Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Дрим-грл, малку ти е грешка информацијава.
    Топлата вода ги отвара порите, а ладната ги затвора. И од прв пат нема толку очигледни резултати со талогот од кафе - можеби за некоја која има сосема малку целулит, ама ако е таложен и таложен ... тешко од прва да се добие мазна кожа каква што опишуваш, ако претходно кожата на девојката буквално била кора од портокал.
    Муабетот ми беше - за сѐ треба труд и упорност пред сѐ. Целулитот е толку досадно нешто, подосадно и од вошка, што тотално е невозможно да се отстрани и вистински да се изгуби со еден третман - без разлика дали станува збор за употреба на пилинг, гел, било што.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanjickata

    sanjickata Активен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Незнам на кој сајт беше имам читано дека за борба против целулитот помагало јаболков оцет ( во млекотот за тело требало да се додаде 1 супена лажица јаболков оцет и да се нежно да се масираат местата зафатени со целулит 2 пати на ден ) Јас го направив ова вчера и до сега 2 пати се масирав со тоа :D .. ќе видиме дали е ефикасно.. како и да е вреди да се проба, ништо нема да загубам ;)
     
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Јас пред 2 години отприлика,кога бев на режим на исхрана успеав да се отарасам од целулитот. Појадував овошје од еден тип,ручав вариво со салата,вечерав само салата. Единствен прекршок што го правев е што се давев во сирење и тоа козјо. Ама пак имаше ефекти. Пред се за слабеење и од здравствен аспект морав да почитувам се,па ептен строго се држев до пропишаното.

    Навечер и наутро се масирав со Relax and tone ,пример 10 минути подколеница,20 надколеницата. Со било каква антицелулитна крема колку да `подмачкам` ,да не ме дере масажерот.

    Плус сол јадев и вода ич не пиев. А,се среди ептен работата,до таа мера што дури и на притисок на кожата,воопшто го немаше. Ама бара многу труд и одржување. А,јас немам време да издвојувам пак толку.
     
  4. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479

    Lilit би било ок доколку твоите дрски мислења ги задржиш за себе.
    Јас имам право на свое мислење и те молам доколку мислиш дека тоа што сум го пишала е невозможно тогаш едноставно не го читај моето мислење а уште помалку да го цитираш.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.259
    ^ А за тебе е дрскост вистината? На крајот ти не си таа која ќе ја наметне својата воља дали некој ќе ја цитира или не, а друго е тоа што кажуваш невистини.
    Ти си над сите закони на природата и сите научни докази. Не е работата за право на мислење, туку се однесува на факти, па ти не знам како сакаш тврди и мисли. Сериозно, оди побиј ги сите клинички и научни истражувања во врска со ова.
    Пишувате невозможни работи, па после се чудат девојчињава зошто кај нив не успева и се фрустрираат без веза.
    Оно со ласер пишува дека не треба да се очекува совршенство, не се губат во целост, не пак магичната Сатва на Алкалоид. Таа е добра само за целулит, има многу позитивни искуства, ама за стрии... кхм,кхм.

    Ајт така. И нема потреба да плачеш без врска.

    Ако зборувам за себе, да не испадне празен муабетов. Ќе го потврдам дејството на кремот од Авон. Речиси незабележителен ми е, поситни се грутчињата (не знам како да го опишам,нема длабоки 'релјефи"?! или како и да ги објаснам) и намален ми е обемот на бутовите. Ама проследено е со вода, ѓумбир, Саси водата, зелена глина, млака вода со лимон наутро (ова со лимонов наутро, саси преку цел ден, ѓумбир некаде кон средина на денот и зелена глина пред спиење,тој е редоследот), многу свежо овошје, никаква џанк фуд и вежбање веќе подолго време. Втор пат ќе го отарасам,ма да знам по пауза, пак ќе се врати. Факт е дека кај мене се во прашање лоша исхрана, стрес и забавен метаболизам. И то. Ама морам да ви признаам дека ми се лапа нешто екстра нездраво и калорично, ама нема. :wasntme:
     
    На Neytiri, marina22mk, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Во право е Лилит и јас имам стрии не многу забележливи но имам, и не сум купила досега никаква крема заради тоа што многу користеле а никој не кажува дали има некој резултат за нивно отстранување затоа и не планирам да фрлам пари за џабе , стриите е невозможно да се отстранат а за целулитот да може да се отстрани со повеќе упорност
     
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Мајко мила, па ова кремава лета бре за недела дена! :(
    И вас ви се троше за толку кратко време?
    Јас од 12ти месецов почнав со масажите, и еве имам уште за вечер и утревечер евентуално?!
    Или да му спискам на дечко ми по помалку да става а? :D
    Како и да е, вчера ја земав другата на Афродита, па за 2 3 дена со неа ќе продолжиме со мачкање.
    [​IMG]
    Да се пофалам јас кога сум веќе тука. Првите 3 сабајлиња и 3 вечери откако почнав со масажите, јас врескав и пискав од болка. Ова целулитов се закржлавил, се заглавил, си се стокмил под кожа толку убаво - едвај го раскрши дечко ми, т.е го раздроби. Имаше многу црвенило, и беше навистина болно првите 3 - 4 дена, после веќе беше слатка болката а сега веќе едвај чекам масажа.
    Кожата ми е премазна и посјајна, но најбитното целулитот веќе е размрдан и од колената па нагоре почнува да се намалува, исто е ситуацијата и под и на задникот.
    Во комбинација со хулахопките се потам и нонстоп ми се топли нозете, воедно и ми се измазнуваат.
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мислам дека и зависноста колку целулит ќе има некоја девојка е едно добри 50 % генетски определена. Може вака звучи смешно ама така е според моите лични набљудувања. И целулитот нема никаква врска со тоа дали сте дебели или слаби. Некои ептен се слаби а имаат многу целулит.

    Пример мајка ми е жена која има нешто како труднички стомак, а се другото и е нормално. Значи не е слаба, а целулит има сосема малку и тоа кај стомакот. Мислам дека кај стомакот повеќе и е настанат после пораѓајот. Позади на задникот и нозете нема ништо. Еве се гледам и јас дека сум иста. Имаше едно време кога јадев ептен мрсна храна и ми се појави незабележително малку целулит само кога ќе го стегнеш местото, но сега откако правилно се хранам ни така го нема.
    Точно е дека и самите треба да пазиме на исхраната. Треба многу да се конзумираат течности кои не се засладени...
     
  9. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Redheaded сатвата е на база на бршлен, во него има соединенија наречени полиацетилени кои може да предизвикаат контактен дерматитис (воспаление на кожа) . Затоа сите што ја користите сатвата, првин пробно намачкајте малку на подлактицата, ако има многу црвенило, можна е појава на алергиска реакција, веднаш исплакни со вода. Инаку клинички е докажано дека фотопрепарати до бршлен се употребуваат за лекување на кожни болести, меѓу кои и целулит.

    И јас му објавувам војна на целулитот, пе ќе видиме кој ќе победи! Почнувам со Сатва...
     
    На redheaded му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hottie

    Hottie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    18
    Јас му објавив војна со вежбање,ама упорно вежбање и целулитот почнува да се повлекува посебно по нозете и тоа ми прави задоволство. Одвојувајте барем половина час во текот на денот, вежби + крем против целулит = перфектна комбинација :D
     
    На fashion-baby му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    сите коментари ми се прочитани, и гледам ја фалите многу сатва, е јас од неа немав никаков резултат минатото лето ја користев, и ова лето ја потрошив. Сепак кај секого различно делува.. порано бев многу физички активна и немав ни ц од целулит, ама сега не сум баш и си е наталожен и те како.. имав користено лани во зимскиот период од Нивеа гудбај целулајт, и мислам дека за кратко време даде добри резултати,па сега пак од тоа ќе си земам... што користете моментално, задоволни ли сте посебно од некој продукт? Прочитав добри критики и за Vichy, ама неможев да го најдам... поздрав девојки, среќно во борбата
     
  12. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.155
    Јас ја користев сатвата, кога ја нанесuвав се масирав со relax&tone, искрено мислам дека имаше моментален ефект, бидејќи ти ја омекнува кожата, ти ја прави помазна, и одма чувството е поубаво. Потрошив едно шишенце, и веќе не купив. Многу брзо се трошеше, бидејќи одма се упива, и кога се масираш со масажер, ако не ставиш повеќе, одма гребе... За тоа време додека се масирав (а тоа ми беше мноогу досадно, буквално капнуваш), мислам дека поефективно ќе беше да се запишев во теретана/фитнес. Имав целулит, ама не многу, кога ке притиснев многу се познаваше, а сега, ем не користам ништо, ама пијам по многу вода, по 2 литри сиг, а имам 46 кила,и внимавам на исхраната, ама и тоа не којзнае клку, не јадам брза храна, прженмици, ама благо си јадам и тоа почесто навечер, и сега треба да им запнам убаво на нозеве да ги притиснам за да ми се познае целулитот, ама пак ми се останати две дупки како од целулит што ги имав на едната нога..поима немам што ми се случи..пријатно сум си изненадена... :D
     
  13. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
    Маки мачев со целулитот подолго време и единствен ефект кај мене за негово намалување имаше исхраната! Откако на цело исфрлив благо, грицки, сокови, кафиња, конзервирана храна, прженици и сл. после 2 недели целулитот почна да ми се повлекува .
     
  14. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Ја прикачував некаде сликава, ама ајде и тука нека ја има, ми даде мотив на мене за му објавам војна.
     

    Прикачени фајлови:

    • ICS_318_f3.gif
      ICS_318_f3.gif
      Големина на фајлот:
      128,8 KB
      Прегледи:
      314
    На tanjakass му/ѝ се допаѓа ова.
  15. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    49
    здрав начин на исхрана,многу вода,вежбање и резултат ке има
     
  16. tanjakass

    tanjakass Нов член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    0
    Да ви се надоврзам на муабетот ... веке кога одите на антицелулитни масажи за да го постигнете посакуваниот ефект најбитно е да пиете многу вода што значи најмалку две литри вода , вежбање никако затоа што ако вежбате и се масирате нема да постигнете никаков ефект ....со антицелулитни масажи вие го разбивате целулитот што значи ја разбивате и мускулатурата најпрвин треба да омекне мускулот за да излезе целулитот на површина а ако вежбате ништо не правите од една страна разбивате мускул а од друга страна го зајакнувате мускулот што значи џабе давате пари а резултат ке немате.....За да се разбие целулитот не ви треба некоја посебна диета да гладувате , само ви треба да си имате некое режимче на исхрана како на пример насабајле само овошје , на ручек ке си јадете что сакате н мора да значи дека мора да биде диетална храна само ке гледате количински помалку од што сте јаделе претходно и навечер некоја салата.Доколку морате да идете на некоја вечера и нарачувате некоја премногу калорична храна тогаш следниот ден наместо на ручек да си јадет ешто сакате ке земете само овошје што значи ручекот ке го замените со вода и овошје.Ако се придржувате до тие работи што ви ги наброив ке имате феноменален резултат....поздрав
     
  17. eme.sk

    eme.sk Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки! Јас имам ужасно многу целулит по нозете ( на задниот дел), почнувајки од задникот па се до колената ... башка што кожата цела ми се тресе кога се движам и ми е срам кусо да облечам. :( Да вежбам( а мислам дека така најмногу ефекти ке има) несмеам поради здравствени проблеми. Креми, лосиони и такви сл работи сум користела по малку но брзо се откажував, разочарена од тоа дека нема ефект. Размислував да пробам со антицелулитни масажи во некој козметички салон па да ми каже некоја од вас искуство ако имала со нив ? Колку се ефикасни/штетни? Поздрав
     
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    Јас да прашам вие шо сте биле на антицелулитни масажи во салон... Секој ден е препорачливо да се оди?
    Или како?

    Јас мислам дека фатив добра зделка, 10 антицелулитни за 850 ден., евтино ми се виде, ама се немам јавено да прашам како иде... :?:
     
  19. fashion-baby

    fashion-baby Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Каде е ова со 10те антицелулитни за 850??? Не да е топ понудава обицно се минимум 2500
     
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    24.008
    Пол:
    Женски
    На grouper.mk ја најдов, студио "Хермоса" во Капиштец.