Цедевитата од брусница не стои долго кај мене мјам многу е вкусна. Ама ретко каде може човек да ја најде.
Пијам Цедевита кога сум излезена надвор и мислам дека е подобра варијанта од кока кола,швепс или нес кафе.Со оглед дека сум и на диета цедевита е подобар избор од друго поштетно.
Зошто Цедевита, а не Цевитана (Витаминка), ваши мислења зошто го преферирате хрватскиот бренд повеќе, дали ради вкусот, промоцијата, достапноста? Коа би ги споредиле што и фали на Цевитана за да ја конзумирате место Цедевита?
Мене Цедевитата ми е повкусна, конкретно вкусот од портокал, цевитаната ме потсеќа на шумечи таблети или некој лек. Инаку ни една не е здрава, тоа ми е јасно
Пијам ретко и Цедевита и Цевитана. Ама преферирам Цедевита пошто ми е повкусна... Омилена ми е од портокал