Се перат без детергент со млака вода, што се вика колку да се проплакнат. Ништо сега мачкај антицелулитна, па нив облекувај ги. Не ги фрлај никако. Сепак ефектот е во масажата, а не во состојките во хеланките.
Секако ги облакав само со претходно нанесена антицелулитна крема, некако поголем ефект ми имаше така. Не ни планирав да ги фрлам 1090 денари чинат, што е многу, многу е. Ај од сега со млака вода ќе ги плакнам, секако тие состојки не можат вечно да на нив да стојат, сепак ги носев по 7-8 часа на ден ако не и повеќе, нешто останало на мене
Има во Зегин некои 3 спакувани антицелулитни креми 2+1гратис портокалово бели ама не успеав да видам име ни производител. А не беа скапи помалку од 300ден. Ако некоја знае за што зборам да пише дали ги бива?
Задоволна сум од гелот,со редовна масажа дава добар ефект. Само многу е важна масажата,сам по себе гелот ништо не прави. Има сосема пристапна цена и ова со 2+1 понудата е добра зделка.
За целулит мислам дека многу помага кафето и вежбање само. За кремите незнам, но мислам дека овие вежби ќе помогнат. http://www.kafepauza.mk/zivot/kako-da-s ... asekogash/
Смесата талог од кафе во комбинација со маслиново масло при редовна употреба на критичните места дава добар резултат.Но,тоа не е доволно за да се ослободите од портокаловата кора.Потребно е пешачење,вежбање и здрав режим на исхрана,што подразбира поголемо комсумирање на зеленчук,овошје,житарици,а особено вода.На минимум треба да бидат сведени месните,млечните производи,кафето,газираните пијалоци.За кремите и геловите не можам да коментирам,бидејќи немам искуство
Што мислете за кафето како решение за целулитот ? Јас имам целулит на бутовите на нозете па за во лето да немам кажете решение првин да го пробаме ова кафето
Смеса со маслиново масло, шекер и кафе се меша и се прај масажа на задникот и бутовите. Потоа рачна масажа секој ден. Многу движење, пешачење Правилна исхрана со мн овошје и зеленчук Вежбање На ова прво ми текнува. Борбата со целулитот е макотрпна работа. Сето ова треба да се прави неуморно, постојано. Вервам само тогаш би имало резултати. А јас лично не вервам мн во кремите против целулит хеланки и слично. Ако не го размрдаме газот и не припзиме на храната ништо магично нема да ни го збиши целулитот
Го користев овој гел летово, и многу сум задоволна. Кожата ми беше мека, убаво мисисаше и по две недели користење ми стана многу затегната. Големо е пакувањето и многу време се користи
Вежбање, вежбање, вежбање! Ништо како интензивно, секојдневно 60 минутино потење не го намалува целулитот. Во мојот живот не ми бил понамален, нормално дека не ми е 100 посто изгубен, ама не се познава како порано каде задникот и кожата под задникот на нозете ми беше хорор приказна. Има врска исхрана, не дека нема, ама со вежбање најголем ефект се постигнува. Не верувам дека антицелутните на афродита прават до толку чуда, па и не се мачкам пре-редовно, ама барем кога се мачкам се масирам асално по половина час.
Фала богу ич немам, ама за оние што имаат препорачувам само вежбање, кардио најбитно и после затегање, фитнес, аеробик и слично.
I jas imam problemi so celulitot probuvav svasta isto I kafe I momentalno ja izmaznuva kozata no ne go otstranuva celulitot.taka DA verojatno vezbanje I mnogu voda samo moze DA ni pomogne.
од вечерва почнав да го користам сатва гелот...малку ми е чудно зашто претходно читав дека им се вцрвенува кожата на некои ги пече загрева а јас еве искрено ништо од тоа не чувствувам....дали е можно да не делува или сеуште е рано да се каже било што...ве молам тие што имаат искуство со овој гел да ми кажат мислење....ви благодарам