Цедевита често пијам кога сум излезена во некој млечен ресторан. И сега новите чаеви премногу ми се допаѓаат (а и скапи се ) тој чај од портокал е како да пиеш сок а и тој од боровница е супер.
Оваа секогаш ја имаме дома,израсната сум со неа Плус најубава е,освежува и ми ја намалува потребата за благо некако Што се однесува до ова,јас сум по штедлива и од љубениот твој,ваквите бомбончиња ги снемува за 10-тина минути
Зошто секогаш кога наидувам на темава дома немам ни лажиче од Цедевитата, па ми правите лиги !? Зошто бе, женички вака, зошто ? Омилен освежителен пијалок ми е, ама никако не ми е замена за густ сок. Не сум многу пребирлива, ми се допаѓаат сите вкусови, ама еве кога веќе би морала да бирам, би ги издвоила лимета, лимон, грејп и црвен портокал.
ОМИЛЕНАТА од лимон! Незаменлива ми е! Ммммммм, колку само ме освежува. Ај трк до кујна да си направам нова чаша
Оо едно време и тоа како бев зависна од чудово,посебно од таа од портокал,знаев и така со лажица да си јадам од неа Сега кога ќе ми текна пијам пак,прекрасни ми се сите
Не ја конзумирам често ама убава е. Добра замена за природниве сокови. А и супер освежува после напорен ден на школо
На лето пијам најчесто цедевита кога сум излезна "на кафе".Некако многу ми е освежува.А иначе омилен вкус ми е црвен портокал дефинитивно
Обожаваам цедевита , кога излегувам во град со другарки и во кафич секогаш пијам цедевита, а најмногу црвен портокал, зелен лимон и жолт лимоон
Цедевитата ми е лек кога ме боли глава, кога ми се гади, кога патувам, кога сакам да се освежам. Купуваме од тие големите и за месец дена го нема Сите вкусови ми се супер, освен мандарина, дека неможам да поднесам мандарини. Сега баш барав денес во веро неможев да најдам од оние цедевита што се во мали кесички, за патување се измислени, наместо апче ако ти се лоши една цедевитка и како нов Спојлер Ако некој знае каде има вакви мали, ако може нека ме контактира во пораче итно ми требаат
И јас ги имам барано малите Цедевита ама немам најдено нигде, така што, ако некој знае нека ми каже и мене, ми требаат за на работа
И јас пијам многу често Цедевита.А од што,зависи во моментот што ќе сакам. Треба да одам да си купам,ми се потроши.
Куќа без Цедевита и плазма бисквит, не е дом Постојано има Цедевита дома. Зависи од расположение, некогаш е портокал, некогаш лимон, брусница... Ма да мене фаворит ми е од мандарина!