Здраво феминки!!!! сакам да Ве прашам дали некој го има пробано серумот од KENKAI PROTAGONIST за отстранување на целулитот и какви се вашите искуства со истиот. Ви благодарам. Поздрав.
Женски морам да го споделам ова со вас. Пред некое време читав во ова онлајн списнијава лек за целулит. Во моментот немав и не го регистрирав многу ама откако забременив ми се појави и тоа ептен. Ма не кора од портокал, ренде. Ужас. И ми текна на тоа што прочитав. Секој ден (после бањање) се малкав со масло од кокос и се триев со луфа. Нема ни месец поминато а веќе 80% од целулитот го нема. Ви го препорачувам, пробајте си. И го кажав на другарка, после 3 дена видовме огромна разлика.
Го имаш во аптеки во зегин, тегла од 250мл. 300 ден мислам дека е (ама јас го купив кога им беше на попуст па може и поскапо да е сега) А имаш и помали од 100-150мл. по 75ден, во продавници за козметика ќе најдеш такви. Совет, купи си прво мало шишенце, види дали ќе ти помагне.
Ова е луфа. Јас си купив од базаро, 50-60 денари. Ги има во џамбо, дм... и има различни големини, некои се помеки некои потврди. Јас имам баш ваква иста, оваа е тврда и гребе доста.
Целулит се појавува но и се отстранува. Само треба мн упорност. Најдобра крема до сега што ја знам е стронг, ја порачав од битола. Кремата треба добро да се измасира , а уште подобро ако се оди на антицелулитни масажи па да се витка со најлонска фолија и после половина час трчање или пешачење... јас за неколку месеци се отарсив на тој начин. А да, и многу вода , и правилна исхрана. кремата е 800-1000Ден и.мислаам е 500 мл
Јас имав користено масло од кокос (оргиналното од тегла) ама никакво подобрување немаше за целулитот.
Многу вода, вежбање, да не се претерува со кафе, сол и алкохол. Ако сте во можност дозволете си анти-целулит масажа затоа што на тој начин се "раздробува" целулитот. А лекот чини 5 пари, само да знае човек што Говорејќи од лично искуство, голем ефект за мали пари е гелот Sattwa од Алкалоид. Ефектот е видлив за 2 недели. Се разбира во комбинација со вежбање. Имам забележано и дека во некои салони го користат токму овој гел при анти-целулит масажите. п.с. за нас кои не сме генетски благословени
Затоа и реков прво со мало да се проба. јас сум презадоволна, затоа и пишав. Ама претпоставувам дека нема да биде исто за сите. Една другарка го користеше гелот за целулит од Афродита (црна поковање со зелено на него, мислам дека е таа фирма), она па од тоа беше задоволна. Вика го загрева местото каде што има целулит. Јас не сакам да користам нешто такво сега затоа што сум трудна.
Модринките се најнормална работа, затоа што со масажата се крши целулитот и треба да боли и да има модринки. Решение за модринките е белка од јајце. Ова ми го кажа масажерката кога одев за целулитот. Изматете белка од јајце и намачкајте ги модринките, можете да си ја ставите во фрижидер и да ги мачкате неколку пати во денот или следниот ден, значи не мора да ја фрлате. Јас кога одев на антицелулитна масажа ми правеа вакум, антицелулитна масажа со раце, па ме виткаја во фолија и во ќебето итн. Сакав да кажам дека имав многу модринки и проблемот го решив со белките. Ми изчезнуваа веднаш, уште следниот ден беа значително побледи, односно скоро и да ги немаше. Друго што приметив десетина страни поназад, една феминка рече дека од вакумот како повеќе да и се познава целулитот и тоа е точно, со вакумот целулитот се крши и се влечи на површина и со тоа изгледот на нозете станува уште полош, затоа што се познава многу повеќе, но тоа треба потоа да се стопи со пиење огромни количества вода и вежбање. Треба да се извлечи на површина затоа што е лошо ако се врзи за ткивото итн. Заклучокот е дека без вода ништо. И без внимавање на исхраната барем малку. Кога доев на масажа ми рече најискрено јас ќе прам масажи, ќе шеташ со модринки, ќе те затвораме во ќебето цела во фолии на 80 степени во лето, ама ако не пиеш вода најмалку 2-3 литри на ден се ќе биди за џабе. Е сега кај мене е проблемот што јас течности општо не пијам воопшто, ете вчера испив само еден чај, ни вода ни ништо. Е така резултати нема, па ако сакам јас и на глава можам да си се наместам. Значи ВОДА. Без вода пиење можиме да ги фрлиме слободно сите креми, масажери, антицелулитни третмани или не знам што.
Феминки дали некоја го има користено чајов, случајно го видов во маркет па ме интересира долку некоја го има користено, дали помага при отстранувањето на целулит.
Имам пробано ваков ама за слабеење и не ми помогна. Сеа пијам на кирколина и за слабеење и за целулит , а има ефекти од тој за слабеење.
Вежбање му е мајката! Јас откога почнав со вежбање немам ни грам целулит. Посебно ефикасни се чучњевите.
Хеланките од афродита антицелулитните, се перат или не? Мајка ми ги шибанала во машина и гледам нешто не ми мирисаат исто, а она тоа да ги испрала после 4-5 носења. Уште мирисаат на портокал, ама сега измешано со прашокот Битно си стегаат уште, не се распушени или расишерени, ама пак не мислам дека прочитав некаде дека се перат