Си купив ваучер за 10 антицелулитни масажи и имам избор со која крема да ме масираат:АНЕСИ или некоја од Афродита. Ваше мислење?
Јас ја купив сатвата 1000 милилитри околу 600 денари, од зегин, мислам дека точно 632 беше, или 623 тие три бројки ги имаше тоа памтам ) супер делува иначе, не било за џабе што е високо рангирана на форумов )))
Знае некој ефективна масажа против целулит која би ја користела дома, пример некој туторијал на youtube. Јас разгледав неколку, но не знам кои се најефективни.
http://www.youtube.com/watch?v=l7EVsjab ... 242F1AB482. .Треба помалку сол да се внесува во организмот а повеке вода и чаеви(зелен чај)Во комбинација со вежби и масажи.Тоа е за подобри резултати
Како сте задоволни од анти-целулитната крема од Солушан, Авон Спојлер (поточно оваа ) Има некои резултати или слабо. Кога ја порачував рекоа дека била пробана, ама не верувам многу па тука да си прашам. Плус, тие шо сте ја користеле, да ми кажете како ја користете. Гледав од позади, ама нема начин на употреба. Фала однапред.
Дали некоја од вас има искуство со антицелулитните хеланки од Афродита? Како се користат: се мачка ли претходно телото со гел или нема потреба, колку време треба да се носат, има или резултати? Се извинувам ако веќе се дискутирани хеланкиве низ темава, ама стварно немам време 200 страни да читам.
Фала , сол слабо конзумирам, се трудам да пијам повеќе вода. Се сложувам дека повеќе вода, вежби, масажа и здрава исхрана придонесуваат за подобри резултати, а со тоа и подобар и поздрав начин на живот, не само борба против целулит .
7 природни начини за борба со целулитот cell Масирајте ги ризичните делови од телото редовно со кокосово и маслиново масло. Природните третмани се понекогаш најефективниот начин за борба со целулитот. Без разлика на изгледот на телото или годините, речиси секоја жена го има овој проблем. Еве дел од домашните решенија: НАМАЛЕТЕ НА СОЛ И ШЕЌЕР Солта и шеќерот го прават целулитот повидлив. Шеќерот се акумулира во масните клетки и предизвикува нивно ширење. Солта, како што знаете, ги задржува течностите што може да направи целулитот да изгледа уште полошо. МАСАЖА Земете некоја алатка за масажа и тријте го вашето тело. Протокот на крв ќе се забрза и ќе ги разбиете масните ткива. Масирајте ги ризичните подрачја по 20 минути неколку пати неделно. NotForMen препорака: 4 чекори за кожа без целулит КОФЕИНСКИ ПИЛИНГ Откако ќе ги испиете кафето талогот помешајте го со неколку лажички маслиново масло и масирајте го вашето тело. Ова е најевтината верзија како кожата да ви изгледа негувано и мазно. КОКОСОВО И МАСЛИНОВО МАСЛО Масирајте ги ризичните делови од телото редовно со кокосово и маслиново масло. Кожата бргу ќе ви омекне, а набргу ќе се намалат и дупките од целулитот. ЛЕНЕНО СЕМЕ Лененото семе ќе ви помогне во градбата на колагенот, ќе ја зајакне кожата и ќе ја намали појавата на целулитот. Консумирајте го со вашиот јогурт или салати. ЗАЧИНЕТО КИСЕЛА СМЕСА Комбинирајте сок од лимон со малку бибер и вода. Пијте ја оваа мешавина со силен вкус три пати на ден и ќе почувствувате разлика за неколку седмици. ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ Јаболковиот оцет е одличен за се. Тој ќе ви го намали и целулитот. Масирајте го телото со него или растворете го во вода и пијте секој ден.
и јас сакам да си се пофалам во врска со мојот целулит, во салончето каде што одам ми понудија пакет од 10 антицелулитни масажи и 10 бодиврапинг +да си изберам некој третман за 3000 ден(јас си избрав шминка, не за друго на свадба сум кума и веќе сум на пола од третманите и кожичкава ми е мазна милина, ми кажаа сто да јадам отприлика- не диета, него сто да избегнувам и супер ми е, и јас пробував дома со разни креми и гелови ама мислам дека ова има резултат!!
Јас да ви се пофалам повторно си го купив маслото анти целулит од хемел!!! Преубаво е само пофалби за него можам да кажам Се нанесува 2 пати дневно со масажа 2-3 дена го користам и почнува да се забележува голема разлика Можи ќе ми се смеете ама и во WC многу тера
ПИЛИНГ СО КАФЕ Да, кафето може да ви помогне да се ослободите од целулитот, но не ако го консумирате, туку ако го користите како пилинг. Кофеинот кој го има во кафето е активна состојка на многу креми против целулит. Наједноставен начин да ја искористите моќта на кофеинот од кафето е да го употребите талогот. Ако имате 10 минути... Соберете околу половина шолја талог од кафе и одете под туш. Најдобро е да се туширате со топла вода затоа што таа ќе му помогне на кофеинот да продре подлабоко во кожата. Земете во раката талог од кафе и со помош на кружни движења масирајте ги засегнатите области (задникот, бутовите). Масирајте околу 5 минути, а потоа измијте го талогот. Најдобар ефект се постигнува ако го измиете талогот со ладна вода. Ладната вода ги стегнува порите и ја прави кожата позатегната. Ако имате 40 минути... Земете половина шолја талог од кафе и во неа додајте 2 кафени лажички маслиново масло или масло од рузмарин. Постелете стари весници на подот и со помош на кружни движења втријте ја смесата во кожата на местата каде што забележувате целулит. Со помош на проѕирна кујнска фолија замотајте ги областите на кои ставивте од смесата. Седнете и релаксирајте се. Во периодот од 30 минути додека делува кофеинот, вие пуштете си музика, прочитајте неколку страни од некоја книга или изгледајте една епизода од омилената серија. Релаксацијата докажано помага против целулитот. На крајот, измијте го талогот со млака или ладна вода. По третманот со кафе веднаш ќе забележите дека кожата ви е помазна и помека, а со тек на време ќе забележите дека целулитот се намалува. ! Важно: Чистете ја веднаш кадата затоа што може да потемни од талогот. СУВО ЧЕТКАЊЕ Четкањето на кожата е ефективен и едноставен начин да го намалите целулитот. Со четкањето се подобрува циркулацијата, но исто така и се отстрануваат мртвите клетки од горниот слој на кожата. Како резултат на тоа ќе добиете помека и помазна кожа, а целулитот ќе започне да се намалува. Земете четка за тело со меки влакна и започнете да ја четкате кожата додека е сува. Најдобро е да го правите ова пред туширање. Тргнете од стапалата и движете се нагоре, кон бутовите и задникот. Не употребувајте силен притисок. СОК ОД ЛИМОН Сокот од лимон помага во топењето на целулитот. Во чаша исцедете сок од еден лимон и дополнете ја со млака вода. Доколку не поднесувате кисело, додајте и една лажичка мед. Пијте вака приготвен сок од лимон 2-3 пати дневно. Консумирањето на сок од лимон само по себе нема да ви помогне да се ослободите од целулитот, но во комбинација со масажа, четкање и други методи дава одлични резултати. ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ Се смета дека и јаболковиот оцет може да помогне во разградувањето на целулитот: Орално. Во една чаша вода додајте 2 лажички јаболков оцет (најдобро оцет од диви јаболка). По желба можете да го засладите со малку мед. Консумирајте ја оваа течност еднаш дневно. Локално. Измешајте јаболков оцет и маслиново масло во однос 3:1. Масирајте се со смесата 7-10 минути дневно.
внимавајте на солот или на зачините како вегета кои содржат големо количество на сол бидејќи од тоа највеќе се создава целулит,кага јас го намалив солот на минимум целулитчето ми го снема(до душа јас и немав нешто многу)
Ниту една Феминка ги нема користено антицелулитниве хеланки од Афродита?!? Да знам дали да “фрлам“ пари за нив.
Mnogu dobra tema, mislam deka mnogu devojki gi interesira ova. Inaku jas so cepulitot se spravuvam so Edna Krema od Avon I ima dobri rezultati. Sekako so nekakva Fizika aktivnost. Jas vozam tocak I ednas dnevno najmalku so relax I tone se pominuvam
...Антицелулитен третман за совршен задник... Ова е последна недела без сонце, што значи дека од следната ќе мораме да носиме полесна облека и не ќе можеме да ги сокриеме нашите мали недостатоци. Ако сакате ова лето да сјаете на плажите каде и да одите и без проблем да влезете во вашите жешки панталончиња и мини сукњички, редно е да го пробате овој препарат. Со редовно третирање, со упорност и неколку корисни вежби, вашиот задник ќе се затегне како оној на Џенифер Лопез Препаратот за зацврстување на телото е всушност антицелулитно пакување за кое ви се потребни следниве состојки: •20 вишни од кои ќе направите каша •половина авокадо •зобни снегулки по потреба Меснатиот дел од авокадото ставете го во еден сад, изгмечете го и во него додајте ја кашата од вишни. По ова, постепено додавајте зобни снегулки, додека не добиете густа крема. Нанесете облоги од оваа крема на критичните места, па потоа покријте ги овие места со фолија. Оставете да делува 10 минути, по што ќе го измиете местото со топла вода. Додека чекате препаратот да делува, завршете некоја домашна обврска која бара повеќе движење, (на пример поминете го домот со правосмукалка) со што дополнително ќе му помогнете на вашето тело да се затегне. Вишните се користат заради нивните специфични својства за тонирање и масивна присутност на полифенол, додека авокадото ја храни вашата кожа, а зобните снегулки и прават пилинг на кожата. Сите домашни препарати се одлични, бидејќи се природни и нема да ја надразнат вашата кожа, само треба редовно да ги користите. Немојте да правите голема количина одеднаш, бидејќи ќе се расипе. Се разбира, додека траат овие третмани морате и да бидете физички активни.