Не знам колку е, јас ја имав во малечко пакување, за проба. Абе знаеш што, ова целулитов е цела философија. Откако установив проблем со циркулацијата ми се освестија повеќе работи. Знам дека има воден целулит со токсини, има целулит со масни келии и има целулит кој се појавува ради хормони. Има целулит кој сака ладно и целулит кој сака топло во зависност од кој тип е. Така што искрено да ти кажам не знам. Јас имам проблеми со циркулацијата и имам воден целулит, цело време мислев дека ми е од хормони. Тој се губи и со вежбање, но треба да се ставаат лосиони и гелови кои ладат. Почнав да се мачкам по нозете со гел за циркулација кој лади бидејќи отекував, штом ми се подобри циркулацијата и целулитот се намали.
@Lilit Ако не ти е тешко, ќе сакаш да напишеш по некој збор за сите видови целулит што ги наброја (секако доколку знаеш) зошто навистина не можам да се одлучам каков вид на целулит имам.
Јас мислам дека имам хормонски.Не ме прашувајте како знам. Ми се чини дека повеќе си го забележувам во деновите пред да добијам,иако не би се потпирала на моите перцептивни капацитети баш во тој период.Тогаш сите ги гледам дебели.
Јас од среда ќе одам на масажи за целулит, ќе уплатам 10, толку можам периодов. Планирам да купам крема некоја и да се мачкам секој ден дома за да има ефект, инаку само 10 масажи се малку. Ќе скокам јаже, орбитрек ќе вртам, ќе внимавам на исхрана, зошто пливам во целулит, а баш едно време немав... Мора да се погрижам добро за да исчезне зошто страшно ме нервира. Најверојатно ќе ја купам кремата на Сатва, па ќе ви пишам за резултати.
@barbiegirl.24 те пратам во темата Фемина Инстаграм, одамна ми паднале во очи нездравите оброци. Масажите и Сатвата нема да ти го решат проблемот. Те молам не ми земај за зло, ама мора малку поздраво и полесно да се храниш... чипсови, тостови... сето тоа се одразува на целулитот.
Не, таман работа. Знам, свесна сум, ама ми се јаде се. Од утре ќе се потрудам да се хранам здраво зошто многу целулит ми се појави
Епа јас немам искуство со масажи за целулит никогаш не сум имала затоа што секогаш пазам на исхрана с сите викаат дека се болни Затоа прај што ке прајш и после фрли се на трчање и вежбај нозе внимавај на себе јас трудна кога бев ни после тоа кога се породив не сум имала целулит Само здраво да се храниш Одсабајле пиј млака вода со лимон Доручкувај житарици мусли корнфлекс...со немастен јогурт млеко или чај.. После земи ужинка некое овошје... За ручек јади ручек варено да е без леб... со салата.. Навечер ако ти се јаде билло каков зеленчук касни си... Јас тоа јадам секој ден.. И ке бидеш шланг.. Хехенр ајдее претерав со пишувањевоо..
Многу е важно и кој ти ги прави масажите и каде, јас оваа година џабе си ги фрлив парите замалку и уште 10 ке уплатев. За болни се само првите две -три многу е важна техниката на масажа и искуството.
Јас да ви кажам само дека почнав со третманите. Цела сум модрици, не можам ништо да облечам. Уплатив 1 пакет и најверојатно ќе уплатам и кавитации и боди врапинг мислам се вика тоа умотувањето во ќебе. Искуства некој со кавитации? Да не фрлам пари за џабе. Вежбам секој ден, се мачкам со Сатва кремата за целулит, купив и маслиново уље ќе се мачкам и со него. Ќе купам и кокосово во тегличка, читав дека помагало и тоа за стрии и нив ги имам на нозете. Се ќе ставам, морам да го откачам веќе. Пијам чај од магдонос, зелен чај, цедени цитрони, лимони, многу вода и јадам само ориз, риба, стек, јајца, салата. Благо и леб никако, си купив чоколадо за готвење кога ќе ме фаќаат кризи за благо и едно диетално чоколадо. Многу внимавам на исхраната, па се надевам ќе има резултати.
@barbiegirl.24 и сите останати кои подлегнувате на таквите масажи, би сакала да ве прашам нешто. Дали мислите дека таа болка и тие модрици би можеле да се сместат во границите на нормалното третирање на телото? И како така дозволувате некоја девојка која има завршено само средно школо и некаков курс за козметичарка да ве гмечи, да трпите болка и да имате зелени, онолкави модрици? Како тоа да не е доволно, па уште и пари давате?! Не сакам да ги навредам козметичарките, ама за да правиш такви третмани, во најмала рака треба да си дерматолог. Има целулит и целулит, не е само да нашљакаш крема и да масираш. Целулиот треба да се третира многу подлабински, почнувајќи од самиот начин на живот, значи храна, големи количини вода, спортување, нормално функционирање и ред други работи. Не се решение 10 масажи, чаеви и сменет режим на исхрана, па да очекувате магични резултати. Во телото се вложува постојано, а не периодично. Затоа и телото си дава знаци, кои не ни се допаѓаат, па ајде ќе го малтретирам сега, некој демек грутки ќе разбива, а они се таложеле со години. Не сакам никого да навредам со горенапишаното, само сакам да ја доловам реалната слика.
Важно е да не јадете сол и да не јадете мрснооо незнам како ви се иде по третмани болки да трпите место да земете да трчате да спортувате вие ко тепани по улица ке одите боже боже...
Имате право да, ама јас имам премногу целулит и морав и третмани и се. Јадев грицки, благо, не се движев и тоа се последиците...
Колку целулит и да имаш, доколку вежбаш, пиеш вода, чај, јадеш здрава храна, имаш нормален био- ритам, сигурно не за две недели, ама со тек на време, ќе се намалува.
Imam procitano deka dokolku taa masaza za celulitot se izrabotuva profesionalno,na vistinsliot nacin,deka ne treba da bide bolna i ne treba nikako da izlezat modrici kolku e tocno ne znam..
Имам прилично многу целулит на задникот и на нозете но не знам што да користам за да отсранам доколку знекој знае да ми каже
Секој организам си е различен така да неможе да зборите. Има и спортистки кои имаат целулит така да се паѓа во вода... Секој треба да си го знае најефикасното нешто за неговото тело, мене целулит ми се намалува со зелен чај, на сестра ми не. Различен метаболизам, различен организам. Не се согласувам дека треба којзнае што да се направи за да исчезне целулитот и дека неможе брзо да изчезне. Може, немора да се направат некои драстични промени. Низ масажи мора да се помине како и да е, масажите се поефикасни од вежбањето. Прво мора да се разгради тој целулит па да почне да се топи. Секако само масажи нема да помогнат, мора детоксикации на организмот, вежбање, средена исхрана, што не значи дека несмееш да кснеш пржен компир или хамбургер па ич или чоколадо, ксни еднаш неделно помала количина, немора толку да се потресуваме. Масажите не се воопшто бескорисни, козметичарката сигурно повеќе знае од мене дома сама да се стискам со масажери и чуда. Е сега тоа со модриците зависи од самата кожа, ако толку болка осеќате треба да ја предупредите да биде поблага... @barbiegirl.24 твојот план ми се чини супер, прдржувај се до него и ќе успееш да го елиминираш целулитот. Исхранта избалансирај ја, не биди толку ригорозна. Подобро млечно чоколадо да кснеш одколку тоа за готвење...