Девојчиња во план сум да го купам купонов од групер, па сакав да прашам за совет некоја од вас. Дали мислите дека ќе има некое подобрување? Не сакам да слабеам, не сум дебела но имам видлив целулит на задникот и задниот дел од нозете Почнав да ги вежбам insanity неколку дена па сега се префрлив на brazil butt lift мислам дека тоа поише фајде ќе има за мојов проблем. Како и да е дали мислите дека вреди да фрлам 3 илјадарки за зделкава од групер дали ќе има фајде некое да ми се намали целулитов на задникот? http://grouper.mk/skopje/deal/edelweiss-paket-protiv-masni-naslagi
^ Јас би те советувала да не си ги трошиш парите. Три илјади човече? Продолжи со вежбање и пиј многу вода. Јас вежбам активно веќе повеќе од месец и (иако не ми беше тоа целта) забележав намалување на целулитот.
Сите велат дека треба многу вода, ама мене некако многу ми е подуен стомакот од водата...ко да сум изела цел сендвич Има ли и некој друг ваков проблем или до мене е? А за парите ќе ги прежалам некако само да знам дека ќе има некој ефект...страшно се нервирам коа ќе си го видам задников
^ Не знам, јас многу често мочам (дури и ме нервира тоа некогаш и не ми се верува каква информација споделив со вас ), па не ми се подува стомакот.
Хахахахах блазесити, а кога веќе почнавме со вакви информации, јас најискрено не мочам многу често па можда затоа кај мене е таква ситуацијата Друг некој да сподели инфо за масаживе дали имаат ефект некаков?Anyone?
Баш сакав и јас да прашам околу овие третмани, дали некој воопшто бил? би сакала и јас да ги испробам.. зборувам за врапинг,стимулација и слично, што одат во пакет ама ми е страв, до сеа не сум прочитала такво мислење
Значи ќе ви кажам не фрлајте пари за креми не помагаат, ни една крема неможе да го извади целулитот. Купете си лимони ... за лимонада. Првиот ден во големо шише направете си лимонада со 2 лимона . И цел ден ке го пиете . Вториот ден со 3 лимона , третиот со 4 и така све до 7. Па одново почнувате со 2 лимончиња и така натаму. Практикувајте си го ова еден цел месец без шеќер нормално ке видите каков ефект има За уште поголем ефект можете да си правите чучеви 2 пати по 10 2 пати во денот или повеќе ако можете. И пешачење. Пробајте и ке се изненадите
Јас, имав многуу целулит на нозете и задникот, со активно вежбање особено со бразил бат лифт, + 3-4л. дневно вода, во слободно време теретани, без брза и мрсна храна, а од додатоци пиев б комплекс со фолна киселина + витамин Ц, еднаш дневно, пилинг со кафе околу 15 тина минути и најизменична вода за време на туширање ( топла-ладна, за стимулација на циркулација), а да во тоа кремите немам верба сум пробала, со бршлен, кафе, чили, но ништо. Намалена конзумација на сол и шеќер, секојдневна физичка активност ЗАДОЛЖИТЕЛНО. Не само што ќе го отстраните целулитот туку и ќе си го подигнете и обликувате задникот. Кожата е мазна и сјајна, хидратирана. Ако некој има некое прашање подетално, стојам на располагање.
И јас си го имам излечено. Литро зелен чај со лимон и ѓумбир + литар вода + секој ден трчање по 2-4 км. Додатна употреба на антицелулитни креми и гелови за туширање без да внимавам посебно на исхраната за месец дена ми исчезна. Немав којзнае колку ама се здебелив нагло некое килце и одма излезе на виделина на задникот и бутовите. Сепак мора константно да се одржува некој ред затоа што пак ќе се појави ако престанеш да му обрнуваш внимание. Инаку кремите и те како помагаат. Барем кај мене, едната крема што ја користев ми помогна и во намалувањето на обемот на бутовите, кожата ја затегнуваат и ја прават поеластична, едноставно го убрзуваат процесот.
Биотерм, оваа помага за намалување на обемот, содржи некои алги и 5% чист кофеин. Се мачка наутро и навечер, има разладувачки ефект, а потоа загрева. Многу е чуден. Кларинс го користев за целулитот. Во него има упатство за употреба, детално е опишано со слики како треба да се масирате за да постигнете најдобри резултати. И навистина се гледаат резултатите, разлика има во текстурата на кожата уште наредниот ден. Исто така треба да се мачка наутро и навечер.
Летово и мене ми се зголеми целулитот на задникот и бутовите. Едно месец-дена бев чокохолик. Џабе ми беше и трчање и вежбање. Сега цел ми е до нова година да тргнам барем дел од ова, а до летото целосно да го тргнам. На кремиве баш не им верувам. Гледам да си ја средам исхраната. Целосно исклучив благо и брза храна. Се трудам трудам да пијам повеќе вода. Сокови одамна веќе не пијам, со тоа немам проблем. Исто така, три пати неделно вежбам по еден час. Се надевам дека ќе успеам, веќе крајно време е. Ако има напредок ќе напишам во темава, ако не, сметајте дека пак сум се откажала. Тоа нека ми биде нешто како мотив.
јас сум одела, на кавитацја, LPG, антицелулитни масажи, и не да помагаат, предобри се, само доста пари треба да се даде по тие работи, од еден пакет не се постигнува резултатот, јас земав тогаш 4-5 пакети, и бев пре презадоволна... така да кој има пари нека проба со тоа, секако ќе му помогнат, само успат и премногу се болни, целото тело после тоа ти е со модринки, ама вреди...
Може да ми каже некој што користел Satwa кога како ја нанесувал, зашто јас купив и ставав на бутовите со кружни движења меѓутоа не чувствуав ни пржење ни ништо на нозете а на рацете ми се појави црвенило и ме пржат
Јас ја користев и ја нанесував директно на кожата и само кружно масирав, и се упиваше пополека, првите денови немаше ефект на бутовите но после третото аплицирање кожата ми се зацрвенуваше и топла ми стануваше на допир, значи почнала да делува. Можеби ќе имаше ефект ако продолжев да ја користам ама после првото потрошено шише се откажав од кои причини не знам.
Мимс, може отприлика да кажеш колку пари беа кремиве (ако се скапи, ич да не ги барам, и така е зима ) и како ги користеше, едната па другата во исто време, или во различни периоди ти се користени? И на пр, едно шишенце колку време ти тераше (месец можеби? ) tnx