а да си легнам да спијам измотена во фолија со талог од кафе... ? ми е страв само да не ми направи нешто на кожата?
да ве прашам нешто...дали некој има користено коњска маст за целулит? другарка ставаше маст на местата кај што има целулит и за 3 дена видно и се намали...ама она па и си тренира и сеа незнам дали од маста и е или од тренинзите...дали некој друг пробал вакво нешто??
Devojki, mozebi sum off ama ve molam za sovet, mi se blizi matura fustanot so go odbrav premnogu si go sakam no e mnogu tesen i mi se poznavaat butovite dali ima ekoj mider koj nemma da se poznava na fustanot a sepak ke mi gi skrie?
Памтам на времето Пирамида многу го фалеше гелов од Балеа, заедно со масажерот на капачето. Го има ли некој пробано од тука? Знам дека не е нешто скап, а и пакувањето не е малечко. За овој прашувам, а има и еден во туба.
Јас ја земав од Евелин црвената термо што пишува, и ептен осеќам како ме загрева, онака буквално ногата не е топла на допир а жежи како на печка да ми стоела Ама се трпи... Е сега сакав да ве прашам нешто, после една недела користење еве приметувам дека целулитов како повеќе да ми се познава бе Јас имав само горе на нозете, т.е под задникот веднаш а сега и надолу кај што се масирам дека ги масирам до колена нозете ( најкритичен дел ми е). Дали тоа значи дека излегува на површина и ќе се изгуби или значи дека кремата ми е тотално утната? Некој со вакво искуство?
Здраво и од мене.Јас сум ептен опседнатасо целулитот,ми се појави наеднаш (се таложел со години) и пробав се и сешто.Талог од кафе ,коњски гел,масажер од топ шоп,афродита хеланки и креми,сатва ос алкалоид ...И пред 1 месец си купив по препорака од аптека таблети од Health Aid се викаат Cellusite околу 700 денари и та на на крема.Таблетиве се на природна база одлично ги поднесувам ,се пијат два пати по една со обилен оброк.И вчера идам на антицелулитна масажа и масерката ми вика Што да масирам?Ти немаш целулит девојко.И јас останав без зборови,се гледам нема,стискам нема.И исто го користам масажерот рачниот од орифлаим. Пробајте јас сум воодушевена
Го има пробан е функцинира, само што споре мене истиот ефект се постигнува скоро како со шеќерната смеса со маслиново што се мачка на лице и тело како пилинг. Ова е пилинг, пре туширање на малку навлаженета кожа се става и се трие. Јас два дотрошив трет не купив, вајда зашто истиот ефект го има ако се трие со тој шеќерниот пилинг, пa сум го избацила од листата на месечни трошоци. Купи го да го пробаш, зашто не е скап за тоа што не се троши многу брзо. А тој во тубата ми е така-така, од што ми се смачи веќе од мачкање пред за време на туширање, потоа не сум го дотрошила. Масажерот на самото капаче е фин, течноста комси-комса.
Јас бев вчера во ДМ и тоа во две филијали и во двете го немаше. Или се погодило да го нема во ниедна од нив, или повеќе го нема воопшто. Да не го има некоја видено скоро продуктов?
Да бидам искрена никогаш и го немам побарано, затоа што немав до сега проблем со целулит, но ми има останато мислењето на Пирамида во глава, баш во периодот кога се отвараше маркетов кај нас. Ми изгледаше совршено за тоа што ми треба, сепак немам некој закоравен целулит со години што го влечкам, па сакам да почнам со нешто понеагресивно. Ќе ги прашам нареден пат продавачките кога ќе одам, па ќе споделам. Инаку сигурно има нешто од оваа линија, пошто ми имаат паднато во очи производиве кога сум поминувала, ама за пилингов не знам.
Една другарка ми кажа дека талогот од кафе да го ставите на целулитот 15мин помага со поредовно користење
Јас мислам дека го нема повеќе. Го барам веќе некое време, милион пати проверив во сите ДМ маркети и го нема, а продавачките само креваат раменици кога прашувам.
Сакам да земам некој од производите на Нивеа против целулит, значи немам којзнае каков целулит, во последниот период намалив неколку кг и пред почетокот на летото сакам да го подобрам изгледот на кожата Што ми препорачувате да земам, гледам има гел/крем, различни производи против целулит, што да одберам?
Си го пронајдов лекот, а веќе 5 години може седеше во фиока од пуста мрза. Ако се сеќавате на масажерот од топ шоп што се менуваа делови и вибрираше, се држи со една рака. Сега го има и во биди фит мислам. Секојдневно користење, ама онака додека не се вцрвенам. Наредниот ден болат малце мускулите, али после некое време се навикнав.