@b.o.n.i Црвената - Кларинс е околу 3000 ден, трае точно 5 недели со масирање наутро и навечер. Сината - Биотерм е околу 1500-2000 денари и трае два месеци. Помала количина е потребна за да се намачкаш убаво. Прво ја користев антилцелулитната, па отакако престанав почнав со сината крема за намалување на обемот на бутовите и стомакот. За тие пари многу подобра инвестиција е да си уплатиш масажи во козметички салон, а можеби и подобар ефект би имала од тоа.
здраво, незнам колку е соодветен коментарот за тука, ама ме интересира дали некој има одено во салонот Тренд ас, сакам да купам од пакетиве што ги нудат за третирање на целулитот па ми треба мислење, фала
јас мислам да ја земам Q10 Nivea ми имаат кажано дека е многу добра не ја имам испробано и не е скапа околу 600 ден.има ли некоја искуство од неа???
Фемина јас кога имав видлив целулит (немав многу онака колку да боде очи само) се масирав два пати на ден, наутро и навечер. По 10тина минути на проблематичните делови. Сепак провери го и упатството на производот што ќе го користиш ама скоро на сите е препорачливо два пати дневно.
Јас се борев долго време со целулитот и од Америка крема за целулит брендот е ЕЛЕМИС многу добра околу 40 долари ми се чини дека беше .Се масирав секој втор ден околу еден месе .Од тогаш немам целилит ама еднаш неделно се мачкам со најобична крема од Бршлен против целулит која за ја купив од Зегин за 260 денари си сум супер задоволна
Откако се породив со помалиот син, имам многу целулит. Имав и пред тоа, ама сега имам повеќе. Препорачајте ми некоја ефикасна крема.
Најдобро ти е да земеш масажер. Јас имам еден во форма на делфин и го продаваат, гледа, по пазарите. Не е скап, отприлика 500-600ден. Убаво дрма па мислам дека е ефикасе и без крема за целулит. Масирај се по 15 минути секој ден и би требалло да има ефект @SummerGirl не знам заа другите ама мислам дека кремите не помагаат многу ако нема избалансиррана исхрана. Без масло, сол и зачини. Исфрлање на јагленохидратите. Многу месо и зеленчук, најмногу помагаат за целулитот
избалансирана исхрана и вежбање и многу вода јас имав многу со ун диетата месец дена вода 3 4 литри на ден и вежбање ми се намали имам уште малку....
lugeeee jas porano ama bas porano sum zemala krema protiv celulit od green line ja mackav i odozgora zavitkana vo naj. folija onaa prodzirnata za vo kujna ..... nemate poim znaci bev bebe ama sega ne mozam da ja najdam .... ma ne ti treba ni vezbanje samo mockas i mockas
Најубаво е да се занимаваш со спорт, кога ќе си дојдеш дома право бања - во водата да ставиш сол ( јадра ) Мајка ти може да те масира со таа вода. Од кога ќе те измасира исплакни се и земи само телото со сапунче, да не користиш гелови и други препарати за тело ... мене ми има помогнато, се надевам и тебе
Голем скептик сум кога се работи за губење на целулитот. Од девојченце си го имам а во последните година две е влошена состојбата. Кога пуштам стомаче ми се познава, стандард си го имам на бутовите. Единствен лек против целулитот е да не мислам на него и да не се гледам со упалено светло на огледало. Јас сум една од оние која има тврдоглав целулит, но во последно време со вежбањето како што почна да ми се оформува мускулче, глетката е поподнослива. Кај мене најголеми резултати во борбата против целулитот покажа исхраната. Белиот леб и шеќерот аут, значи тотално аут, ако имам криза за благо , каснувам две, три коцки црно чоколадо,никако газирани сокови, тоа прв чекор, паралаено вежбањето (чучњеви, скокови, расчекор) и масажите за крај. Препорачувам гел од бршлен или глина. За стрии некој праша. Си правам сама масажи и измислувам сама рецепти со растителни и етерични масла. Немам палети од масла и од што го имам на располагање, правам. Немам цитрусни масла но за истат цел ќе послужи арганово масло ја имав и таа среќа да ми го испорачаат од Мароко, комбинацијата од тоа со неколку капки рузмарин и масло од мирта ја прави кожата убава. Наместо кора од портокал, ќе имате кора од лимон, нешто поублажена варијанта