика или толку беше од мојата прва шефлера?
Не знам какво е тоа стапче, не сум го користела досега. Сепак, можно е да е од него. Ако не ти е проблем, пресади ја. Сигурно се работи за помала шефлера? Ако е голема и во поголема саксија, не ја мрцвари, и ставај следните месеци само чиста вода, без никакви прихрани. Ако е тоа во прашање ќе се оправи. Или земи неколку болни ливчиња во краен случај, и однеси ги во земјоделска аптека, обично знаат да проценат состојба и терапија. Ова последново го правам обично за поголеми и пораскошни цвеќиња кои ги имам подолго време и не сакам да ми пропаднат. И да, шефлерата сака собна температура.
Девојки едно прашање. Од што може да и се сушат лисјата на драцена? Скоро ја купив, ја чував некој ден во ладна просторија па ја префрлив во дневна. Каква нега бара? Дали може некакп да се спаси?
Да не има премногу вода? Не е захтевна воопшто. Не сака директно сонце, јас ја полевам овој период еднаш на 10тина дена.
Ќе преживее ли? Ја фрлив старата саксија не го запомнив името да можам да побарам кои услови треба да се овозможат. Моја грешка е што касно го пресадив, веќе на некои ливчиња имаше мувла и еве сѐ уште е така. Земјата приметувам е влажна, може не сака многу вода. Едит: сега побарав, најверојатно е Виола. И уште едно прашање, имам и палма, ми кажаа дека сака повеќе вода но забележувам дека неколку врвови на лисјата се кафени. Колку вода треба да се налева? Мислам дека е слична на оваа.
Во зима е посув воздухот во домовите. Затоа можете да ги оросувате со пумпица сите растенија на 2-3 дена. Не претерувајте со вода. Овој период помалку вода им е потребна на растенијата, особено на палмите. @IM.TMKQ тоа на првата слика личи на љубичица. Стави слика од цветот ако имаш. Тие надвор се чуваат. Отпорни се на ниски температура.
Вчера купив розов зумбул. Преубаво мирисса само треба да го пресадам. Инаку дома го чувам пошто во стан. Како да го одржувам со вода? Прв пат купувам цвеќе
Помош, кактусите ми умреа. Не бев дома месецов, ги имав остаено домашните да ги чуваат, ама ми ги заборавиле. Температурите беа минус 100, кактусите се дома но во просторија која не се грееше. Сега сите се слаби, смалени и малку жолти. Дали има спас?
Се пофалив скоро, добив женска среќа од колешка.... Ми паѓаат листовите надолу на 3 дена, вода сака ли многу ова цвеќе?Да не е проблем во топла соба што ја чувам, со клима се грееме? Ако е некоја расположена, да ми даде некој совет за ова цвеќе? Драцената и замијата мака немаат оваа нежна.
Може да биде од премногу или премалку вода. Многу слично изгледа во двете состојби. Земјата треба да биде влажна постојано, ама да не плива во вода. Ако останат листовите спуштени откако ќе ставиш вода, тогаш најверојатно си претерала со наводнување. Освен по листовите, можеш и по земјата да заклучиш дали треба да ставиш вода. Со прст проверувај, кога најгорните 2-4 цм земја се суви тогаш треба вода. Пробај со прскалка да ги оросуваш листовите на два дена или кога треба да ставиш вода, истуширај ја цела.
Да, лимон - табиет се женскиве среќи. Гледај да не ја дува климата, нека биде во најладната и најсветлата точка во собата. Исто, сакаат влажност, па се препорачува во тацната одоздола да се стават камчиња со вода, па коренот одоздола да прима влага без притоа да допира долниот дел од саксијата директно во водата. Што се однесува до полевањето, сите различно кажуваат. Некој почесто, некој на десетина дена. Зависи од големината на цвеќето, температурата на просторијата, видот на земјата и сл. Земјата не треба да биде претешка, за да не ја задржува долго водата, бидејќи може да дојде до скапување на коренот, посебно при често залевање. Во секој случај, не претерувај со вода, овозможи му поголема влажност со прскање /фајтање на листовите, и она што го пишав со камчињата.
Ние ја имаме со години, преубава е, и цело време пушта цветови. Стои до прозорот на директна светлина од сабајле па се додека зајде сонцето. Ни стои под климата, може малце да ја фаќа кога дува. Вода и ставаме на неколку дена, кога ќе видиме дека е земјата по сува.
Само што ги купив цвеќињава, кажете ми како се одгледуваат? Сакаат вода, сонце, итн.. Исто, дали треба да ги пресадам во поголеми саксии и кога? Какво е тоа течно ѓубриво за цвеќиња и каде го има? Дали да им ставам вода сега? Земјата им е барут сува Фала
Стави слика од кактусите. Ако има барем еден дел зелен, можеш да го исечеш тој дел и да го ставиш во земја. Ќе си пушти корења. Си одбрала убави растенија што се лесни за одгледување. Тоа лево е Dracaena compacta. До неа тоа изгледа исто некоја драцена. Десно е монстера, а тоа доле е некоја Haworthia. Освен монстерата, другите растат релативно споро. Вода не им ставај неколку дена додека се привикнат на новата средина. Пресади ги на пролет во малку поголеми саксии сите. Чувај ги на добро осветлено место, но не директно на сонце. Можеби на Haworthia-та би и одговарало директно на сонце да биде изложена. Наводнување кога 70% од земјата ќе биде сува за драцена и монстера, а за Haworthia кога ќе се исуши целосно земјата. Колку често ќе им биде потребна вода зависи од интензитетот на светлината. Кога се изложени на поинтензивна светлина почесто им е потребна вода и обратно. Ќе бараш ѓубриво со поголемо количество азот за раст на лисна маса. Течните ѓубрива се раствораат во вода. На секое пакување пишува на колку време да се става, ама обично на две недели. На пролет почни со ѓубривото.