1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цезар салата

Дискусија во 'Рецепти' започната од Mayyya, 29 јуни 2011.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Дали јас сум единствената што никогаш нема пробано цезар салата? :drunk:
    Кога ќе седнам на јадење со друштво, секогаш има некој што јаде ова, ама не ми изгледа вкусно. Којзнае... :D
     
  2. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Јас Цезар салата со години гледав други како ја јадат и се чудев.Не преферирам да мешам многу дури и салата кога јадам па затоа се посебно обично си јадам.Но летово не знам од каде и како решив да пробам и премногу ми се допадна ! Ние со дечко ми и дома сами ја правиме, еве баш вечер не можам да дочекам да јадеме :)

    Еве како ја правиме ние:
    -1 стек печен на скара ( го порачуваме околу 100тина денари излегува)
    -Марула една ипол или две
    -1ипол пакетче кубети(само на Лукоил ги имам сретнато 11 денари е едно)
    -Цезар прелив 135 денари е во Рамстор,250-300мл некаде е, во стаклено шишенце(само овој го имаме пробано и препрепревкусен е, има еден поголема грамажа а 70тина денари е ама не знам каков е , некој ако го пробал нека пише импресии)
    -6-7 маслинки ситно исецкани
    -пармезан(има во рамстор 40грама во кесички 37 денари е(ситен е како трошки, знае ли некој од оној како на тенки ливчиња што е каде може да се најде?)

    Вака со ове состојки најмногу ми се допаѓа, не ми иде некако тој преливот со домат или краставица.Исто би додала и онаа сушена сланина што е , во Твинс со таква ја прават и убаво е:)
     
    На Hortenzija, Libera, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Минатото лето решив да експериментирам, подготвувајќи ја салатава во домашни услови. Вреди да се проба, мене одлично ми излезе. :)

    Состојки:

    - Едно парче стек исечкан на коцки

    - Коцки леб или кубети

    - Еден мал домат

    - Кромид

    - Два листа марула

    - Сенф

    - Лимун

    - Павлака

    - Мајонез

    - Масло за јадење или зејтин

    - Оцет

    - Бибер

    Подготовка:

    Претходно исечканиот стек го пржите во тавче, и откако ќе биде готов го тргате на страна.
    Во истото тавче во кое се пржел стекот ги додавате и коцките леб. Доволно е малку да поруменат и станат крцкави за да ги тргнете од оган. Потоа ги ставате во истиот сад со стекот. Доматот исто така го сечкате на ситни парченца, додека кромидот на тенки крукчиња. Откако кромидот и доматот ќе ги додадете, следни се листовите марула кои ги кинете со рака или сечете со нож (во зависност од тоа дали преферирате поситни или покрупни листови). Но, имајте предвид дека претходно подготвените состојки мора да бидат студени, како листовите марула би останале свежи и крцкави. Откако и тоа ќе го сторите, врз сето досега подготвено ставате две лажици зејтин или масло, и по желба неколку капки јаболков оцет. Сето тоа добро го промешувате.

    Следна е подготовката на сосот кој го прелевате врз салатата.
    Земате еден мал сад во кој ставате половина лажичка сенф, две - три капки лимун, три лажици павлака и една лажица мајонез. Додавате бибер, и промешувате. Доколку сосот ви се чини премногу густ може да додате една до две лажици вода за да го разредите. На крај одозгора го додавате и претходно подготвениот сос.

    Во прилог ви прикачувам фотографија, за да видите како ми испадна. Добар апетит!

    [​IMG]
     
    Последна измена: 12 ноември 2015
    На Acka22, Ctete, Libera и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    83.592
    Пол:
    Женски
    Да кажам и јас како ја подготвувам цезар салатата ,за која што добивам многу пофалби во последно време :D

    За сос : павлака 2лажици, мајонез 2лажици , малку сенф , вочестер 1лажица, коњак една лажица,сол,бибер по вкус додавам и малку балзамико оцет .

    Стек околу 100-150гр и 1-2 марули во зависност од апетитот :D и кубети

    Марулата ја дробам и и додавам сол, врз неа ставам стек,па полевам со сос и на крај кубети .

    Еве и слика од пред две вечери :lol:
    12246774_985319314842680_6530618859386277594_n.jpg
     
    На LejlaD, Acka22, Ctete и 6 други им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Невесто ти фали пармезан и патлиџанчиња шерчиња. И пршутка препечена на скара ;)
     
    На Annath и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  6. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Најубавата салата. Често ја јадам низ град кога искачам. А знам и да си направам дома сам.
    Најубава ми е во Џино (ја служат без домати, ама пак е убава), па во Гнездо, па во Гет Кафе.
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Цезарот во Џино мене ми е тапа, мала и штура порција.
    Во Маргер е со многу интензивен шмек од дресингот, иако на прв залак е необична, според мене таму е најубава.
    Не е лоша и во Дион и Барбакан.
     
  8. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Цезар салата


    Потребни состојки
    за преливот
    • 20 мл. балзамиран оцет
    • 1 лажица маслиново масло
    • 100 грама мајонез и 1 лажица павлака
    • 20 мл. Brandy

    за салатата
    • 1 Кришка леб
    • Краставица
    • Зелена салата
    • Домати
    • рендан пармезан
    • 100-150 гр. Пилешко
    • малку Црн пипер

    Подготовка
    Зелената салата ја сечеме. Ја сервираме во длабока чинија. Пилешкото филе го сечеме на коцки. Го ставаме во тава со загреано масло да се пржи со вегета и црн пипер. Кога ќе се пропржи пилешкото, го вадиме на чинија и го оставаме да се олади.
    Лебот го сечеме на коцки и него го ставаме во тавата каде што се пржеше пилешкото, за да се пропржи. Промешуваме и веднаш штом ќе се пропржат коцките леб ги вадиме на чинија и ги оставаме да се оладат. Краставицата ја сечеме на коцки и ја ставаме во подлабок сад. И доматот го сечкаме на коцки и го ставаме во садот. Во садот ги додаваме испрженото пилешко на коцки и испржените коцки леб. Состојките ги Ѓпромешуваме и ги ставаме врз зелената салата. Мајонезот го мешаме со оцетот,маслото,павлаката и коњакот. Зачинуваме со малку сол,црн пипер и убаво промешуваме за состојките да се изедначат. Со ова ја прелеваме салатата. На крајот ставаме рендан пармезан.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.785
    Пол:
    Женски
    Snapchat-733119012819536862.jpg
     
    На Acka22, Ctete, Ema.Sk и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    8.922
    Во кои маркети има Ворчестер сос?
     
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    8.675
    Пол:
    Женски
    Дали некоја има пробано цезар салата да направи со готов сос? Зедов пред некој ден, онака го пробав и не можам да се одлучам дали ми е убав.. (facepalm) некако ми е чуден и ми остана ненаправена салатата..
     
  13. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Јас имам правено, добра беше, само што мене повеќе ми се допаѓа кога сама го правам сосот.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    Да, со Хеинз некогаш.
    Дома по мој терк повеќе го сакам.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.946
    Во УСА ја правев( и јадев) со Ranch прелив, мислам дека и во мк го има, таков беше рецептот на ресторанот во кој работев и чери домати, и ајсберг сла, не е баш марула но слично.
    Сега често преливот го заменувам со мајонез помешан со млеко со малку додадена сол, кубети правам сама, а пилешкото со сенф го маринирам.
    Или пармезан или грана падано, а имам и со обична гауда правено, ок ми е. Има многу варијанти, оригиналната мислам со anchovies е, тие не ги можам баш.
     
  16. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.910
    Пол:
    Женски
    Јас ја правам вака:
    Марула, домат, домашни кубети (лепче со зачини запечени на тостер), малку лимонов сок, мајонез, тенки парченца кашкавал и месо какво имам некогаш стек некогаш чајна или кулен. Вака ми е највкусна а и сите што ја имаат пробано кажаа дека е најубавата салата што ја пробале :inlove:
     
  17. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    мојата...:D

    IMG_20200215_202627.jpg
     
    На elimkd, LejlaD, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Ме интересира дали ставате јајце, домат, маслинки, златна мешавина?
    Јас кога сум правела ставам марула, стек, кубети, коцки кашкавал и прелив. Сакам да сменам нешто, ставал ли некој од горенаведените состојки?
     
  19. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    7.707
    Пол:
    Женски
    Ставам и јајце (само за другите, јас не јадам ради нетолерантност а поубаво ми е со јајце) и шери томато 3-4 на пола пресечени (ако немам може и обичен патлиџан). Маслинки и златна мешавина не. Не ми одат. Другите состојки сите што ги пиша освен кашкавал,тоа не ставам. Кубетите сама ги правам зошто не ми се допаѓаат купечките: На кришки од леб за тост, мачкам некоја капка маслинов зејтин, наросувам сол, хербални зачини (обично медитеранска мешавина) и лук во прав. Ги сечам на коцки и ги ставам во тавче за палачинки малку да се заруменат, ама без зејтин. Преливот го правам со павлака, мајонез и малку сенф.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Домат и краставица имам ставано, јајце, маслинки и златна мешавина не.