Ги обожавам Совршени за секакви летни комбинации Заводливо со потпетици или слатко и опуштено спортска варијанта со римјанки, патики, балетанки Најдобра предност им е тоа што си во екстра мини но тоа не изгледа толку не вкусно како на пример мини сукња која и не е баш за преку ден и секаде
Штета што им помина сезоната, иначе летово си купив памучни, со морнарски дизајн, од Шутка 450 или 500 си ги изнаносев. Башка и лесни за комбинирање, а и повита ме правеа.
Имам едни морнарски, и едни со цветен дезен, лани ги утепав од носење, а како што гледам истото ќе биде и летово.
да не знае некој каде можам да најдам вакви само доле да се долги не како шорцеви и по можност еднобојни??
Има во Боди Лајн, на почетокот од ГТЦ, кога одиш од кај Холидеј. Ги имаше во скоро сите бои, црни, сини, црвени, тиркизни, розеви, а и од фин материјал беа направени. Цената не ка памтам точно, околу 1000 и нешто.
Многу ги сакам и имам неколку пара. Циклама розеви, шарени со цветчиња, морнарско плави и едни црни ко свилени кои се малку посвечени за разлика од првите. Ме вадат секогаш кога ме мрзи да мислам комбинации.
Имам едни вакви со цветчиња од Бершка ги зедов и ги носев многу често летото. Сега гледам пак има во Бершка но повеќето модели надолу се долги
Прекрасни се , јас имам еден пар циклама и долги се до колена. Летово сакам да си купам неколку пара , со интересни дезени со цветичи така нешто