^^ Пред некој ден бев во Марија Гален Фарм и ја видов рекламата за кремава, ама не обратив нешто посебно внимание. Мора претходно да се јавиш да ја изработат или има готови за да си купиш веднаш?
Возам точак и не знам како ми се појави ова. Почнав да ги правам овие вежби дури два дена и не знам колку ќе има резултат ама по масажи не планирам да давам пари, а и по кремови. http://www.youtube.com/watch?v=8QXGt6-cb1M http://www.youtube.com/watch?v=zoJQOapc9cY Од утре ќе почнам и овие, па ќе видам, се надевам ќе го снема. Ќе пробам да променам и нешто во исхраната, ама не верувам дека ќе успеам, попрво ќе земам ќе трчам. http://www.youtube.com/watch?v=MFlH8XJs ... 8C0C1DF0D6
Актуелна алатка против целулит последнава недела ми е масло од бршлен. 150 денари за 250 милилитри, не мириса на ништо,можеби суптилен мирис на билка,амааааа... го нема во аптеките за жал. Мене ми го донесоа по нарачка и криво ми е што не порачав повеќе. Евтино е и ефикасно. Го имав замазнето целулитчево,ама маслово ми се чини е чудотворно. До душа не знам веќе од што ми е,ама...немам зборови. Малку повеќе е мрсно и за жешково време не е баш, ги затвара порите и почнувам да жежам и да се мачат потните жлезди да излачат и жива вода прави. Структурата на кожата ептен ја подобрува. Ако имате начин да го набавите или по некоја случајност да го најдете во аптека, информирајте тука. Многу ви го препорачувам! Подобро нешто од ова немам користено, најсериозно. И криво ми е што не посветувам константно внимание на целулитчево, убедена сум дека не би го имала воопшто, а не само сезонски или кога ќе ми текне. Имам уште три пакувања од кремата од Авон (залихи ),ама на маслово му давам предност. Ама пак ќе кажам и вежбам и тро послабо јадам (до душа не издржа срце јуначко на искушенија, па еве последнава недела си подкаснувам и други ствари и појадувам пообилно,ама не гледам промени на себе од негативен карактер,туку напротив), пијам тоа чаевите. И така...
Lilit http://kakonapraviti.net/kreme-i-sredst ... lita.html# тука имас како да го направис дома а јас мисла дека има во зегин такво масло од брслен во еден каталог на зегин гледав ако го најдам каталогот и ако е масло оти знам имасе крема кје писам сите да знаете ако толку многу и помогнало на Лилит мозеби и на нас ке ни помогне
Против целулит, со сигурност помага талогот од турското кафе. Одкако ќе си го испиете кафето талогот нанесете го на критичните места. Остајте го да делува 30тина минути. Ве љубам.
Побарај и пиши. Јас го барав, никаде го немаше, па дури и во билна аптека. Веќе подолго време го барав, ама од чиста случајност најдов некој да ми го донесе директно од фитофарм и ми кажаа дека не го носат за слободна продажба не знам од кои причини. Срам ми е да барам пак да ми носат. Се сеќавам во очај дома правев од листови од бршлен оние облогите, ама пренапорно е и што знам, не толку вредно за да го правам нон стоп без да ми гарантира резултати и ме фати шубе затоа што бршленот е отровен,а вака е преработено маслото. Маслово е одлично!
Јас за тоа на фитофарм не сум сум го сретнала ама едно на беолаб ума во зегин 182ден ама тоа бесе во 2011 е сеа незнам колку е пари тоа на беолаб бидејки годините минат а и цените се променуваат така да незнам ама сугорно е некаде околу 180ден.
http://kupinapopust.mk/deal/index/1189 Девојки еве феноменална понуда, јас не сум од Скопје и баш ми е мака што неможам да ја искористам ама од септември ќе одам,таму студирам па се надевам ќе начекам нешто слично незнам колку е дозволен ваков коментар, во спротивно нека го избришат, ама ми се виде добра понудата па сакав да ја споделам со вас
А што е финтата со ова со кремиве пецка не пецка? Има ли врска пецкањето и како? Ако е за пецкање грчка маст ке акнам па нека гори... Иначе немам скоро ич, и тоа маааалку шо го имам од исончана што ми е кожата не се познава. Имав малку до пролетта, ама го решив с трчање и пиење вода, може и ѓумбирот помогна до негде 3 месеци што го пиев. Ми го снема целосно ама не пиев ни кафе. А сега таман почнав кафе и газирано и оп еве покажува уши целулитчево. И ај некој што се масира со талог од кафе нека каже како г прави тоа, барав по јутуб ама не знам кој начин е најправилен.
Против целулит јас го препорачувам масажерот Relax&Tone од Топ Шоп,мене тој најмногу ми помогна. Се масирав скоро цело зимо ,истовремено користев и антицелулитен гел и значително ми е намален целулитот.
Лилитка,мила од кај го набавуваш маслото од бршлен,од кај ти го носат? Ќе шетнам деновиве по одмори па да се снабдам некако оти после трудноќава си се подновив ја со целулитче на буткиве
Јас талогот чист - значи без никакви додатоци од типот на масла и слично, го собирав во посебно филџанче, и пред туширање убаво, длабински со него ги масирав деловите со целулитче. Тоа ми одземаше некои 10-15 мин, ама јас гледав што повеќе да масирам. Е сега, има и опција да додадеш некоја капка маслиново масло во талогот, ама според мене никаква улога нема тоа, него само ја омекнува кожата повеќе, ради маслото.
Абе директно од производител,од тука од Македонија е, имам врски од внатре. Сега и донесоа и 100 проценти чисто масло, ама не знаат што да ми кажат како да го употребувам и во кој сооднос да го растворам во друго масло како маслиново. Страв ми е концентрирано да го ставам и не е баш исто како ова што го имам веќе. Ова баш мириса силно и е темно, го користат за во сирупи за искашлување, ама за тоа во 1 литар ставаат 100 мл, ама за ваква употреба не знаеа да ми кажат како и дали ќе ми ја оштети кожата... Ако има некој идеја или по некоја случајност е стручен по темава, нека ми пише. Вчера ми рекоа дека колковите ми се намалени некако,ослабено сум изгледала, а јас си викам у себе бршлен бејбееее ууу-уууу-уууу . Баш во тој дел ми беше целулитчето,ама она наталоженкото.
Јас со талог од кафе веќе извесно време се масирам преку еден ден ама салам масирање, после туширање се мачкам само со млекоза тело, забележувам дека ми е намален целулитот, ако продолжам вака или да се масирам секоја ден сигурно ќе го снема
Лилитке јави у инбокс од кај го набавувас цим имас врски,цаста М Sorry на фонтот овие смартфони се зова компликација!
Немам цеулит (Добро е). Знам дека целулитот не може целосно да се отстрани, но може да се сведе на минимум. Мислам дека малку помогнав... или :geek: И да! Овошјето брзо се вари, а ако се јаде веднаш после јадењето не може брзо да се свари, така да почнува да се распаѓа и да создава отрови кои го поттикнуваат создавањето на целулит. Овошјето е најдобро да се јаде 1 час пред јадење или 2 часа после јадење.