Ова ми се најновите миленичиња Како да ги одгледувам? И фикусов до кога ќе се стресира? Му паѓаат лисјата откако го купив, читав дека било вообичаено при промена на средина, меѓутоа колку време трае тоа? Го имам скоро една недела? Монсертава кога треба да ја приберам на стапче? Колку што знам, ползечко растение е и брзо расте. Ова последново (не знам како се вика) зошто му се вакви лисјава како згужвани? Нема место во саксијата или...? Ви благодарам. Се уште сум тазе цвеќарка, без ич искуство, ама битно имам волја
Вода се става кога корењата ќе добијат сребрено-зелена боја. Јас ја ставам саксијата во поголем сад и го полнам садот со отстојана вода 1 цм под работ на саксијата. Внимавај да не навлезе вода во круната (меѓу листовите). Оставам така да стои десетина минути и ја вадам саксијата. Корењата треба да бидат свежа зелена боја. Спојлер: Корења Слика лево како изгледаат корењата кога им треба вода, десно по наводнување. На страните на саксијата внимателно направи многу дупчиња за да циркулира воздух да не скапат корењата. Ако пожолти гранката по прецветување, се сече малку под жолтото и се наросува со цимет. Ако остане зелена, не ја чепкај. Можеби ќе пушти секундарна цветна гранка. За бенџаминот не знам. Не ми оди баш со нив. Ама ваљда до месец може да трае период на адаптација. Пробај да го ставиш на топло место со многу светлина и да не го фаќа промаја. Монстерата не мора да ја врзуваш. Јас би ја оставила вака уште некое време. Последното можеби е некој вид на драцена компакта. Има доволно место во саксијта, не се секирај. Овие се пресадуваат кога корењата ќе ја исполнат саксијата. Чувај ја на добро осветлено место, ама не директно на сонце. Вода може кога земјата ќе биде скоро сува, а и да подзаборавиш нема да и пречи. Важно да не претераш со вода.
Фала ти. Тоа на најгорната слика некоја палма ќе е, така? Расте големо колку што читав. Некои посебни совети за одгледување? На кактусите вода како се става? Не сум му ставила откако е купено. На еден месец ок е?
Изгледа дека е Chamaedorea elegans. Може да ја чуваш и на место со малку светлина, ама најмногу и одговара индиректна, силна светлина. Вода кога пола од земјата е сува. Редовно оросување на листовите со вода. Овој период ок е вода еднаш месечно за кактусите. Понатаму почесто, особено ако ги изнесеш надвор. Во што се засадени? Јас би ги пресадила во саксии со дупки на дното и добро пропуслива земја. Вака лесно може да ги скапеш.
Каде купувате убави саксии низ Ск? Конкретно ме интересира за кактуси, 2 саксии сакам да си купам за нив. А земја за кактуси, каква купувате? Ќе им земам нова земја за во саксиите, се мислев во цвеќара да прашам, па ќе ми препорачаат тие ама и вака еве искуства може да споделите чисто да знам.
Убаво кактусче, ама во иднина не купувај ниту едно растение што е вештачки фарбано. Најчесто умираат фарбаните растенија затоа што бојата им смета во процесот на фотосинтеза. Можеш да пробаш да го извадиш од земја и да го исчистиш коренот, па целиот кактус да го ставиш во сад со млака вода да отстои. Потоа можеби ќе можеш со мека четка за заби нежно да го исчеткаш и да ја отстраниш бојата. Побарај земја за кактуси и сукуленти по земјоделски аптеки. Ако не најдеш таква, земи Флорабела. Какви саксии сакаш? Керамички? Глинени? Пластични?
Подарок ми е, не го купив јас. Штета, баш ми се свиѓаше, не знаев дека ќе биде понежничко ова од другото. Па може пластични саксии, што гледам слики некако ми фаќаат такви највеќе око.
Ги купуваат многу луѓе што не се по одгледувањето растенија и не знаат дека им штети. Може да разгледаш сукуленти ако сакаш такви растенија со ливчиња во боја. Јас по маалски цвеќари и на пазари сум наоѓала најубави саксии со пристапни цени. Последните од Битпазар ги земав. Можеш да побараш саксии што се поплитки, а пошироки. Такви се супер за кактуси. Пушти слика какви имаш на ум, може сум видела некаде.
Може вака нешто едноставно, еднобојно, минималистички, добри ли се вакви, да не се големи за моиве мали кактусчиња? И јас се мислев баш во маалските цвеќари да прашам за саксии, евентуално ако ме упатите вие што чувате кактуси подолго на друго место.
Убави се овие. Само да имаат дупчиња на дното. Мислам дека во Бриколаж има нешто слично на овие ама керамички. Пластични можеби ќе најдеш на алиекспрес. Ако налетам на вакви пластични кај нас, ќе ти пишам. Инаку во Меркур има мали кактуси веќе расцветани. Слични на овој: Спојлер
Пак јас за кактусот ама ова прашувам за кактусот што го имам пола година и појше. Гледам тука се разбирате некои доста, па може ќе ми помогнете. Едниот кактус изгледа ми има mealybugs. Уште кога го добив на подарок по некој ден забележав како некои бели чудни на него, иако прв кактус што го чував ми беше одма ми падна сумљиво, гуглав и тогаш видов дека се mealybugs, сега гледам баш како кафени бубачки, очигледно е тоа, 6 месеци се мачам со нив. Како домашен лек што може да се направи го најдов на нет да се измеша сапун со вода и да се испрска 1 месечно кактусот. Есента два пати го прскав така и стварно ги снема белите на изглед и супер си изгледаше кактусот. Сега пак се појавиле... Изгледа уште од цвеќара така купен бил со нив, зошто дома ниедно друго растение немав во моја соба, само овој кактус прв го имав ставено, во дневна чуваат цвеќиња моите, не верувам да префатил дома, нема како, а и немаме на други растенија ваков проблем, за тие моите си се грижат и сите се океј... Mammillaria вид ми е изгледа, природно имале тие такво како white fuzz и се надевав дека е тоа, дека превентивно ги прскав само тогаш ама не, ова се баш бубачки , денес ги забележав убаво и многу ми е криво. Со стара чупалица успеав да тргнам неколку такви кафени, како засушени беа, но една успеа да ми избега, се движеше. Некои беа и многу длабоко во кактусот, од боцките што се тврди не успеав да стигнам до нив... Го тргнав што подалеку новиот кактус, да не се зарази и тој. Се надевам ќе се оправи, не сакам да го фрлам, двата кактуси ми се подарок од ептен драги личности и сакав да си ги чувам. Само да не ми се зарази и новиот кактус, ќе пукнам од мака.
Земи Бубакил од земјоделска аптека и испрскај го. И пресади го обавезно, зошто зиме се кријат околу коренот.
Во план ми беше да ги пресадувам деновиве, таман се погоди моментот, се надевам ќе помогне тоа. Фала ти
Дечки мојот спатифилиум изгледа како болен. Добро напредуваше одреден период кога го земав, ама веќе не е ни пола од тоа што беше. Не е на сонце, има доволна светлина и секогаш кога ќе се навалат листовите, го ставам во вода. Прихрана порано му ставав на две до три недели, а сега само боцнав од она ѓубривото во стапчиња. Мислите ли дека ќе биде нешто од него, или да си купам друг
Што цвеќе е ова? Денеска купив ама не стоеше ништо на него...па не знам како да се информирам што нега му треба..
Да отровно е. Ова растение не се препорачува да го чувате во просторија каде има деца. Неговиот сок е отровен и ако бидете во допир со него може да дојде до непријатен оток и црвенило на кожата. Кога ќе одрежувате листови или ќе го пресадувате, користете ракавици. (извадок од линкот подолу ) Еве повеќе: https://www.hortikultura.mk/difenbahija/ Дифенбахија https://www.hortikultura.mk/difenbahija/