Кратки имам еден пар.Горниот дел им е топ т.е. немаат прерамки/ракави,и се во некоја корално-мандаринаста боја Ај ќе си ја замислите,незнам како да ја обајснам поинаку Битно на исончан тен стојааат...мхмх И имам едни исто горе се топ,ама доле се долги.Тие ми се сиво-маслинаста боја. И исто едни за нова година си ги купив.Црни се ,со некоја монистра на рамењата и на појасот.Кимоно ракави се и имаат многууу далбоко деколте.Ми се чини дека во Модни Критики имам ставено слика со нив од нова година.. И имам уште едни И тие се горе топ ,доле долги ,ама овие ми се тексасни.Е овие тешко се соблекуваат,зошто се со копчиња од горе до доле Сега сакам некои доле да се шорцеви,а горе да се по кратки ракави.Таква желба си имам
Jaс имам црни горе се како топ а доле долги се и си ги обожавам,многу се пријатни за носење.Е сега за летово сакам и кратки да си земам цветни некои,се надевам ќе најдам по мој вкус.
Прв пат ја гледам темата а во неа моите омилени панталони.... Значи и јас како старфиш сум горд сопственик на неколку пара и кратки и долги,а баш вчера се почастив со уште едни кратки како џинс а всушност не се такви незнам како да ги опишам ептен убаво стојат....
Имам 2 пара кратки, едните драг поклон од Луксембург розевки со црнкасти мали точки малку изгледаат ко пижамки, ама кул ми се, другите цветни од времето на мајка ми , многу се лефтерни и пријатни за носење, вториве имаат и ластик без прерамки се, да ти е милина да ги носиш бе, Спојлер посебно што се зачувани од порано, ќе прикачам слики некој ден.
Вљубена сум во нив. Не поседувам ниту едни затоа што се утепувам гледајќи слики на нет, а кај нас не можам ни приближно толку убави да најдам што ме фаќа инает и не фрлам пари на грди па што сака нека е. Ќе купам материјал и ќе и дадам на мама да ми сошие ако ништо друго. Mеѓу омилените комбинации: Спојлер
Да, баш се непрактични за WC . Јас имам еден пар, сиви се и долги, и стојат баш уз тело ( што се вели ). Јас сакам да ги носам, бидејќи сум слаба, а во нив имам и облини, што ме прави ептен среќна . Сакам да купам и едни кратки. Камо среќа да најдам некои како овие што се постирани погоре, тие со цветниот принт се баш срцкасти.
Баш се убави, имам само едно вакво комплетче си го викам јас, баш е летно. Минатото лето го носев, ама ова лето го немам облечено
Пробував лани кратки и не ми стоеја убаво. Можеби беше до материјалот, но ете се откажав од помислата да купам. Но, сега дефинитивно во план ми се долги, па кај и да е ќе го исполнам.
Пуста мода па си купив и јас додека брат ми не ми рече дека изгледам како компир во врека а јас не сум нели сугестибилна но сепак не ги облеков никогас повеке
Си имам едни бели лани си ги купив од Страдивариус, многу си ги сакам. Ги постирав во темана за критки и не ми ги бендисаа, ама мене ми се убави, омилени и често си ги носам. Сега сакам цветни и долги да си купам, многу ми се убави само да си најдам некој по мој вкус и одма ќе си ги купам без размислување и ќе си ги носам со мерак бидејки многу ми се допаѓаат.
И јас си мислев дека никогаш нема да носам вакви но кога ги пробав преубаво ми седеја си ги зедов пред некој ден...