Вака пијам многу ретко, ама сакам цедевита особено од портокал. Мислам дека имам пробано од портокал, лимон и црвен портокал. Не е премногу блага, а не е ни премногу кисела, така да за освежување таман е. И јас сум барала такви ќесички Цедевита, ама немам најдено, штета ако се само за по кафичи.. А инаку, колку и да е добра некако скапичка ми е бе, и таа што е за протресување нели, и таа ми е скапа, скоро 60 денари мислам беше.
Цедевитата ми е еден од најосвежителните и најомилени пијалаци,а таа од портокал ми е незаменлива,најубав вкус има според мене
Не го разбирам народовов.Купува Цедевита(хрватски производ)што е поскапа,а не купува Цевитана што е сосема исто со Цедевита,поевтино е и наш производ е.Мерак по туѓи производи..always
Ја обожавам Цедевитата, многу освежува и сакам да ја пијам наутро , незнам зошто ама тогаш некако најмногу го осекам вкусот, и уживам во конзумирањето
Цело лето освежување со цедевита Си ја правам во голем бокал,цедевита од портокал и многу лимон во неа,така ми е најубава
И ние воглавно пиеме Цевитана иако се случува и Цедевита да купиме, кога како, нема некоја голема разлика според мене, освен цената.
Не ја обожавам многу,али коа би пиела би сакала да е од портокал. Последно татко ми имаше земено Цедевита-кидс ама многу беше почудна за разлика од обичната
Последнава недела дена секогаш кога излегувам на кафе со другарки/дечко пијам цевитана.Прекрасен пијалок е !
Ние дома Цевитана од портокал купуваме . Порано сакав Цедевита од портокал и од лимон, ама кога пробав дека ист вкус има Цевитаната таа ја купуваме зошто е поевтина. И да, најубава ми е ладна во лето
Не можам денот да си го замислам ако не испијам една чаша цедевита. Омилена ми е од портокал и брусница