Во контекст на линкот постиран од Лилит... Какви се тие таблети мумие пробав да пребарувам, читав нешто, ама ништо не ми е јасно
А каде можат да се купат етеричниве масла? Овие Мумио сигурно ги има во добро снабдените аптеки, штом ги има во Србија би требало и кај нас.
^ Етерични масла во билна аптека. Ако најдете некои од работиве пишете каде. За Мумие не знам каде има, одамна ги имам слушано, како што знам скапи се. Ако има некој желба, може и да делиме. Ипак за задник се работи, не за здравје, не вреди да се лупнат повеќе пари. Ах еве видов, 600 динари биле, значи 300 денари се, само еве пуштив абер ќе ме информираат. Јас слично нешто имам читано само со вијагра, место со мумие.
Прашав јас во Зегин за мумие и ми рекоа дека имаат слушнато дека го рекламираат, ама они го немале. Ако има да се порача од некаде пишете, да пробаме, па може и ќе има резултати.
Девојки каде можам да си купам масажер од оние рачните? Побарав во Космо но немаше за продавање, ги даваа гратис со купување на антицелулитна крема
За да се спасите од целулитот, не е доволно само да јадете повеќе овошје и зеленчук и да конзумирате течности. Важно е да го стимулирате крвотокот во засегнатите зони од телото. За таа цел можете да ја направите следната процедура, која има моќен тонизирачки пилинг ефект. За да ја подготвите оваа чудесна смеса, ставете 3 супени лажици глина, 2 супени лажици мелено кафе или талог од кафе и 3 капки етерично масло од рузмарин. Растворете ја глината во топла вода додека се претвори во каша, а потоа додадете ги и останатите состојки и добро измешајте. Намачкајте ја маската на зоните со целулит и масирајте енергично околу 10 минути. На крајот исплакнете со топла,а потоа со ладна вода. Ќе го почувствуватѕе затегнувачкиот ефект уште по првата процедура. Преземено од Boza.mk
Мене дефинитивно ми помогна ова! Али си го користам секој ден, еден ден нозе, еден ден стомак и пак од ново, бидејќи боли малце наредниот ден и мора малце одмор. Исто и ова е добро, таман и побрзо и подобро би се впило маслото, само некако го забаталив него, траба да си го побарам пак http://rs.oriflame.com/catalog-images/product/global/7739_1.png
So koe od niv se masiras?jas go imam aparatot i se masiram so branovidnoto,pisi i ti so koe da vidime so koe ima podobar efekt se izvinuvam za k za latinicata
Нема да верувате ама тоа го пишувам од лично искуство значи со години се мачам со целиулитот што ли не сум пробала и пред некој ден седев кај една другарка и дојде баба и и и правевме нешто муабет за билки лекови такви работи ( иначе жената мн се разбира од вакви работи стара е) и и јас ја прашав дали знае некој лек против целулут и она ми рече само јајце и јас ја гледам зачудено и викам како се ми е прочитано за целулитот но тоа никаде не го пишва и ми вика ке го свареш убаво тврдо значи и додека е врело уште ке се масираш округли движења на местата зафатени со целулит и ке си приметаш разлика одма и јас си велам се сум пробала па ајде и тоа ништо не губам верувале или не резултатите се видливи повеке одколку што очекував уште во првиот третман ке си приметите.Пробајте ништо нема да изгубите може само да добиете поздрав
Убаво што го споделуваш тоа со нас, еве јас сум заинтересирана да го пробам само имам едно прашање, јајцето нели треба да е врело па нема ли да ме изгори? Или ќе морам со многу брзи движења за да не ме изгори?
Врело да па може со ракавица таква за готвење што е да го држиш или нешто друго чисто за заштита на рацете и кружни движења иначе не гори кожата
Врело да па може со ракавица таква за готвење што е да го држиш или нешто друго чисто за заштита на рацете и кружни движења иначе не гори кожата
Најдобро нешто што може да направите во борба против целулитот е да си ја средите исхраната и да вежбате. Ни кремите што ги мачкате ни варените јајца што ги спомнувате нема да ви помогнат. Ај ве молам како може масажа со варено јајце да ти го отстрани целулитот?! Сите глупости што ги ставате се само џабе потрошени пари и време. И да има ефект сигурно ќе биде краткотраен. Јас од пред месец ипол почнав да внимавам како се хранам и да пијам многу вода. Соковите тотално ги исфрлив, дали вкупно 1 чаша сок се имам напиено, плус секој втор ден вежбам по 30-45 мин и целулит веќе скоро немам. Наместо да купувате креми кои не ви делуваат и трошите време во варење јајца (извинете ама мене ова ми е многу смешно) земете повежбајте малку и инвестирајте во вашето здравје. Хранете се здраво, пијте многу вода...ем вие поздрави ем без целулит. Многу е едноставно.
Зелен чај му е мајката. Пиев по 1 литар на ден со средена исхрана и многу вода ии целулит скоро и да немам. Но,сеа во последно време не пиијам зелен чај ради тоа што влијаел на железото ии целулитот како да ми се поврати. А за ова со јајцето кје пробам па ќе кажам,мада што не верувам многу мноогу.
Јас ќе пробам со зелен чај. Слушнав дека е многу добар за крв го прочистува а исто така помага и при ослабнување.