Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    ^^ Фала многу , да знам барем дали ќе се исплати упорноста ;)

    Лилит, во Веро има акција, 1+1, околу 530 ден, заедно се запакувани.
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.672
    Пол:
    Женски


    Еј па тоа е супер цена за двата... таман за летово да се стокмиш ;) може и јас ќе си го купам... ако не се разграба претходно :rofl:
     
  3. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    ги има во ramstore денес си купив :D :D :D
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.193
    Допаѓања:
    156.769
    Дечки,јас си купив пеперутка како од топ шоп што масира,по принцип на ниска струја,ги грчи мускулите и видно се затегнуваат после тоа.Самото си се гаси после 12 мин....го ставам и на деловите со целулит,вие немате поим колку боли,ама трпам.Мамицата ако нема ефект врз целулитот...
     
  5. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    хаха јас па делфин од кај рампата кисела вода масажер делфинче и се масиран на критичните делови веќе неколку дена а воедно и вежбам па ќе видиме :)
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.195
    Допаѓања:
    139.479
    Лилит, а од каде го купи и колку?
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.193
    Допаѓања:
    156.769
    Ариел,прво мислев да го земам од топ шоп,ама соленко ми беше и не го знаев принципот,па кога беше Баскерфест,имаше едно штандче,едни дечки ги продаваа,ама буквално истите како од топ шоп(само што имаше и поголеми и помали,овие од топ шоп се помалите) за само 500 денари.Ми даде и визит карта,ако ми откаже да го барам да му го вратам,ама еве го нема гајле.Придружбата ми исто зема големо од 500,па ни дадоа мало гратис,па пошо сум овај нали девојче,ми дадоа предност,па јас си го земав.
    На почеток боли и те фаќа страв,ама истражував малце по нетов,па видов дека нема гајле,дури и во медицински цели ги применуваат овие,а и оние лпг по салоните се по ист принцип,само што на најмало ниво на струја се и плус се ваљаци,а не пеперутки.А денес и докторката си ја прашав,ми рече ич да не берам гајле,нема контраефекти никакви.
    Некој прашуваше за аб троникот од топ шоп,по ист принцип е и тоа.
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    :envy: ;( :x :worried: :sweat: :( мојата болна тема..... луѓе бееее шо немам користено VICHY гелови од бршлен. талози од кафе веќе 2 месеца мачкам со талог, гел од бршлен, сеа со релак н тон и уше не може цел да го снема... веќе денар не ми се дава за креми и вакви безвезни работи нишо не го тга да му е*ам фацата
     
  9. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Луѓе ја има некој пробано масажата со мед? Јас денес пробав и мислам дека би требало да има ефекти, некако како да го одлепува целулитов, мислам дека на сличен начин делува како вакумот, па ќе видам понатака колку е добра... Аман веќе од ружниов целулит :sweat: :sweat: :sweat:
     
  10. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Можеш повеќе да образложиш за неа?Како обична масажа е или....?
     
  11. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Самата си одговори, кога слабееш кожата е веќе испукана (нели кога се здебелиш) и доаѓаат до израз стриите.
    Трајно решение ???? Нема, едноставно имаш таква кожа која е склона на тоа. Сите тие масажи, маски, пиење вода по незнам колку литри на ден, вежби и што ти уште не, се само превенција да не се појават а не и да се излечат. Кога еднаш пукне кожата неможе да се закрпи :( може само да се ублажат а не и да се целосно одстранат.
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.193
    Допаѓања:
    156.769
    Да не правам реклама...ама ова пеперуткиве што ви ги спомнав...една недела ги користев (два дена паузирав,ме мрзеше)...чудо се!Целулитот,видно намален.Што е најинтересно,не е измазнет како со кремите,сеуште се познава вака од надвор,но кога ќе го стиснам не ме боли.Многу,многу помалку количински го има,што значи не делува на надворешно замазнување,туку длабоко продира,топи и масира.Ми вери хепи! :D
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Јас сум при крај со второто пакување на антицелулитниот крем од Garnier, и сум задоволна.
    8/10 му давам. Ќе купам уште две, додека цената им е ко за едно ;)

    Не правам веќе масажи со кафе, имам забрана. Лом сум ја правела бањата, а се трудам да ја суредам после тоа. На татко ми му мирисало (аман мирисов на кафе и сол е полош од тој што го оставаме после n.2???? :^) :^) :^) ) :rofl: , ама тоа е - нивна када, нивни правила.
    Башка, јас повеќе пијам инстант кафе со млеко, а кога ги почнав масажите му се фрлив на турското кафе. После си викам - аман морам ли да го пијам за да го земам талогот? И така ќе си сварев едно поголемо со 3 лажици кафе, ќе се олади и ќе го процедам само талогот. Мајка ми ме нарече расипикуќа. Тоа било растурање на домот. :^)
    Сите средства, кремови, гелови, сапуни не се, 100 гр. кафе од 25 ден. е расипништво??? |(
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.193
    Допаѓања:
    156.769
    Ау мене од талогот ми пожолте кадата,па ја рибав со четка и арф,сама!Моите лом ме направија,а и да,подзасмрдува повеќе него ли чист талог,овој некако на кисело мава.И јас престанав често да правам пилинг,ама еднаш до два пати во неделата ќе се подизлажам,ама одма киселина ставам во кадата после,зошто иако ја миев претходно пак пожолте! :D
     
  16. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Lilit ако не ти е тешко пиши пеперутките од кај ги купи кој вид пошо има различни колку што знам и цена ако може :) ???
     
  17. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    еј да и мене ме интересира, мислам напиша во еден претходен пост ама не можам да го најдам :)
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.193
    Допаѓања:
    156.769
    Па нема различни,сите се по ист принцип,можда во боја да се разликуваат.
    Оваа мојава е иста ко од топ шоп,само што јас не ја земав од топ шоп и ја земав 500 денари.Ја начекав на штандче на баскерфест.
    Денес прв пат собрав храброст да се погледнам по долна облека во огледало (зошто обично се разочарувам) и добро се прифатив,чак што више и препријатно се изненадив.
     
  19. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    блазеси ти мене ме мрзи да се мачкам и вежбам последниве денови и денес баш НЕпријатно се изненадив :doh:
     
  20. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    ЛИЛИТ а си видела ли на друго место да се продава таква пеперутка ( освен топ шоп ) Тој Баскерфестот сигурно е поминат нели, па каде на друго место може да си купам пеперутка? Требало да земеш повеќе па сега да ги продаваш на форумот :lol: