Од што може Ficus Elastica да ми е болен? Го полевам на 2 недели, кога земјата е сува, стои на едно место со нормална сончева светлина, не е на многу топло... Листовите стануваат како жолти, и има кафено на нив, како да почнуваат да скапуваат. Не гледам бубачки, ниту пак нешто лепливо... Смеам ли сега да го пресадам во друга земја, стои во истата откако е купен?
Никогаш не сум ја сфаќала таа забрана за внес на цвеќе во државата,барем количински да е ограничено на неколку цвеќиња.
Мислам дека може до три растенија по човек да внесеш без да ти прават проблем. 1, 2, 6 мислам дека ќе се оправат. 7 и 8 мислам дека толку е од нив. 3, 4, 5 не можам да видам убаво како изгледаат. 5 можеби ќе треба да го исечеш горниот дел и да го ставиш во земја. 3 личи како да е измрзнат. Премести ги на топло, па за некој ден стави им вода. Ги пресади откако се купени? @Yowannty мислам дека одгледува кактуси. Можеби ќе може да помогне таа. Пресади го. Види каков е коренот. Вакви симптоми има кога скапува коренот. Можеш и поретко да ставаш вода.
@Ugly Duckling Мораш да ги пресадиш тие што се во мали саксиички. Тоа се многу мали и немаат никаква земја, само корени се. Вака на слики, мене повеќе ми делува како да се превадени, на пример 1, 2, 7 и 8 бар на слика делуваат како да почнале да гнијат од многу вода. 4 и 5 делуваат суво ама им требаат нови саксии и земја. 6 вака ок ми стои, а на 5 исто му треба нова саксија и земја. Мораш да им ги исчистиш корените. Ако почнале да гнијат нема многу надеж, ама ако се само суви, нова земја, светлина и малку вода и туширање ќе ги освежи. @Aztec се жалев скоро дека на шефлерата почнаа да и паѓаат листовите. Скроз се проретчи, ама еве два дена не е мрдната, престанаа да и паѓаат. Дали тоа можеби значи дека само ја одболува промената и ќе биде нешто од неа или да не се надевам. За грев е сеа додуша. А калитеата ми е нова љубов.
Дозволено е. Јас неколку кактуси што почнале да гнијат ги спасив со сечење на здравиот дел и ставање во земја. Инаку можно е да бил период на адаптација. Исто се случува и кога ќе ги внесеме растенијата внатре на есен. Може шефлерата не изгледа најдобро сега, ама пролет иде. Тогаш ќе се разубави. На калатеата успеа да и го фатиш редот?
Иначе ја пренесов околу 15 кактуси преку граница за мајка ми. Мои кактуси. Имав 100тина. Се селевме и преку агенција ми бараа дополнително пари и папири да пополнувам за транспорт за да ги земам со мене. Со тешко срце ги раздавав. На мајка колку можев пренесов за да и дадам и неа и поима немав дека било забрането, сега прв пат прочитав. Ама за среќа не не проверија на граница. @Aztec само првиот кактус така, тој со ушиња. Лесен е и кога ќе се скрши увце само го боцкам до пола во земја и си продолжува да вирее. Со друг не ми успеало. Иначе за срамота ама калитеата уште ја немам пресадено во новата саксија од страв дека ќе ми угине. Вака си ја гледам и и се восхитувам секој ден. Па и овој период од денот се собира и честопати ја фаќам како мрдткаат листовите жива среќна сум кога ќе фатам таков момент.
@Aztec @Yowannty фала ви многу. Ги имам пресадено само во нова земја летото, освен 1 и 2 другите ги оставив во истата саксија во која ги купив. Инаку навадени се пред 3 недели, само беше баш пред да залади. Ќе ги пресадам сабајле па се надевам ќе живнат, не би ги сечела оти мислам дека ќе ги дозапустам.
@Yowannty само кактуси е забрането или општо растенија? Зашто јас од Мк си донесов Филадендрон од 2 метри и тоа распослан преку цел автомобил, па воопшто не ме ни прашаа на граница за него.
100 кактуси? За колку време успеа да направиш толку голема колекција? Имаш порачувано од други земји или од локални продавници ги купуваше? Јас дефинитивно немам толку растенија колку што би сакала, особено кактуси. Последен кактус што успеав да го спасам со сечење беше thimble cactus. Го исеков напречно и директно во земја го ставив, не го оставив ни да се засуши раната. За некое чудо се фати и почна да си расте. Не знам зошто, ама доста проблематичен ми беше. Спојлер: Thimble cactus *Не е мојот овој од сликата. Калтеата штом убаво си тера, остави ја до пролет во таа земја.
За околу 5 години. Тоа време на Крф живеевме и купував само локално, имаше прилично добар избор. Ради потоплите услови ги чував на балкон цело време, под чадори лето, а преку зима под дупла најлонска фолија. Дома секако немав простор за никакво цвеќе. Најкриво ми е што морав да ги раздавам на крај, посебно оти многу вложував во нив ама тоа е што е. Сега сум во Германија. Гледам и овде има добар избор на кактуси. Ама е прилично поладно и не знам дали би ми успеале. Секако треба дома да ги чувам, а немам простор за да си праам домашна фарма пак.
Штета стварно. На ниту еден љубител на растенија не би му било сеедно да треба да ги раздаде така. Некаква сталажа да купиш за да имаш простор? Инаку ќе успеат, може само поспоро би растеле. Купи си барем 2-3 да видиш како ќе се однесуваат.
Ова е циклама. Сака осветлена просторија, не дирекно на сонце, и тт околу 20 степени..... влажен простор, затоа не е добро да биде во близина на радијатор, ќе му пожолтат брзо ливчињата. До пролет земјата треба да е влажна и потоа следува период на мирување- не расти и не цути. На лето може и на балкон, под сенка. Јас имав ама не успеав да ја дочувам ....
Циклама е. Не сака премногу топло. Сака светлина, ама не директно да ја пече. Сака вода, ама не да плива, вишокот вода после полевање истурај го. Два пати неделно по малку може да ја полеваш. И не ја оросувај се прават белузлави флекички на листовите. Кога ќе паднат цветовите и листовите, во земјата има лукчиња, тие ќе си никнат на ново следна сезона, тогаш тој период префрли ја во поладна просторија. Моите од лани сега веќе потерани се и пред цветање се.
Спаѓа во групата на воздушни растенија. Тоа значи дека не треба да биде засадена во обична земја, туку повеќе ќе и одговара супстрат за орхидеи. Се наводнува со прскање на листовите со прскалка 2-3 пати неделно, а супстртот може еднаш месечно да се полие со вода. За да добие поинтензивна розова боја средниот дел и за да процвета треба да се чува на добро осветлено место, но не директно на сонце. Идеално би било блиску до прозорец со источна или западна ориентација. По прецветување розовиот дел се суши и од основата растат подмладоци што може да се чуваат заедно во истата саксија или да се разделат во различни саксии. Од каде ја зема?
Оваа кај мене ниеден цвет не пушти откако ѝ паднаа тие уште тогаш кога ја купив. Само нови листови пушта. Ем редовно ја наводнувам и на светлина е до џамот