Талогот што ќе остане од турското кафе се става на местото со целулит и се масира/жули со тоа 5-10 минути, на крај се миеш најнормално и тоа е тоа (барем јас така правам).
Девојки каде би можело да се најде несто слично на ова? или нешто што би можело да брка работа како ова ,гледав дека биле ефикасни... any idea?
Јас почнав да се масирам со мојата "вакуум-пумпа" (јас така си ја нареков ).Ќе ги намачкате убаво нозете ( или пределот кај што имате целулит) со лосион,препорачливо е лосионот да биде доста мрсен, за да може полесно да се масирате. Ќе земете една чаша по можност некоја што ќе ви биде полесна за држење, на дното ќе капнете од лосионот и врз него ќе ставите мало парче памук. Потоа го палите памукот и додека гори, ја вртите чашата и ја ставате врз ногата. Памукот ќе гори додека има воздух внатре, а потоа ќе се створи вакуум и ќе ви ја повлече кожата во чашката.Така ќе се масирате нагоре-надолу низ ногата колку можете подолго. Потоа ја повторувате постапката. Знам дека малку звучи страшно, но пробајте ќе се уверите дека не е како што изгледа, а има резултати. Само можно е појава на модринки, но и тие поминуваат по 3-4дена од масирањето
Еве нешто како замена што можеш да го правиш дома т.е со чаша ама да те предупредам дека се правеле многу модрици, значи како на видеово ја ставаш чашата и после провлекуваш. п.с на ова видео не е дадено провлекувањето ама неможев да најдам друго. http://www.youtube.com/watch?v=ZAS7j5P6xbc
Мислев на нешто друго што може да направи вакум,можеби смешно ама некоја бебешка поголема цуцла,затоа што тие се како гумени нели и имаат не многу голем отвор па можеби со нив може да се направи вакум без оган
За да не се појават модринки при вакумот треба местото претходно да е добро измасирано. Јас за оваков третман не би се одлучила дома- на своја рака. Треба професионалност и умешност за да излезе баш како што треба и да даде резултати. Имам гледано од страна како во салон ја прават вакум-масажата. Далеку е од тоа што ние дома можеме да го направиме сами. Јас не би правела експерименти со нешто вакво без стручно лице. Можно е да има многу негативни последици. Бидејќи третманите за целулите се доста скапи (и краткотрајни), а сите ние сакаме да се ослободиме од тоа чудо наречено целулит...единствен начин ни се антицелулитните креми, сапуни и некои други алтернативни експерименти како што е тој со талогот од кафе кој е сосема безопасен. Внимавајте кои методи ги применувате во домашни услови
Движење, движење и само движење ... многу вода. Ова помага негде 90% онаму каде е малку изразен целулитот.
Јас го правам дома тоа со вакум и со чашката многу е лесно, на видеото е направено многу голем вакум неможе ни чашката да се движи а и треба чашката да е подебела малце, боли, само правиот пат имаш модрици и тоа многу ситни поминуваат за пола час
Јас.Ама не се залажувај треба да ја масираш секој ден и секој ден да се тушираш. Богами не помага многу.
го има ли некој користено на Vichy , тука прочитав добра критика за него, знаете ли отприлика колку пари е?
да не ти ја препорачувам само фрлање пари е тоа за мене ми рекоа дека после 3 месец имало ефекти јас ја користев 7 месеци и сватив дека џабе си фрлав пари :/
Само здрав и правилен начин на исхрана, многу овошје и зеленчук, вода колку што можете повеќе, лифтот заменете го со скали, барем 3 пати неделно џогинг на стаза. Сум немала проблем со целулит, ама другарки мои го фалат масирањето со талог од турско кафе... Ништо не губите, пробајте.
И јас имав многу целулит и разговарав со стручно лице ми појасни кои работи треба и кои работи не треба да ги јадам , значи брза храна никако а задолжително е пиењето вода , но не ми кажаа како најлесно се отстранува.Затоа дома прочачкав по интернетот нешто и најдов статија дека целулитот се отстранува со талог од кафе, прво и мене не ми беше за верба но си велам ништо нема да ми биде ако пробам.Нема да верувате за неполна недела мене целулитот ми се намали и сега скоро ич не ми се познава.ама затоа сега повеќе трчам , пешачам и спортувам и гледам што повеќе да ја избегнувам брзата храна.
Јас со целулитот имам проблем скоро цел живот, и кога сум слабичка и полничка. Проблемот е шо јадам многу солено и не пијам многу вода, а секако и има периоди кога ич не се движам. Ете ги 3те најлоши работи. Зимно време ич не пијам вода, па ајде чај, цеден сок, нешто да се залажам, солено, јадење, нема движење и ете ти набилдан целулит одма. И иде лето, леле паники одма, нормално секоја година истите плачки. И пред некој месец, почнав со здрав режим, пијам многу вода и си слабеам бавно но сигурно. И ми останува уште една лоша работа - целулитот. Пред две лета, одев на антицелулитни третмани, ми требаа точно 15 за да го изгубам целулитот. Ме масираа со кремите на Афродита козметиката. Резултатите беа рајски, нозете мои помазни никогаш не биле. Арно ама, после година време пак си се опуштив и пак истото лошо оро го заиграв...или излежав Да скратам. Вчера си ја купив антицелулитната крема на Афродита, со strong warming effect, и хеланките на Афродита, кои се со природни масла, мирисаат прекрасно, затегнуваат и обликуваат и воедно го намалуваат целулитот дупло во комбинација со соодветна крема за против целулит. Дечко ми ме масира насабајле и навечер со кремата, само една недела така, после само навечер ќе се мачкам, и хелнаките ги облекувам одма штом станам и си ги носам цел ден, за спиење ги соблекувам - со нив не се спие. Лично сум многу задоволна од хеланките, одма од кога ги соблеков синоќа нозете мазни, мазни... Рано е уште, но со редовност и упорност за 21 ден бај бај целулит ќе пеам. А за кремата ја препорачувам, иако е скапа има ефект многу, најмногу од сите креми што ги имам користено и нормално треба упорно секој ден да се масира. Хеланките се 1200 денари и ги има во 3 броеви.