A kakov e toj serum, jas si go kupuvam gelot do sea ne sum videla serum. Aj pisi od kaj go kupuvas i kako potocno se vika?
eve ti go na slika serumot beautiful isto goodbye cellulite se vika i go ima vo parfimerii vo vero tineks najverovatno i po aptekive go ima pobaraj
Кога сме веќе кај Доктор`с, моментално го користам антицелулитниот крем, еднаш дневно се мачкам ама и масажа си правам ( да се разбереме: масажата е неизбежна, кој било производ да се користи, затоа ако сакате видливи резултати, а нормално дека сакате, м а с и р а ј т е с е, ама не се галете туку малку појако, ќе го осетите како ви пуцка целулитот под прстите, значи оддвојте 15 мин. за масажа,ова за секаде важи, не само за задник) Да продолжам со муабетот дека се мачкам, приметувам дека ми е затегната кожата и дека сум изгубила во обем ама не знам колку, според облеката приметувам па може понатака да пробам и некој друг производ од доктор`с зашто сега за сега сум задоволна! Точно еден месец се мачкам затегањето одма го приметив по една недела а се останато во третата недела од мачкањето By the way само пола го имам искористено а има доста...околу 370мл е
Од зегин. Можеби нема моментално. Провери по некоја што не емногу фреквентна каде што има останато или прашај кога ќе добијат повторно. Инаку ова што го имаа беше од Меи Лаб - српска фирма е.
Значи откако ослабнав 8 кг. ми се појавија стрии(мали црвени) и сега незнам како со нив на крај да излезам.Дали знае некој да ми каже некој крем или масло за отстранување на стрии?
Мислам дека има спомнато некаде во претходните постови - најефтина варијанта ти е павловиќева маст измешана со АД капки (се купуваат во аптека). Ама стриите нема да ти се изгубат, кога еднаш ќе се појават, остануваат. Тие фактички се лузни кои остануваат по распукувањето на сврзното ткиво. Нема да ти бидат црвени цело време, ќе избледат.
Направете ме глупа,ама ми е гајле...не ми е јасно како од слабеење стрии се прават...од дебелеење ми е логично,кожата не е во можност толку брзо да се шири,а се качуваат килограми и распукува буквално во подлабоките слоеви,ама кога ќе се ослабе?! Може да биде само опуштена...ама стрии?!Зошто?!Како?!Јасно ми е од цик цак ефектот,слабеење,дебелеење и се така до недоглед,кожата губи од еластичност и ете го ефектот...ама вака...цук,не можам да си објаснам. И девојки што замолчевте одеднаш,да не откривте некоја тајна формула за трајно решение со целулитов?!
Не сум истражувала на темава Лилит, ама си мислам дека кожата ти пука кога си подебел, ама после кога ти се враќа во првобитната положба се познаваат стриите. На трудниците стриите не им се познаваат во бременоста, туку после породување, па иста логика е ваљда. Ако е тоа логиката. Ама ме мрзи сега да читам. Ако прочиташ, кажи ми да знам. Инаку мене оваа година задникот бел ќе ми остане, па нешто се олабавив со целулитот. На кремата од Нивеа што ја купив сигурно веќе и истекол рокот. А гледам сега и серум има... ај, ќе биде.
И какви резултати имаше од Гарние со масажерот Анат, јас купив вчера, има некоја акција 1+ 1 гратис, па ме интересира?
Искрено, имам многу подобри резултати отколку со било кој друг крем против целулит што сум го користела. Кожата ми беше позатегната, видливо позатегната, а на местата каде што помалку ми се познаваше целулитот, воопшто не се познава сега, освен ако ептен стискаш. За оние потврдокорните наслаги ќе треба уште масажа. Масажерот уште го користам, само со друг гел против целулит.