Од свое искуство и од на мајка ми ќе ви кажам да не си ги фрлате парите на глупи креми и антицелулитни гелови КОИ НЕ ПОМАГААТ.Потрошив толку МНОГУ пари на нешто што не го намали целулитот воопшто. Единствен совет што можам да ви го дадам е да пиете многу многуууу вода секој ден (8 до 12 чаши) или да пробате со кафе и маслиново масло
никогаш не сум имала проблем со целулитот ,но колку што имам слушнато а и логички така е едната причина поради која целулитот се ствара е јадење на многу мрсна храна,и непиење доволно вода...
Епа ајде и јас да си ја кажам мојата сторија... И јас имав целулит на стомакот..нозете и задникот...започнав прво со чаеви за слабеење и си го расипав желудникот...потоа ..започнав со Инсенити програмата и само за месец дена имаше огромни резултати..пржената храна, тостови, пици..ја исфрлив и газираните сокови.Сега пијам вообичаено по 2-3 л. вода или чај од нане (го обожавам ) БЕЗ ШЕЌЕР, започнав со Бразил Бат Лифт програмата..и Хип Хоп Абс..имам стомачни мускули речиси формирани.. стегнат задник и нозе без целулит. Во слободно време трчам, користам кафе.. за пилинг и суво четкање коешто е многу ефикасно во борбатаа против целулитот..СЕГа повеќе не ми е срам да се соблечам на плажа.
Јас еве месец дена користам Сатва од бршлен, буквално секоја вечер се мачкам со масажерот од Орифлејм, не да гори, пржи, пече, чеша уфф...али све због лепота ... Исто пијам анатицелулитен чај Танана...не дека има некои Ваууу резултати ама колку-толку ми се подобри текстурата на кожата. Сега површински ли длабоко ли, во секој случај не изгледа толку гадно Инаку важно е и масирањето да е правилно. Првин кружни движења обратно од стрелките на часовникот, потоа цик-цак и на крај осмици (ова со масажерот го правам).
Колку го мразам зборот целулит толку многу повеќе мразам да го гледам. Мој спас од целулит е водата.Јас сум од онаа група луѓе што ако немора нема да се напие вода.Ама ја решив дека мора да пијам и еве до денес месец дена како секој ден пијам по 3 литри вода и целулитот видно ми се намали. На колковите изгубив дури по 4 цм. јас вака практикувам - наутро на гладно пијам 1литар, по ручек уште 1 и пред спиење уште 1литар вода. Да тешко е првите 2 дена но се е навика и цврста воља. Внимавам и на исхраната се хранам пред се здраво , без леб, без благо ,газирано. Користам и антицелулитна крема од папаја на Афродита но не верувам многу во нејзиното дејство , ја користам затоа што со неа подобро ми оди масирањето на делови каде имам целулит. И така јас од водата не се откажувам а за вас не знам
Рачен масажер можеш да порачаш од каталозите на Орифлејм и Авон,а за електричен разгледај во продавниците каде има апарати за лична грижа и убавина.
Можам ли да ги ослабам стомакот и нозете само со пиење зелен чај и нормална исхрана? Да напоменам дека кафе не пијам,газирани сокови,многу ретко јадам брза храна.
Па не би рекла. Јас пијам зелен чај секој ден и нема некој голем ефект врз слабеењето, само минимално и нема да ти се јаде многу поради тоа што ќе внесуваш поголема количина на течности. Врз целулитот делува тоа да, ама мора пак да се има некоја физичка активност за да се има некои видливи резултати. Вака само ако седиш и пиеш чај нема да имаш никаков ефект.
Од седење дома, нема спомени. Иако внимаваш на исхраната, зелениот чај нема да ти помогне многу без физичка активност, сигурна сум дека можеш еден час од денот да одвоиш за тоа, се работи за твоето тело, а и убавина, и внатрешна и надворешна.Здравјето пред се !
За κолκу вρеме ги постигна ρезултатите? Јас веќе месец дена сум физичκи аκтивна СЕΚОЈ ДЕН. Пρавам slim in 6 сеκој ден и insanity и brazil butt lift наизменично, значи два пати на ден по пρосечно 40 минути. Сеуште имам целулит и стρии и ефеκтот до сега е поцвρсти мусκули на нозете и пρилично видлива пρомена на стомаκот. Да напоменам деκа пијам многу вода, бρза хρана еднаш во месецот маκсимум, не јадам сκоρо ич леб, е сеа за благото знам да си потκаснам по нешто. Што споρед вас би тρебала да пρоменам за да постигнам подобρи ρезултати?
Мила моја твоето тело, ќе направи се што умот ќе му заповеда, неможеш резултатите да ги видиш за само 2 месеци потребен е континуитет, иако резултатите полека но сигурно ќе доаѓаат, твојата самодоверба ќе биде зголемена.Мојот совет е да се фокусираш на здраво тело, да бидеш упорна и истрајна, да не се откажуваш.Верувај не си свесна што можеш да постигнеш.Потребна ти е мотивација и високо поставени цели, кои секако, можеш да ги оствариш.
Дали некој правел антицелулитни масажи? Има резултати? Само ми е за џабе да не ги фрлам парите, ако имал некој искуство нека пиши, важно ми е
Девојки, ја имате ли користено оваа крема и дали е ефикасна? Ја видов денес во Зегин, на акција е, за само 200 денари.
Сите пари инвестирајте ги во здрава храна,фитнес и бидете дисциплинирани. Ниедна крема,ниедни хеланки нема да ви го тргнат тоа масно ткиво ако не се помачите малце.
Го почитувам тоа што го работиш и несомнено е дека си одличен во тоа. Советите и мислењата кои ги даваш на форумов се навистина добредојдени и корисни. Но, понекогаш дозволи да слушнам мислење и од некој друг, а притоа ти да не дадеш коментар дека ова или тоа не чини, нема никаков ефект итн. Можеби јас и други членови на форумов инвестираат во здрава храна, вежбаат итн, ама дополнително сакаат да се информираат и да слушнат мислење за некои препарати кои само може да допринесат во ефектите кои ги даваат здравата храна и вежбањето. Фала многу.
Со хеланки и со креми без физичка активност може да се отстрани целулитот под услов ако сте на идеална тежина и идеален обем и несакате да слабеете туку само да го елиминирате целулитот. Многу пати имам напишано дека за еден месец сум успеала да го отстранам целулитот и тоа со хеланки, креми, масажи со талог од кафе и косумирање по литар зелен чај на ден и минимум уште литар вода. Елиминирајте само сол, шеќер и пржена храна и лесно ќе се ослободите од целулитот. Плус препраратите за третирање целулит имаат намена и да ја зголемат циркулацијата и ја менуваат текстурата на кожата. По неколку дена третирање кожата одма станува помазна и позатегната ама тоа сепак зависи и од средството што се користи и начинот на кој се прави масажата. Секогаш се прави со кружни движења од доле па нагоре додека смесата не упие во кожата и тоа минимум по два пати на ден, наутро и навечер. Туширањето да биде со топла и ладна вода наизменично исто наутро и навечер со талог од кафе или специјални пилинзи со антицелулитно дејство. Ако се користи и масажер рачен, најобичен уште подобро. Со физичка активност разултатите може да бидат многу побрзи ама пак ќе мора да се користат и креми.
Јас се ослонувам на научни истражувања ќе линкувам нешто што сум го превел. http://karas4training.com/mk/training/g ... cija-e-mit Но, јас сум скептичен дека соединенијата во овие креми стигаат до масните клетки во областа каде се нанесуваат. Кожата содржи голем број на крвни садови, а повеќето од состојките кои се наоѓаат во овие креми го наоѓаат својот пат до крвта долго пред да бидат во близина на масните клетки. Аминофилин , слично како кофеин, има диуретично својство, што значи дека ја стимулира загубата на вода . Тоа се однесува на загубата во студиите што ги спомнав. Покрај тоа, британскиот истражувачки тим откри дека аминофилинскиот крем немаше никаков ефект врз длабочината на мастите на бутот кога се применуваше двапати дневно во период од 12 недели. П.С и кога сме веќе кај кремите и што помага еве цела статија за тоа. http://suppversity.blogspot.com/2013/07 ... ology.html
мене зелениот чај како да ми ги исфрла вишокот течности но како целулитот повеќе да се познава можеби и дека само што започнав да го пијам
Прашање за девојките кои го користеле Сатва антицелулитниот балзам од Алкалоид. После колку време од употреба сте забележале подобрување и намалување на целулитот? И дали само на одредени места ви црвенее кожата после нанесување или на сите места на кои сте нанеле и масирале? Кај мене само пределот околу колената се црвенее и на бутовите одпозади