Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Искрено да ви кажам, не ни приметив до денес.
    Месец дена пијам по литро чај секој ден, топол, незашеќерен, претежно од зелени треви, коприва, нане и така натака. Денес забележав дека целулитчево доста самото од себе ми е намалено. Не мачкам ништо, а се се канам, кога оно...ете што му требало - дитокс.
     
  2. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    Isto i jas veke nekolku godini probav se ama nema nikakvi rezultati
     
  3. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Целулит имаат и слабите и пополничките, па тоа не е и толку важно. И најзгодните манекенки на фотошоп ги средуваат. Како се чувствувуваш, тоа е важно.
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, еве ме повторно во секогаш актуелната тема за целулитот...овојпат сакам да ви понудам една многу ефикасна знтицелулитна маска која може да си ја направиме сами дома. Многу е лесна за подготовка и имате неколку варијанти во зависност од состојките кои ги имате дома (секако ако немате некоја состојка нема сигурно да ве терам специјално да ја купите за маскава :)). Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав и прекрасно попладне на сите.

    Tuesday, July 7, 2015
    Антицелулитна маска од глина

    [​IMG]

    Здраво,

    маската од глина била позната уште од дамна како најдобар пријател на кожата во подобрувањето на структурата на кожата, особено при лекувањето на акните или пак во подобрувањето на неестетската појава која најчесто го зафаќа пределот околу бедрата и нозете, односно целулитот. Ете токму на оваа проблематика ќе се задржиме во денешнава статија.

    Во продажба постојат навистина голем број на препарати и антицелулитни маски од глина, и се наоѓаат навистина добри и доста функционални производи, меѓутоа доста скапи со оглед на тоа што содржат многу хранливи и скапи состојки. Целта на денешнава статија е да ви покажам како сами во домашни услови може да произведеме антицелулитна маска од глина, и тоа ќе ви дадам неколку варијанти во согласност со економската состојба, и секако состојките кои ги имаме на располагање.

    Најнапред, ако разгледаме повеќе антицелулитни готови маски ог глина, поточно, ако го разгледаме нивниот состав во декларацијата, ќе забележиме дека се составени од 3 дела и тоа:

    1. цврст или прашкаст дел кој најчесто е зелена глина во комбинација со сол, сушени алги во прав, чоколадо, кафе или какао;

    2. течен дел кој најчесто е термална вода со оглед на лековитите својства која ги има врз кожата;

    3. етерични масла, кои не само што даваат прекрасен мирис на самиот производ туку се од огромна помош при лекувањето на целулитот;

    Ете откако утврдивме што треба да содржи една добра антицелулитна маска, ајде да видиме како може да ја направиме сами без да потрошиме цело богатство на готовите производи. Во продолжение ќе ви предложам една многу функционална антицелулитна маска. Количините се за две нанесувања, а течноста се подготвува пред самата употреба со цел производот убаво да се оддржи без конзерванси.

    [​IMG]

    Состојки за антицелулитна маска:

    - 4 лажици зелена глина (сетете се да користите дрвена или пластична лажица, никако метална);
    - 4 лажици какао (одберете го она горкото, без шеќер);
    - 2 лажици морска сол;

    убаво измешајте ги сите состојки во едно чисто кутивче од крема или пак тегличка, и ова ќе биде вашата база за антицелулитниот третман. Зелената глина е фантастична затоа што ја прочистува кожата, богата е со минерали и лечи разни проблеми кај самата кожа. Какаото го одбрав намерно наместо кафето, затоа што во некои случаеви се покажало многу поефикасно во лечењето на целулитот. Со овие дози добивате околу 200 гр. производ.

    [​IMG]

    Секогаш кога ќе посакате земете помала или поголема количина од смесата (зависно од зоната каде сакате да нанесете) и растворете ја со една од следниве течности или комбинации:

    - зелен чај: одличен во третманите против целулит. Направете чај и со него растворете ја базата за антицелулитна маска. Чајот нека биде топол меѓутоа не врел.

    - дестилирана вода која сепак дава убави резултати. Јас во дестилираната вода додавам и малку термална вода затоа што е богата со сулфур и дава прекрасни резултати. Ја користам онаа на Гамард и тоа не само за ваков вид на рецепти туку и ја испрскувам на лицето во жешките денови како освежувач за лице. Меѓутоа доколку немате не грижете се, слободно користете и дестилирана вода која претходно малку ќе ја загреете (да биде топла).

    [​IMG]

    Доколку сакате може да додадете и некоја капка етерично масло, меѓутоа не е обавезно со оглед на тоа што маската функционира одлично и без нив. Етеричните масла само го зголемуваат антицелулитниот ефект на истата. Јас лично овие масла ги ставив во самата смеса со цел смесата подобро да ги впие и користев 5 капки етерично масло од портокал, 5 капки етерично масло од лаванда и 2 капки етерично масло од рузмарин во целата смеса и убаво промешав. Меѓутоа повторувам, доколку немате дома етерично масла, без грижа рецептот е доволно функционален и без нив.

    Доколку сакате поголема хидратација на самата кожа, при приготвувањето на смесата додадете и малку гел од алое вера (секако доколку веќе го имате дома).

    Ете, ви дадов повеќе опции, па вие секако изберете го она што најмногу ви одговара. Маската не треба да биде ни многу течна ни многу густа, лесна за размачкување а да не ни тече по кожата. Количината на течностите регулирајте ја вие самите, се додека не добиете изедначена смеса која лесно се нанесува.

    [​IMG]

    Маската се користи на чиста кожа, најдобро доколку претходно направите снтицелулитен пилинг како оној кој ви го предложив со кафе http://biodevojka.blogspot.com/2015/06/blog-post_27.html, или пак оној со црвено вино кој ќе го најдете во статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/02/blog-post_20.html. Потоа нанесете ја маската рамномерно со помош на една четкичка, покријте со проѕирна фолија и оставете да делува од 20 до 30 мин. За тоа време слушајте музика, читајте книга или пак читајте ги статиите на мојот блог :)

    [​IMG]

    По истекот на времето, измијте ја маската со млака вода и звршете го миењето со малку поладна вода за подобра циркулација на кожата. Како за на крај, нанесете добро антицелулитно масло.

    Овој третман дава навистина одлични резултати, а и доста е лесен за правење. Доволно е да го правите два пати неделно и ќе се воодушевите од крајниот резултат. Ја подобрува циркулацијата и ја чисти кожата. Помага во исфрлувањето на вишокот на течности, а глината исто така ја прави кожата многу поеластична и позатегната. Ќе заштедите време, а богами и пари за скапи третмани.

    Се надевам дека ќе се обидете да го направите овој третман и доколку е тоа така, кажете како ви се допаднал и каков ефект има кај вас.

    Секако важно е да напоменам дека ваквите третмани секогаш се прават во комбинација со здрава исхрана и урамнотежена физичка активност. Сам по себе ниеден производ не прави чуда доколку ги занемариме останатите работи.

    Поздрав и до следната статија
    Вики
     
    На LiliMari, t-sweet, Primrose.x и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lollipop7

    Lollipop7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Незнам дали има некој пишано на темава,но јас да си кажам за оваа крема. Се работи за крема која ја прават во аптеката Марија Гален Фарм карши универзална веднаш до Броз Кафе (поточно позади). Се вика Термоактивна антицелулитна крема .Чини 450 денари а вреди премногу. Сум користела какви не креми и над 2000ден. и само оваа е спасот. Јас ја открив лани летото 3 недели пред одмор и имав фантастични резултати. Мрсна е како павловичева,со пријатен мирис и со загревачки ефект, па понекогаш ја практикував пред спиење така што ја нанесував пред спиење и потоа убаво ќе се замотам со ќебе, а понекогаш другарка ми ми правеше антицелулитни масажи со неа. Јас не ја користам често обично пред некоја посебна пригода или пред патување...од пуста мрза... А да,и многу е хидратантна и омекнува,оние со сува кожа како јас ќе ја обожаваат :D по правило треба да се користи и наутро и навечер, и исто така намалува во обем така да може да се користи и за раце, стомак итн.
     
    На barbiegirl.24, Mama25, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  6. nagjavolotbeljata

    nagjavolotbeljata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Темава ми е простудирана од А до Ш, сите мислења, до едно :D Почнав да применувам некои од нив, пилинг со кафе, пиење вода, многу зеленчук, овошје наутро, протеини со секој оброк, хидрати сведени на минимум, вежбање, чаеви, витамини... Месец дена, без мамење, но и без резултати. ;( Да, знам дека треба долга макотрпна работа и трајни промени во навиките, но ме интересира после колку време посветеност ги видовте првите резултати? Што ви даде најмногу резултати? Дали успеавте да го намалите скроз? Јас лично имам многу и изгледа ужасно, не планирам да престанам со овие рутини ама некако губам надеж дека ќе се опраи работата.. :?:
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.250
    Лани летото имав прилика да добијам тестер од наведенава.
    Оваа е истата што ја мачкаат во козметичките салони за бодиврапинг, ефектот е поголем ако се обвиткувате со ништо, ама многу зависи од типот на целулитот. Ако е вода и токсини од лоша исхрана и недвижење, има и те како ефект, ама ако е хормонски, нема ефект...
    Тајната е во екстрактот од цимет, ништо друго.
     
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Зелен чај му е мајката, по еден литар во денот.Кардио вежби, чучњеви и здрава храна вклучувајќи и многу многу вода.Резултати видливи ќе имаш по 2/3 недели.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Од лично искуство можам да кажам дека целулитот нема никаква врска со килограмите и сл. бидејќи од кога паметам за себе имам целулит ,речиси имав едвај 50кг :D,а додека пак мајка ми која се бори со вишок кг. цел живот,нема ни Ц од целулит.Веќе 1месец,активно го корстам лосионот од Алкалоид -Sattwa ,во комбинација со вежби ,но додека вежбам ,на критичните делови ставам фолија прозирна,онаа за готвење најобочната...не се форсирам претерано со вежбите и верувајте за месец резултати повеќе од очекуваното!:) Лосионот е од прилика 200ден,пробајте ништо не губите. 20-30мин. физичка активност ,пред спиење масажа со кружни движења и тоа е тоа...А да , тоа за пиење вода,не верувам дека некој пие повеќе од мене ,па еве цел живот се мачев....(facepalm)
     
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    51qVhjkx6tL._SY355_.jpg
    280 денари ја купив од аптека и мене лично многу ми помага.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Sattwa некој има користено и кои биле резултатите?
     
  12. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Jas 2 pakuvanja imam koristeno,prezadovolna , vo kombinacii so malce vezbi . Imam mnogu kremi probano,od ovaa sum prezadovolna. :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    @Iggy.A Во аптека ми рекоја дека многу пецка, вистина е? :D
    Како ја употребуваш?
     
  14. Iggy.A

    Iggy.A Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
     
  15. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Ја купив кремава и само што се измасирав почна нешто да пецка и наместо да жеже како Сатвата од оваа чувствувам ладно.
    Некој друг да сподели искуство?
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.970
    Допаѓања:
    219.525
    Пол:
    Женски
    Па да и мене како ладно ми доага кога ја ставам неколку минути. Јас ја користам веке 3 месеци и имам видни резултати дур не очекувани на нозете веке не ми се познава целулит.
     
  17. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.162
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    A kade ja ima kremava i kolku kosta,stom ima vidni rezultati da ja probame:)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Pucanka

    Pucanka Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2015
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Da postoi trcanje brzo odenje vezbi za noze i zadnik go ttgaat celulitot isto taka da me se konzumira mnogu sol i mrsna i kaloricna hrana povekje zelencuk zitarici i ovosje pozzz
     
  19. LiliMari

    LiliMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    18
    Некој пиша за кафето како ефикасно против целулит. Јас вчера кога се туширав се измасирав но несе умотав во фолија (ми беше некако невозможно -како да не испрљам све?) Пишете како тоа стручно го правоте и колку време стоите заотани) инаку кожата ми беше ептен нежна и мека :)
     
  20. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.573
    Пол:
    Женски
    Поголем е ефектот ако се обвиткш со нешто или ако не се обвиткаш? Станува збор за грешка или? И колку милилитри има кремава затоа што за таа цена баш би сакала да ја пробам.