Па пијам, ама не многу често, т.е не секој ден. Не пијам многу сокови. Само вода. Но кога мора или трба ај сок да пијам пијам цедевита, и да убава ми е, ама неможам секој ден да пијам, ни цедевита ни било каков друг сок
Не пијам често,но знам шат пат да си растворам чашка Цедевита.Особено кога се чувствувам изморено,истоштено или кога сум настинета.
Една од моите секојдневни намирници Но не претерувам , се воздржувам на препорачаната дневна доза од 2 чаши
Ја пијам многу често, а омилена ми е од лимон. Понекогаш купувам и Цевитана на витаминка, нема некоја разлика во вкусот со обичната цедевита.
Во последно време многу сакам цедевита. Си пијам турско кафе и цедевита. Многу ми е вкусно така наизменично. Особено ја сакам од лимета,некако најосвежителна ми е.
Околу 370 калории во 100 грама. Јас на ова наидов. Пијам цедевита само од портокал, имам пиено и од лимон и толку. За друго немам храброст некако затоа што никогаш не сакам да нарачам друга со страв дека нема да ми се допадне, па ајде уште една каква што пијам. Пакувањето како шишенце, што си се раствара само во вода го купувам преку лето, кога ми се фрлаат пари затоа што како и да е не ми ја гаси жедта, па морам после и вода да барам.
Ова лето додека бев бремена мислам дека испив еден тон цедевита и тоа само од портокал. а во последно време некако слабо ми текнува да се напијам. А ги обожавав тие од шишенцата што се раствараат ладни од фрижидер