Долго време му се мислев на и денес кога паричникот беше скржав му се решив и го купив и да знаете дека не погрешив. Имам и порано пишувано дека мака мачев со целулитот и сега имам онака малце кога ќе притиснам ама сакам и тоа да го нема де Долго ја користам оваа крема ама скапо ми излегува пошто јас немам мерка колку ставам. Резултати од неа имаше не да немаше , иако јас најголем резултат си признавам на пиењето вода по 3 литри на ден. Ама од Сатва ефекти сигурно ќе има се намачкав прееска ама луѓе ме печат нозете и задникот толку многу што неможам да седам. Буквално кожата ми гори Е тоа вакво дејство ни приближно не го осетив со Афродита
Дечки ај ве молам препорачајте некоја слаон што нуди пакети за аницелулитни масажи (би било добро да има објавено на групер, купи на попопуст...), така некој исплатлив пакет, ама да биде во центар (дебар маало, капиштец, близина на универзална...Разгледував по групниве попусти, ама за центар слабо има :/ Tnx
Девојки ставив неколку кг.+ и си добив целулит.Бидеќи никогаш не сум илала ми смета и си порачав антицелулитен крем,но кога ќе ставам не осеќам никакво пецкање.Во мислењата погоре читав дека треба да печи.Тоа значи дека не е доволно ефикасен???Почнав да го користам пред некоја недела,од позната австриска фирма е.
Нема лек за стрии. Единствен лек е да имаш стабилна тежина и да не правиш толкава јо-јо со килажата. Трпение.
Стриите не се лекуваат, освен ако се црвени има креми за нив ама после обелуваат и такви остануваат. Џабе ќе си фрлите пари и тежина да имате нормална стриите ќе си останат, бидејќи кожата е еластична се тегне кога ќе се здебелите. Тоа е тоа.
Јас имам користено, и помага, но само краткотрајно.Кожата е веднаш мека на допир. Али без средена исхрана, многу вода и физичка активност не постигнуваш ништо. Верувај, јас цела бев дупки и нерамнини на задникот, сега немам ништо. А и да, зелениот чај исто ми беше од голема помош.Пиев по литро на ден и супер ми беше.
Zdravo....koristam solution od Avon ima efekt no ne koj znae kolkav...a od satvata defenitivnoo ima mnogu poveke....koristam I mazsazer od top shop vo kombinacija so satvata I ima mnogu rezultati...
Си купив анти целулит гел на танана, ама си купив и ми стои на биро си ставав ена недела и сеа така си стои, ако некој ме праша да кажам дека имам......цццц смотанааа
Едно прашање девојки, вие кои користите талог од кафе? Дали забележувате промена во мирисот на кожата? Јас го користев многу редовно едно време, иако да бидам искрена, ништо не ми се чинеше дека ми го реши проблемот со целулитот, но како да ми се смени мирисот на кожата од кафето. Престанав да го користам, и сега е ок.
Домашен крем против целулит - резултати за 7 дена! - Рецепт Да подготвите домашен крем против целулит воопшто не е тешко. А што е уште поважно, таквиот крем е многу поефикасен од купечкиот. Домашниот крем против целулит, подготвен по овој рецепт, ќе ги покаже првите резултати веќе после само 7 дена употреба...! Овој крем, исто така е ефикасен и против стрии. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 мл детски крем 5-6 таблети мумио (од аптека) 20 капки етерично масло од портокал 3-5 капки масло од цимет Спојлер Направете сами масло од цимет - има афродизијачки и антибиотски својства - Подготовка Циметот се добива од дрво кое потекнува од Азија а најзастапено е во Индија, Шри Ланка, Бразил и Мадагаскар. Како зачин и лек се користи уште од времето на древен Египет. Во Европа се зголемува интересот и побарувачката за циметот во Средниот век, и станува основен производ на трговијата помеѓу Блискиот Исток и Европа. Овој зачин бил повреден од златото а се чувал и транспортирал со вооружена придружба. Неговиот егзотичен вкус со текот на времето го освоил целиот свет, но во прв план поради неговите многубројни лековити својства. За подготовка на домашен антицелулитен крем најпогоден е детскиот крем (било кој) бидејќи има идеален состав на масла и влага, а не содржи дополнителни хемикалии. Таблетите мумио се користат многу често не само во борбата против целулитот, туку и за стрии. Мумиото ја затега кожата, ја зголемува нејзината еластичност, ја прави мека и свиленкаста. Во борбата против целулитот многу се ефикасни и цитрусните етерични масла. Може да се каже дека тоа е нивната вистинска намена. Сами можете да одберете кое масло ќе го употребите: масло од портокал, лимон или лимета. Цитрусните масла ја затегнуваат и ја хранат кожата со корисни состојки. Маслото од цимет, не само што поседува пријатна арома, туку е многу делотворно во борбата против целулитот. Во комбинација со цитрусните масла дава одлични резултати! ПОДГОТОВКА: Во една стаклена тегла (не помала од 150 мл) ставете 100 г детски крем. Потоа додадете ги таблетите мумио кои претходно сте ги истолчиле во прав (ако ги оставите малку во фрижидер, полесно ќе се здробат). Додајте 20 капки цитрусно масло и 5 капки масло од цимет. Сите состојки темелно промешајте ги, затворете ја теглата и оставете ја да отстои 8-10 часа. После тоа измешајте повторно. Вашиот антицелулитен крем е готов. Не заборавајте после секоја употреба добро да ја затворите теглата. За најдобри резултати потребно е кремот да го нанесувате секојдневно на проблематичните делови, со силни движења и енергична масажа. Првите резултати очекувајте ги после 7 дена. РОК НА УПОТРЕБА: 3 недели. Потоа направете нова доза. По нанесувањето на кремот, оставете тој добро да се впие во кажата, а потоа облечете се. Можно е да останат темни дамки од мумиото, но тие лесно се перат.
mal.ecka не мора да значи дека ако не пецка кремата не е ефикасна. Тој ефект на пекцање (т.н. контактен дерматитис) го дава екстрактот од бршлен кој го има во некои препарати.
Во една емисија на доктор Оз многу го фалеа аминофилин кремот во борбата против целуитот. Дали некоја од вас го има користено?