Здраво Феминки, Скоро се придружив на форумов сега сакав да ви дадам еден предлог крема против целулит од која многу многу сум задоволна, веднаш се видливе резултатите, барем кај мене. Има благо чувство на пецкање и малку поголемо на топлина. Се надевам ќе помогне како кај мене Поздрав
izvinete ako sum aroganten no nikakvi kremovi nema da vi pomognat mrzi edni , stani na sabajle i odi da trcas imaj fizicka aktivnost ni celulit ke imas nisto , i vnimavaj malku na ishranata.
женчиња мене оваа крема ептен ми ја пофалија. Породена сум пред 11 ипол месеци и имам стрии на стомакот од бременоста. Читав искуства демек делувала и на целулит и на стари стрии ги снемувало. Дали некој од вас има искуство? Ве молам споделете ако ја користите. Ја купив јас, пред неколку дена па ќе видиме.
Ја земав од една жена, германско производство таа била зачленета во некоја германска брошура нешо како што се авон или незнам шо. Па ги порачува од таму и ми ја испрати по брза пошта мене до дома. Инаку пишуваше и во кои продавници во Германија може да се најде, само треба да прочачкам да најдам па ќе кажам. 515 денари е.
Може да се јави некој како мене што му помогнала крема? Еве јас кревам два прста Ако користиме креми не значи дека сме мрзи невидени, се излежуваме по цел ден и јадеме што ќе ни текне. Јас конкретно имам пробано неколку креми, некои со помал, некои со поголем ефект. Вежбам со години наназад, внимавам на исхрана, вода (или чај) пијам повеќе од 2 литри дневно, ама и кремите си го прават своето, особено масажите. Сум забележала видливи разлики во измазнување на кожата после определено време. Што се однесува до темава, јас лично најзадоволна бев од една крема од Авон во виолетово пакување, ама веќе ја нема. Имаше масажер на самата тубичка. Сега си ја порачав новата во црвено пакување, па ќе видиме како ќе се покаже. Обавезно ќе пишам пак
devojki imam fleki po teloto, najmnogu na nozete bidejki bev mnogu pametna pred nekolku meseci, mnogu nervozi i stresovi i pocnav da se "kopam" po teloto. Pocnav da se stiskam, bubulicki, potkozni vlakna, pa toa krv ke potece pa ke se napravi koricka,jas ke ja izvadam pa pak kopaj.. Lom sum sega. Bev kaj dvajca kozni lekari i dvajcata mi dadoa ist losion koj sto ne mi pomogna. Nemam pari da si dozvolam da odam kaj Ancevski ili nekoj takov na pregled.. Help?
Пробај со природни методи. Мачкај и триј ги нозете со лимон, минимум еднаш во денот, има некои лосиони од магдонос и ловоров лист што помагале (за повеќе види во Лице, не сакам да кажувам од памет) и слично, подобро со природно отколку со секакви креми и лосиони да се шлапаш.
Здраво девојки, штотуку рецензирав два антицелулитни производи (пилинг и масло за масажа), доколку ве интересира еве погледнете http://biodevojka.blogspot.com/2015/05/blog-post_5.html. Поздрав
Не сум била никогаш на третмани за целулит читав по интернет и викаат као џабе се ама јас и почнав да вежбам и ако одам напредно на третмани што мислите дали ќе имам резултат ? некој нека споели лично искуство со третмани фалааа
Зависи какви третмани. Повеќето третмани за слабеење после завршувањето оставаат само висната кожа која буквално се тресе како желе. Затоа е подобро умерена разновидна исхрана и вежбање барем три пати неделно. А конкретно за целулитот - сум пробала повеќе третмани - најефикасни се рачните антицелулитни масажи изведени од професионалци (без да има крвни подливи и пукање на капилари). Масажа комбинирана со правилна исхрана и многу течности, вклучително зелен чај и ѓумбир како топач на масти е најефикасното нешто што мене лично ми помогнало. Еве, 4 години после бременоста јас немам целулит (а имав ужасно многу), иако имам вишок килограми.
Не сум била на третман,нема ни да идам.Едно имам да кажам на оваа тема..Физичка активност,вода,здрава храна,ексфолирање на кожа.Не можете да јадете што стигнете,да лежите цело време,да идете на третмани и да очекувате добри резултати.
сум била пред неколку години и се нај нај зборови, немам што лошо да кажам, иако се доста скапи, вредат за тие пари, и за тие што сакаат да ослабнат, е сега се доста болни, ама за убавината вреди, тој период немав целулит никаков, ми исчезна, ама после бременоста пак се појави, и така сега си седам со целулит,се додека да дојдам до некоја вишок пара па да го посетам салонот пак
Дали некоја гоима користено овој третман за намалување на обемот на бутови,колкови,стомак? Јас го имав од поодамна порачано(не му е поминат рокот),само од пред недела дена почнав да го користам антицелулитниот од авон на солушн со масажерот тој што е од подамна исто така го порачав и лани летото го користев,а сега пола пакување беше и го потрошив за недела,сеуште нема ефекти освен помазна и позатегната кожа,но намалување на целулитот ни минимално.Пошто не сакам да прекинувам додека да порачам нов,дали ќе биде во ред да продолжав со овој?Ќе има промени со целулитот пошто и така немам многу?И како го употребувате вие ако го имате користено?Дали да го мачкам само на кожа или можам да правам масажа со еден масажер исто така од авон за целулит што го порачав виолетов е рачен масажер?
Dali go ima nekoja koristeno anticelulitniot gel od medobil sega na gruper go ima na namaluvanje dali dava nekakov efekt,a ovoj racen masazer nesto pomaga ili ne kolku kosta .se izvinuvam za latinicava nesto so kompjuterot imam problemi.