Целестинско пророштво (Џејмс Редфилд)

Дискусија во 'Книги' започната од Gordana10, 1 јануари 2012.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.187
    Пол:
    Женски
    Книгава ја прочитав од одамна, според мене премногу мистериозна, говори за човештвото, општо, како би требало да функционира светот, мистерозноста е поврзана со цивилизациите на Маите, Инките, клучниот дел е поврзан со црквата која го негира или поточно го крие постоењето на истите со цел да не се дознаат некои работи кои би го промениле целосно погледот на религиите.Има неколу ракописи во неа, мислам до 11-12-тиот, тогаш кога ја прочитав беа само 10 увиди, сега се излезени и останатите, но незнам дали се откриени повеќе.Имав спомнато по темиве за ова, ама решив да отворам тема за книгчево :D

    Во книгата се зборува за еден маж кој тргнува во потрага по некои ракописи, поради нив ќе биде следен и прогонуван од перуанската полиција, црквата на секаков начин настојува истите да не бидат откриени...


    Дали сте ја прочитале книгата? Каков впечаток ви оставила истата?
     
    На Nymeria му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Книгава е многу убава, се зборува за енергијата и нејзината улога во универзумот и општо во животот, отвора многу теми за дискусија, мене лично ми остави многу добар впечаток, ме смири некако и ме натера да се интересирам повеќе за темите што ги обработува.
    И иако според некои е тежок булшит, и без разлика дали е точно тоа или не, книгата е убава и те тера да размислиш малку, и колку и да нема врска тоа што е напишано внатре, мене ме уфилма, ме „просветли“ на моменти, и после долг период се обидував да гледам аури и да чувствувам туѓи енергии :lol: А кога ќе размислам уште правам тоа така да нема врска.
    Се сеќавам кога дојдов до делот кога експериментално се гледа енергијата меѓу прстите на рацете и цело друштво масовно седевме пола саат и гледавме.
    Исто така 4те типови на личности беа интересен топик, па долг период и ги сместувавме сите луѓе што ги среќаваме во соодветната.

    Ја препорачувам на секој што го интересира енергија, медитација до некаде, мистика и слични такви работи. Имајте во предвид дека не е стручна книга или прирачник, и дека секогаш се остава место на личен впечаток и индивидуална замисла кога станува збор за вакви теми.
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Реално ,книгата не содржи особени скаски прикаски ,туку животни мудрости кои секој поединец треба да ги применувa.

    Edinaesettiot uvid go ima vo Tajnata na {ambala , od istiot avtor .
     
  4. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Книгава ја имам прочитано одамна и ми остави голем впечаток :) Не знам што и како, но делуваше на мене на еден позитивен начин... и некако се чувствував среќно и исполнето додека ја читав. Лесно и читливо напишано, разбирливо за секоја возраст.. книга што треба секој да ја прочита и да си го прошири видикот околу квантната физика.

    Прво оди Целестинското пророштво, па тајната на шимбала, па прирачник на целестинско пророштво. За сите оние шти ги интересира мистика, ова е право задоволство.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.560
    кај може да се најде книгава?
     
  6. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Книгава ми е една од поомилените и иако обично не преферирам лесни книги од типот на Коељо и слични, а го спомнувам затоа што многумина можеби и за Целестинско Пророштво ќе го речат истото, сепак јас книгава многу ја сакам и почитувам и на некој начин ја доживувам како еден вид на библија, а со оглед на фактот што особено многу верувам во моќта на мислата и енергијата и сосема јасно е зошто е тоа така.

    Ги имам прочитано и другите два дела, но малку ми се поконфузни на начин на којшто не знам дали сакам да верувам во таму опишаните нешта, а којзнае, сепак одамна ги имам прочитано, можеби денес од денешна гледна точка би се согласила и со тие нешта.