Па ако ја пиеш секој ден, веројатно ќе приметиш дали ти отвара апетит или не. Со оглед на тоа што содржи многу витамини, можно е .
Мислам дека негде имам и спомнато дека ја обожавам цедевитата. Најчесто пијам од лимон или портокал, но сепак онаа која ми е најубава е цедевитата од лимон. Скоро секој ден пијам цедевита и мене добро ми влијае , апетит не ми отвора како што некој спомна, напротив ако сум гладна не вечерам пијам цедевита. Спојлер Бомбони цедевита си земам обавезно кога патувам, некако се навикнав така за по автобус да си ги имам в чанта и најмногу ги сакам оние од портокал: Спојлер Други производи од цедевита засега немам пробано. Во врска со постот: Незнам дали е тоа така но имам забележано кога пијам цедевита дека повеќе мокрам (ама јас тоа си го сметам за добро, а можеби и грешам).
Ако редовно ја пиеш отвара апетит и тоа како .......Содржи витамини...мноооогу.А зголемениот апетит доведува и до дебелеење....Затоа внимателно,не претерувајте...Од сопствено искуство ви кажувам
ја обожавам цдвитата ,пијам нонстоп секој ден по една чаша ,други пијалоци освен тоа чај и кафе не пијам ,апсолутно ништо ,па газирани пијалоци нема шанси значи да пробам,и кога одам на кафе не пијам кафе туку цдвита, многу мразам некои кафулиња шо не служат цдвита
мене пак цевитаната ама воопшто не ми се допаѓа п.с. многу ги сакам цедевита бонбончињата - сите вкусови
Пијам цедевита но не секој ден, најчесто кога одам во кафиќ си нарачувам цедевита. Од лимон ми е најубава и од шумско овошје. Најчесто купувам од овие окулу 80 ден. се и си правам дома, кога ќе дојде некој на гости си прашувам да не сакате цедевита?
ова делот со содржи мнооогу витамини не се сложувам баш...да содржи мноогу витамини во мнооооогу МАЛИ концентрации
Па сега, не пијам цедевита, пијам шумечи, скоро секој ден. Се рачуна тоа? х) Патем, кога сме веќе кај цедевита, и јас ги овожавам бонбоните. Ама, сакам да ги пробам овие, дека викаат интересно се отварале. х)
Супер тема! Цедевитата ја сакам многу баш ме освежува и ми дава енергија Највеќе ја пијам од портокал. А најубава ми е од зелен лимон http://www.google.com/imgres?q=cede...6&tbnw=185&start=0&ndsp=17&ved=1t:429,r:7,s:0
Мој совет е да не претерувате со Цедевитата. Јас еден период премногу ја пиев, дури и како замена за вода и си заработив камен во бубрег. Постојат научни докази за поврзаност меѓу преголем внес на вит.Ц во облик на различни суплементи и создавање камен во бубрег. Освежува, дава енергија, но пијте умерено. (1-2 чаши максимум). А има ли некоја разлика во вкусот со Цевитаната, која е поевтина и плус е наш производ?
За мене Цедевита има многу поинтезивен вкус од Цевитана која има помалку шеќер и Ц витамин. Инаку покрај Цедевита добри ми се и овие: доброто е што се достапни во мали пакувања, а имат скоро ист вкус со Цедевита.