Ја пијам секојденвно, најчесто онаа од портокал. Освежителна и вкусна е, сите дома ја пиеме, па едно паковање од тие големите за недела дена ко ништо оди. Сега видов имало и чаеви, јас дури сега ги забележав, следен пат кога ќе одам на купување ќе земам некој вкус да ги пробам.
Цедевита од портокал, омилена ми е. Убава ми е и од лимон. Јас пак кога сум на диета и кога одам на гости пијам цедевита. Можеби е калорична, ама богата е со витамини кои се потребни за време на диета. Не верувам дека чаша цедевита ќе ме поправи. Чај пијам ретко, во исклучителни ситуации, ги имам пробано и на мене ниеден чај не ми е убав, ист ми е како сите други. Јас сум зависник од бонбони, па ги пробав и на цедевита. Не ми се убави. Сега ќе го пробам и ледениот чај.
Секој ден пијам цедевита. Ептен ми е убава и освежителна, особено во лето ептен ја сакам. Портокал, лимон... од се‘ ми е убава. Си имам и некои специфични начини на кои си ја правам, истата испаѓа, само што работата е дупла. Оние малите шишенца, некогаш за на пат, ама не се исплаќаат баш... Само тоа што интересно се отвараат. Чаевите, неќна пробав еден, не ми текнува од што беше ама ептен ми се допадна. Бонбоните, не тргнува нигаде на пат без нив. Превкусни се, и ми се има случено цело кутивче од еднаш да изедам. Штетно, не штетно, убаво е. Е ледените чаеви ги немам пробано, ај на лето, ќе биде.
Јас сум зависник од Цедевита. Секогаш имам дома и кога некој ќе ми дојде дома на гости, прво го нудам со Цедевита. Зошто јас обожавам и ми се чини сите треба да пијат Складиран ми е во Цедевита лимена кутија, а башка си имам чаша и лажиче со цевка (поклон ми се паднале), мх, мх, мераци. Не ми се допаѓа ниеден друг вкус освен портокал. Од чаевите им ги поштувам зелениот, шумско овошје и портокал со цимет.
Единствениот сокест пијалок за кој некогаш имам страшна потреба. Си правам една огромна чаша и ја пијам на екс. Најмногу ми се допаѓаат лимон и портокал.
Ммм пијам секојдневно, омилен вкус ми е лимон. Кога сум на пат си купувам од цедевита шишенцата. Ги користам и чаевите, и навистина се едни од подобрите и поквалитетните. А бомбончињата се.. ..убаво велат во рекламата...пробај да изедеш само едно
Не ми текнува, ама мислам дека порано повеќе Цевитана купувавме за по дома него ли Цедевита. Ја некако повеќе ја бендисував Цевитаната, а и бајаги поевтино излагаше него ли оваа другава. Али в кафиќ сакам да си грцнам едно цедевитче, освежува милина. Од портокал сакам најмногу, а и црвениот портокал не е лош. Лимонот така-така. А и со момчето ми еднаш си земавме бомбони од круша и портокал. Дечко ми ги фркна сите во рок од пола саат, а јас како штедлива и прибрана особа ги тегнев 2 дена.
Обожавам Цедевита! Најубав не газиран сок што постои.Дома кај нас само од ова марка се купува ... Најчесто купувам со зелен лимон, портокал и мандарина , али некогаш знам да сменам и да купам од шумско овошје. Во зима најчесто пијам чај од брусница , знам и во лето да направам го ставам во фрижидер и после го пиајм како леден чај со мраз. А пак бонбоните од зелено јаболко....мераци
Цедевита бонони, околу два пати неделно си купувам, многу ми се убави. Сок не пијам, ама затоа правот само така си го јадам
Порано повеќе пиев, него ли сега. Ваљда поради тоа што ми здодеа затоа што ја пиев во прекумерени количини. Највеќе ми се допаѓа од портокал и од шумско овошје, а и од лимон не е лоша.