Еден месец како го користам антицелилитниот гел сатва но кај мене нема никакви резултати. Дали некоја од вас го користела антицелулитниот гел леа ?
Си купив сатва,и еден масажер ог jumbo го зедов па до сега имам неколку модринки хахаха се надевам ке бидат добра комбинација
Морам да го пофалам гелот на Фитогал. Веќе 6 ден како го користам, во комбинација со вежбање и резултатите се видно подобри. Всушност целулитот вака на око го нема, само на некои места кога ќе притиснам. Не дека имав и предходно нешто многу, ама таму каде што имав се гледаше, тоа беше под задникот и на едната нога на бутот, сега нема! Верувале или не, јас од овој производ сум презадоволна. Е сега, модрици има , ама кога знам дека се поради тоа што сум го разбила целулитот не се потресувам многу, ќе поминат и од Сатвата имав и поминуваа Ептен сум среќна!
Јас го купив во ДМ, имаше акција 3 за 278 денари, мислам дека уште трае, во четвртокот бев тогаш барем уште траеше Ама има и посебно се продаваат, само незнам колку им е цената
Jас зедов ама само едно, мислам беше 130 денари. Да знаев дека олку многу го фалите гелов ќе ги земев тие 3!
Незнам, јас ептен сум задоволна, дури мислам дека и побрзо видов резултати со овој одколку со Сатвата кога се масирав
Мене ме интересира дали пече гелов од Фитогал кога се нанесува, дали загрева? Зошто како што е топло, уште да ме загрева ми фали
Освен што поцрвенува местото, ама се губи брзо, друго ништо не забележувам, ни печење ни загревање, само резултати
Јас имам користено ваков гел од бршлен на фитогал, само што беше во поинакво пакување и некако не забележав некои резултати. Сепак кај секого е различно... Мене многу ми помогнаа масажите со смеса од маслиново масло и талог од кафе. Се мачкав така еден месец и имав одлични резултати !
Пишав предходно, јас во ДМ ја купив, ама како што почитав и во Тедико ја има. Инаку, порано правев со талог, ама сега некако ме мрзи Кога гледам резултати со ова, си го одлагам талогот, ама ќе си направам денес си ветувам сама на себе! Нека биде уште подобро
Одма порачав од тие 2 + 1, значит вкупно 4 ќе си имам Имам и пластично масажерче за ваква намена од Џамбо.. се надевам дека ќе има резултат. Како и да е, кожата ја прави прекрасно мека и нежна!
еве и јас да се пофалам има резултати конечно и кај мене, сатва во комбинација со релакс н тоне шо користев, не знам дали е од едното или другото, ама како што им се запнав деновиве супер резултати за кратко ми дадоа. инаку од утре пак почнувам и јас со талогов, одамна не сме се дружеле (најмногу од што ме мрзи да ја рибам после кадата, оти ми остава флеки ако не ја истријам :/ ) ама имаше лани резултати од тој третман, па ќе пробам и годинава.
AhThatFemaleProblems можеш да ми кажеш малце повеќе за тој талог. Од што е, како се користи итн.. Фала многу
Не е никаква филозофија талогот, си варите кафе нормално си го пиете и после само зимате талогот, мачкате на критичните места и масирате. Вчера како што реков си правев и приметив дека кога се масирам со талог помалку боли, плус и како пилинг на кожата и прави.
А дали после масажата треба да отстои некое време или веднаш се мие? Јас денес се масирав, го помешав талогот со маслиново масло и баш убаво ми дојде И ме интересира колку време треба да се масира?