1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цезар салата

Дискусија во 'Рецепти' започната од Mayyya, 29 јуни 2011.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Мислам дека салатава заслужува посебна тема :)
    Има многу варијанти на оваа салата, а и јас секогаш ја правам на различен начин, сакам да експериментирам, а како вие ја подготвувате?

    Еве најчесто како ја подготвувам (+-некои состојки).

    Состојки:
    4 домати
    1 марула
    300-400 гр. стек (сецкан на парчиња, го ставам да се динста со една чаша вода, масло, вегета и црн бибер, и откако ќе испари водата се пржи и заруменува)
    2-3 кришки леб (јас ги печам во тостер) на коцки или кубети
    2-3 варени јајца
    кашкавал сецкан на коцкички
    маслинки
    Прелив:
    2 лажици сенф
    2 лажици павлака
    1 лаж. мајонез
    1 лаж. оцет
    сол, лимонов сок, неколку капки бело вино и малку масло

    Јас некогаш не ставам леб, туку си ја јадеме со фурнаринки.

    Ммм, и за брзо време имате вечера, а добра е и за гости, па со бело винце, ммм. :P
     
    На little women, Milobebence, La.loca и 5 други им се допаѓа ова.
  2. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.571
    Допаѓања:
    9.035
    Пол:
    Женски

    сакам да ја направам салатата ама немам стек може ли нешто друго да ставам ?
     
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    47.913
    Пол:
    Женски
    Јас вака ја правам.

    Пилешки стек пржен,зависи колку сакате(јас 2-3 парчиња ставам)
    Марула
    пченка (од замрзнатата ставам,ама претходно во топла вода да се одмрзне)
    пармезан
    кубети
    мајонез
    зејтин и балсамико.

    Мњам....
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.936
    Допаѓања:
    134.480
    Мене посебно ми се допаѓа кога кубетите се потопени во мешавина од маслиново масло со лук.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alekcoki

    alekcoki Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    31
    Јас вака научив да ја правам во грчка пицерија во америка и е превкусна
    марула
    пармезан
    моцарела
    сето тоа добро се меша со посебен дресинг ( направен е од маслиново масло, оцет и нешто друго :)
    )кубети и пилешко и има прекрасен вкус, посебно го дава дресингот ке откријам што е и ке ви пишам :)
     
  6. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Мојата Цезар-салатка :$
    2-3 парчиња бело пилешко мевце..исецкано на ситни парченца
    2-3 мали доматчиња(шери)
    1 зелена салата
    1 кесиче кубети со лук и магдонос
    1 конзерва пченка..
    Тоа е се само што оддамна ја немам направено со кубети .. :!:
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Девојки дека сега нема марула,што можам да ставам наместо нејзе? :?:
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.336

    Сецкана зелка со рендан морков
     
    На elisabeta и CIA им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.239
    Допаѓања:
    200.251
    Пол:
    Женски
    Еве ја мојата полузимска варијанта на Цезар салатата. Во оваа не користам домати и краставици, иако нив
    Количините ќе ви бидат зависно од тоа за колку луѓе ја правите :)
    Марула има во секое време (затоа ја викам полузимска варијанта) - се мие убаво и се сечка како за обична салата. Во оваа верзија не користам домати и краставици, иако и нив ги има во секое време.
    Мисиркино бело месо - прво се проварува, па се сече на парчиња и се мачка со сенф секое парче. Се остава да постои и се зачинува со црн пипер и малку сол. Се пропржува на малку масло во тефлонско тавче, може да се додаде и малку лукче, ако сакате.
    Парчиња стар леб без кора - се сече на коцки и се пропржува на малку путер, исто во тефлонско тавче, па може и во тавчето во кое претходно прво сте го пржеле месото.
    Главица кромид - сечена на кругови
    Кисели краставички - сечени на кругови.

    Прелив правам од малку мајонез, сенф, коњак, маслиново масло, оцет или сок од лимон убаво да се меша да стане течно - место мајонез, може се стави јогурт.

    Се реди салата, месото, леб, кругови кромид и краставички, се прелива и се украсува по желба. Превкусна е.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02553.JPG
      DSC02553.JPG
      Големина на фајлот:
      312 KB
      Прегледи:
      6.968
    На Ctete, AnaKarenina, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.833
    Допаѓања:
    122.863
    Јас штотуку направив една верзија,вкусна е :mm:
    Марула нели,мортадела на покрупни парчиња(пошто ќе правам пилешки прсти и похован кромид,го заменив стекот),лепчето прво го потпеков на тостер претходно напрскано со маслинов зејтин и вегета а потоа и го потпеков на рингла од шпорет на која претходно ставив нели фолија,кисели краставички на кругови и прелив од 2 лажички павлака 2 лажички мајонез и 1 лажичка сенф и малку лимонов сок.
    Сеуште се двоумам дали да додадам варено јајце,на кругови,ама само одозгора :?:
    За декорација пармезан.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.833
    Допаѓања:
    122.863
    Еве ја и мојата Цезар :mm:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN1292.jpg
      DSCN1292.jpg
      Големина на фајлот:
      370,2 KB
      Прегледи:
      1.141
    На AnaKarenina, Libera, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.356
    Дали сте го користеле Vorcester sauce за салатата?
    Каде има најубава Цезар салата во Скопје?
     
  13. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    До сега што сум јадела, најубава ми беше во Every day, преубава :inlove:
     
  14. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.218
    Пол:
    Женски
    Моја верзија на Цезар салата со димен лосос

    Марула
    Парченца стар леб пропржени на маслиново масло и ситно изрендан лук
    Парчиња димен лосос
    Не ставив класичен прелив затоа што сакав да доминира мирисот и вкусот на лососот. Ја прелеав салатата само со лимон и маслиново масло.
     

    Прикачени фајлови:

    • P2095259.JPG
      P2095259.JPG
      Големина на фајлот:
      84,3 KB
      Прегледи:
      936
    На senza.parole, mal.ecka, Libera и 9 други им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.128
    Допаѓања:
    282.327
    Една моја верзија на салатава.
    Додадов јогурт сос и лебни коцки за во салата.
     

    Прикачени фајлови:

    • zkzfz.jpg
      zkzfz.jpg
      Големина на фајлот:
      229,9 KB
      Прегледи:
      819
    На Cacy, Peppermint и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.214
    Пол:
    Женски
    Досега од сите места каде што сум јадела Цезар салата, убедливо во Барбакан ми е најубава :rock:
     
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Пред некој ден си правев цезар дома ( за прв пат ) и многу вкусна ми испадна :D
    Најпрво стекот го ставив да се пропржи и додека се пржеше му исечкав малце лук колку да добие маалку шмек. Кога се готови ги извадив и ги ставив на чинија со салфетка да се упие маслото. На таков апарат за печење лепче ( незнам како да го опишам :^) , на тој што рипаат лепчињата :D ) испеков две кришки, ги исеков на коцки и ги ставив малку во тавата кај што се правеше месото, малце само минутка-две. Марулата ја исеков, потоа го додадов месото, лепчето, немав шери домати па обични ги исеков на помали парченца и нив ги додадов. На крај прелив со многу сос направен од мајонез, павлака и балсамико.
    Превкусна ми беше :D
     
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Состојки:
    1 парче пилешки гради
    1 земичка чиабата
    50 грама пармезан
    2 чешниња лук
    5 супени лажици мајонез
    2 супени лажици вода
    1 главица црвен кромид
    2 ротквички
    Листови зелена салата
    Чери домати
    Сол и бибер
    Маслиново масло
    Подготовка:
    Летната сезона е карактеристична по салатите, но понекогаш сакате свеж вкус на зелени лисја и зеленчук збогатен со нешто поконретно што ќе Ве засити до следниот оброк. Цезар салатата е совршено решение со крутони, пилешко и богат вкусен прелив.

    Чекор 1: Прво ќе го направиме најважниот дел од Цезар салатата – преливот. Разликата меѓу добра Цезар салата и лоша Цезар салата е само во преливот... Направете го како што треба и имате успешен рецепт…
    Ставете исечкани чешниња лук и рендан пармезан во мајонезот и добро измешајте... На крајот ставете вода за да го разредите сосот и да го направите побел. Оставете го на страна за подоцна.
    Чекор 2: Исецкајте го белиот леб на мали коцки за крутоните. Ова е уште една можност на рецептот да му дадете вкус... Ние користиме чиабата леб, но ќе одговара било каков леб.
    Ставете ги крутоните во тава и веднаш ставете им сол, бибер и маслиново масло... Пржете го лебот често превртувајќи ги парчињата... сакаме тој да добие боја и вкус, но не и да изгори.
    Чекор 3: Пресечете го парчето пилечки гради на половина, зачинете го и потоа ставете го во загреаната Делимано Грил тава… Пржете го на обете страни вртејќи го хоризонтално и вертикално за пилешкото да добие вкрстени линии.
    Чекор 4: Време е за сервирање: Ке започнеме со едноставна подлога од зелена сала, а врз неа ќе ставиме крукчиња ротквичка и црвен кромид …
    Следни расфрлајте ги крутоните, потоа и пилешкото, а по него ставете парчиња рендан пармезан и на крај преливот… Не срамете се... Накапете од преливот преку целата салата… Сервирањето ќе го завршиме со ротквичка и едноставно купче чери домати.
    СОВЕТ: Некои верзии на Цезар салатата вклучуваат и сардели во преливот за тој да биде дополнително солен... Исто така можете да ставите и сланина или колбас за поинаков вкус. Едноставно подгответе ја салатата во голема чинија и земете 2 вилушки за себе и за пријателот. Уживајте
     
  19. AnichkaLeo

    AnichkaLeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2013
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    92
    Zdravo sakav da prasham dali nekoj ja ima probano cezar salatata vo pizza restoran Gusto ?
     
  20. Dzes88

    Dzes88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2014
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Денес прв пат правев цезар салата и навистина ми излезе превкусно. Читав повеќе рецепти низ интернет и на крај ја склопив следната. :) Состојките ми беа за две лица. Два домати исецкани на коцки, една помала марула, две кесички кубети, 300 гр стек (издинстан на помали коцки) ги измешав во еден поголем сад и додадов маслиново масло. За сосот употребив една мала кесичка мајонез, 3 големи лажици павлака, рендан пармезан, малку маслиново масло, мала лажица сенф, пола шоља вода, сол, бибер, вагета и лук во прав. Целата салата ја прави сосот, а вкусот на овој сос беше преубав. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На spacegirl92, Sarahlima, Ctete и 2 други им се допаѓа ова.