Само што го видов ова http://www.lush.com.mk/shop/product/product/path/136_140/id/627/B8-sugar-scrubи веднаш сакам да го имам. Го проба ли веќе некоја од вас?
А колку трае ова чудо, да не е 2-3 масажи и да го снема И за колку време се постигнува резултати, нема ништо објаснето, да немаш некоја информација? Неможе уште да се порача како што видов ...
Искрено, ништо посебно. Јас го добив како поклон во пакетче ама сама сигурно не би го купила. Прво, гребе ненормално многу, а јас не сум најчувствителна личност. Ефект некој посебен нема, истиот би го имала и сама да си направиш било каков пилинг за тело со шеќер. Плус, од вода станува лигаво што мене воопшто не ми се допаѓаше. За тие пари, мислам дека имаш и подобри опции.
Во ДМ се на акција антицелулитните гелови на Гитогал, 3 по 150мл за 278 денари, од тие на база на бршлен, јас баш сега си земав, гледав и дека сте ги фалеле, па одма да ве известам
Баш пред еден час читав една статија во врска со целулит. Не се сеќавам точно на која страна но ќе ви кажам нешто што запомнав. 1. Целулитот нема да го снема ако користеш било какви креми, па, вклучувајќи ги и најскапите. 2. Масажи или било какви масажери не помагаат исто така. 3. Целулитот не е наследен! 4. Нема шанси да го снема од седење дома. 5. Треба само со физичка активност, вежбајте! Не се надевајте дека со седење пред пц ќе ви го снема целулитот.
Го пиела ли некоја оној чајот за целулит што е, целулит микс пишува мислам? Има ефект? Јас почнав демек, два дена дури го пиев ама мнооогу ми е гаден и го оставив, еве сега решив ако кај некоја дал резултати да почнам да го пијам и планирав мед малце да му ставам, ама незнам дали ќе делува така
Чајот е комбинација од повеќе тревки, ако ти е гаден таков каков што е (и мене ми беше) забележи ги состојките т.е имињата на чаевите и прави си од тие што ти се убави. Јас така почнав да практикувам, го пијам ладен, со многу лимон и пола мала лажичка мед. Што ќе прави нека прави, веќе ме поремети целулитот, не знам шо ќе каснам следно или што ќе се напијам трчам ко будала еве некој ден веќе, али ништо нема уште (многу нормално).. цитрони загледав во тинекс пред некој ден, од утре им се фрлам во прегратките, што сакаат нека му прават. ми доаѓа да земам со цитрон да се тријам по бутовиве )))) господ да чува.. а гледам си има личности кои не се замараат ама ич (не оние претераните случаи со топки целулит и танга црна на бела пантолона, туку други, али јас не можам, малку да ми остани пак мислам дека ќе се кријам безвеза ми е скрос :/
Здраво феминки, дали некоја од вас го испробала Techni Spa третманот за отстранување на целулитот и како сте задоволни? Јас сакам да си купам купони od kupinapopust.mk
девојки дали некој го има напраено третманот со кафе и маслиново масло дали има ефект секој ден се прајт сакам да пробам и со мед и со цимет дали ке можам сите да ги прам или не е пожело толку третмани
Паа нормално е, значи има ефект, треба да биде црвено да пече па и на крај модринки да има, инаку ако нема ништо значи нема ефект. Биди среќна што имаш толку ефект позз
јас се ослободив од целулитот за не полни 2 месеци уште да ослабнам уште 8 9 килограми и ке бидам таман
Јас вчера пробав да ја правам таа масажата со мед, и не ми успеа Пишуваше демек треба да почне да се осеќа блага болка и раката се потешко да се одлепува.. Ништо од тоа ни болка, ни раката потешко ми се одлепуваше, или јас нешто утнав или тоа не функционира.
потрошив 4 пакувања од антицелулитниот гел од авон розево е пакувањето, неколку месеци пијам џумбир а последните 2 3 недели повеке од 4 литри вода дневно, солта ја сведив на минимум и имам сега за сега доста одередена храна за јадење, што не ми помогна многу да ослабам ама целулитот магично го снемива. и плус кога имам време вежбам на орбитрекот (3 4 пати неделно) но со најлонска фолија сум завиткана, и така плус се слабее во обем.
Девојки јас го земав антицелулитниот фел ЛЕА од ГИТОФАРМ се мачка 2 пати во денот и гратис одеше гел од бршлен наменет за третман на кожа со целулит.Дали некоја го има користено и има ефект?
Јас само што се масирав со тој крем. Како што прочитав погоре, во ред било да имаш црвенило. Јас сум жар црвена. Значи доста ефикасна е. Е сега, ме буни кремата и гелот. Што е разликава? Треба и двете да се користат или? Don't get it.
И јас не разбрав дали кремата прва или гелот,ама по мое се масирав со кремата па потоа со гелот.Се надевам ке има некакви ефекти а знам и дека многу вода препорачуваат за целулитот
мене талогот од кафе ми помага,на секое туширање си ставам,3-4 пати неделно некогаш помалку,прво се туширам со топла вода за да се отворат порите,масирам околу 15 мин и помалку и плакнам со ладна вода за да се затегне кожата,последниве 2 год пред летото си правам така и гајле немам со целулитот