Прочитав на темава го фалевте Фитогал гелот, па решив да послушам совет и да го пробам, па ќе видиме какви резултати ќе даде се надевам ќе го испофалам . Инаку денес го купив од ДМ во сити мол ( сеуште го има на акција 2+1 гратис за 278 денари, доколку некој го интересира).
девојки шо мислите за сатва сакам да почнам да користам и масна наслага имам на буткиве ке има ефект и колку пати во ден се користи
Јас имам целулит и малку прочепкав на интернет и дознав дека кафето помагало од утре ќе почнам со третман со кафе и ќе ви пишама дали успева и слично Едит:Пробав навистина делува и одма кожата е помека
Девојки денес купив Сатва гел и пред малку се масирав со него и кожата ми е жар црвена (ваљда делува ).Сакам да ве прашам колку пати дневно треба да се масирам со него? И за колку ќе има видлив ефект?
Јас го користев некое време. Се мачкав само навечер, убаво втријував и се масирав, ама искрено немаше ама баш никакви резултати. За целулит решение се само вежбање. Имам работа каде околу 100 пати се качувам и симнувам по скали во текот на денот и еве скоро и да немам целулит. Така да не фрлај пари за глупости.
Да, кожата после масажа/пилинг со кафе е прекрасна. Јас си правам во тегличка микс од кафе, малку шеќер и маслиново масло (маслото треба само да го натопи малку кафето, не да плива во него). И тоа имам Елит кафе, на мајка ми и дале отворено па шубе ни беше да го пиеме Теглава си ја чувам во купатило, на секое туширање си се масирам и после го мијам со гел. Веќе навика ми е и веднаш се чувствува разлика. Не го оставаш да стои, него само триеш со него.
Јас почнав со пилингот со талогот од кафе и стварно одма се гледа дека е кожата е помазна...Иначе смесата ја правам со половина шоља талог од кафе и 1/2 кафена лажичка маслиново масло ...после се мачкам и се масирам со релекс анд тон масажерот и местото баш добро се заглева и после некои 10 мин. се мијам но со ладна вода..прочитав така порите на кожата се затварале и имало подобар ефект....за недела дена ке видиме што ке бидне
Може ли наместо маслиново да ставам обично масло? Немам маслиново сега дома Едит: гледам сите пишуваат дека треба да се пие многу вода. Јас буквално се давам во вода, пијам можеби по 3 или 4 литри дневно и пак имам целулит
Јас сега пред одмор се решив да го тргнам целулитов. И не јадам благо, пијам колку што можам повеќе вода, го правам пилингот со талог од кафе, и пијам чај против целулит КИРКОЛИНА. Па ќе видиме дали ќе се повлече.
Значи вака талогот од кафе јас не пијам кафе бидејќи имам 12 години,а ниту сакам да пијам некогаш,но мајка ми имаше оставено талог пред тоа кожата ја намачкав со млеко за тело отидов само го ставив талогот и ми стоеше околу 5 мин се измив со ладен туш бидејќи тоа ги отворало порите така читав се избришав со пешкир и одма кожата ми беше поубав и целулит видливо се намалува така да пробајте ништо нема да изгубите!
Хмм, интересно ми изгледа ќе го пробам и јас ова со кафево, и јас имам малку целулит па, ќе видиме резултати.
За масажата со талог од кафе имам едно прашање. Читам на една страна "Во голем сад измешајте една шолја талог од кафе" се мисли цела ПОЛНА чаша со талог или па само талогот што ќе остане од едно кафе?
Збирај го од сите дома кога ќе пијат кафе и ќе ти се собере Јас само со талог од кафе го собирам во малечко шолче, и при туширање се тријам со него по целото тело, кожата ја прави помазна и помека, после туширање се мачкам со млеко за тело и кожата е мазна како на бебе. Е сега ако сакате да го отстраните целулитот ќе треба секоја ден за да има резултати
HELP!!! ве молам за помош почнав со сатва да се мачкам за целулитов сега почна и стри да ми се појавувет како да ги спречам уште на почеток ве молам пишете
Како бе е тоа можно.И јас се мачкам со Сатвата и стриите ми се изгубија.Ако почнале од тоа да ти се појавуваат остави ја сатвата и пробај со друг гел.
Стриите од сатвата ти се изгубиле? Абе ај. Па пријави се во Алкалоид како тестемони да те земат, ти си прв случај у историјата на козметичката индустрија да се изгубат стрии од мачкање со нешто. Сто пати сме пишувале, стрии од ништо не се губат. Може да се ублажат и тоа додека се мачкаат,ама да се изгубат засекогаш не е возможно. Стриите се исто што и лузните.