Еден од најпознатите пијалоци на балканот дефинитивно е цедевитата. Хрватски производ кој се произведува веќе 40 години, полн со витамини и неколку вкусови од лимон и портокал како најстари и најпознати, до брусница, шумски микс, зелен лимон, цедевита за деца, цедевита лајт итн. Исто така има и цедевита во шишенце новиот изум, кој мора да надополнам и има "супер" цена А од Цедевита имаме и чаеви, кои јас си ги ставив на листа на омилени и презадоволна сум Цедевита бомбони А најново се и Ice tea Пиете Цедевита? Колку често? Омилен вкус? И да знам дека не е добро да се пие во прекумерни количини, една чаша од овој напиток e доволна дневна доза, а јас тоа го практикувам секој ден
Cedevita Бидејќи имам напоменато дека не пијам вода, секогаш конзумирам по една- две чаши цедевита. Најомилена ми е цедевита од портокал, искрено имам сретнато само од лимон и портокал додека овие останатите прв пат ги гледам. Интересно цедевита имаат и чај, и за ова прв пат слушам но мора да се проба иако немам никакви колебања во врска со нивниот квалитет.
Мене многу ми е убава за пиење и многу освежителна,поготово таа со вкус на лимон.Иако ми кажаа дека е многу штетна за бубрези,јас си пијам од време на време,како и да се живо е штетно во денешно време и јадење и пиење.Чаевите се преубави поготово тој од шумско овошје.
Неможам да си го замислам денот без цедевита.. омилен вкус ми е од портокал.. и кога сум на диета најмногу ми е тешко да се откажам од цедевитата.. сум слушнала дека е многу калорична но незнам колку е тоа точно, ај некој ако знае нека ме просветли
Повеќе пијам вода, дури и премногу, ретко пијам сокови, инаку летово се убив од пиење цедевита од портокал сега не пијам, престанав, некако не сум многу по цедевита, сепак колку и да се рекламира на пазарот дека има нешто природно во нив, се сомневам, исто и за густите сокови.Дали дека се имам навикнато на водата, дека нонстоп пијам, значи во текот на денот неколку пати,арно не ми секнува чешмата па и да се напијам повеќе пати од цедевитава или други густи сокови, чувствувам тегоби во стомакот, некако тешки се, затоа и престанав цедевитава да ја пијам.Обично чим организмов ми даде сигнал/аларм тогаш се знае дека нешто не штима па така останувам на тоа да се дружам со водава
Пфф штетни се соковите оние божем природни вива мива, штетни се газираните, штетна е хлорираната вода, штетна е газираната. Штетна е цедевитата има шеќер и витамини. Па ондак ај да не пиеме ништо и да дехидрираме Па да, ама види и овошјето е калорично. Па неможе да споредуваш пример 500 калории од јаболки со 500 калории од пица. Cedevita od limuna 100 g =370 kcal Инаку година и нешто сум зависна од еден чај од цедевита кој секој ден го пијам без исклучок. Ме зафркаваат сите дека сум зависна
Леле .. нешто погрозно од ова мислам дека нема за мене Незнам зошто ми е гадно,уште од мала не го сакам.. и сите ми се чудат кога и да им одбијам
Мое најомилено сокче, не обожавам сокови нити ги пијам бидејќи не ми одговараат, ама Цедевита како ми одговара уффф, уживам со страст, единствен сок кој ме освежува во летните денови и со кој убаво се чувствувам. Најомилен вкус ми е Лимета (зелен лимон) и Лимон. А да и бомбоните им се супер, чаевите да не се кажува. Ааај Лов ју Цедевита!!!
Многу ретко пијам цедевита да не речам воопшто, а ми текнува како мала го лижев прашакот ми беше многу убав, будало дете. Иако се штетни, многу почесто ги пијам оние прашаци Степчиња од 5 денари.
Цедевитата ми е секојдневие, ја обожавам, највеќе ја сакам од портокал. Инаку чув информација од пријателки, дека цедевитата отварала апетит.Дали е вистина, и дали некој знае нешто во врска со ова?
Штетна не е сигурно доколку се пие во умерени количини, како и се друго. Инаку сакам цедевита, на ден обично си пијам по една чаша, а најомилена ми е од портокал. Многу ме освежува.
Имам слушнато уште летото,дека цедевитата ја намалувала менструацијата,поточно трањето на деновите го кратела за ден,два... Го намалувала обилното крварење..бла бла Колку е точно ова? Ја мислам ич.
Хахах е ова прв пат го слушам дека ја намалувала обилноста, мене од 7 дена сега во последниве 6-7 месеци ми е по 5 дена менструацијата ( а кога ќе погледнам нема друга причина освен што секој ден по две чаши цдевита пијам) - ако е точно тоа !
Вода ретко пијам,а си имам проблеми со нискиот притисок така да од една две чаши цедевита на ден,преминав на еден цел бокал од 1,5 л на ден. Омилена ми е цедевита со портокал,сум земала и со лимон и со шумско овошје,но ниту една не ме освежува како оваа со портокал.Во бокалот во кој што си ја правам цедевитата стискам и еден лимон ,преубаво е Од чаевите сум земала само од оној со праска и брусница и супер се.Бонбончињата исто се супер земам најчесто пак портокал....
Денот без цедевита не ми поминува. Буквално. Од лимон највеќе ја сакам, највеќе ме освежува ... и обавезно секој ден пијам по една чаша, некогаш и две ... Бомбони цедевита кога купувам од портокал земам. А чајот од брусница го пијам. Леден чај немам пробано. И тие скапите шишенца не практикувам да ги купувам. Поарно од дома ќе си направам во едно шишенце и ќе си ја ставам во ташна
Обожавам цедевита. Ем витаминче, ем ќе се освежиш. Пошто не пијам кафе, летово секој ден цедевита си нарачував во кафиќ. Али се запнав само лимон порачував, и зелен лимон. Ќе ги пробам баш и другите во домашна атмосфера. Исто и тие во шишенце ги имам пробано, али во ретки случаи кога патувам некаде, зошто се бајги "солени".
Се давам во оваа. Сите ми се омилени,лимон,портокал.. Демек штетно било многу ако се пиела. Бла бла..
Ауу, цедевита де си љубав моја? Обожавам цедевита.. Не сум нешто многу по сокови ама овој ми одговара. Од портокал воопшто не ми се допаѓа, лимон-омилено а другите ги немам пробано. Бонбончињата ги имам во секое време.. А благодарение на росоњерка сега прв пат дознавам дека има и чаеви па може ќе си земам некој чисто колку да пробам
Цедевита сокчиња и ледени чаеви не пијам од проста причина што не пијам сокови, односно избегнувам непотребно внесување шеќери, а и не ми се допаѓаат. За чаевите :up: , ги почитувам и ги пијам. Бонбончињата ги обожавам и постојано имам со мене вакви: