Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Ефикасни се :) барем кај мене....
    јас купив крајов на јануари за да одам во февруари ама никако не можам да си најдам друштво, не ми се оди сама :)
     
  2. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Драги феминки,
    јас веќе подолго време на секое туширање се мачкам со талог од кафе (ама кафе без шеќер) по деловите каде што имам целулит и многу ми помогнааа ... по само првото нанесување ќе ја забележите разликата и ќе осетите колку кожата ви е хидратирана, мазна и затегната ... Испробајте и споделети ги со мене вашите искуства со овој испробан рецепт ... Позз :)
     
    На sikica7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Сум пробала со кафево, но многу се гнаси после и кадата и се...дури се измие после, тешко :D а еднаш дневно го правиш ова или ?? И колку време ?
     
  4. #Пепи

    #Пепи Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Еее па ти колку се гнаси, посе само со тушот и се плакне :) не го правам секој ден туку еднаш до два пати неделно :)
     
    На s&s му/ѝ се допаѓа ова.
  5. babyboy*

    babyboy* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    A kolku talog stavate i kolku vreme vi sedi?..masaza nesto treba ili ne?.. inaku momentalno go dojam sin mi ama ne e stetno kafeto neli? Zosto jas ne pijam sekako :) a znam deka kremite ne se dozvoleni sega za mene
     
  6. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.053
    леле аман со тоа доење, фама фама и поише драма! Не, талог од кафе на газот не му штети на млекото. И да пиеш не штети.
     
    На blackwave, Heidy, Jason123 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. babyboy*

    babyboy* Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Kafeto ne go pijam voopsto nikogas,ne sum ljubitel..inaku kako sto znam moze da prasame se sto sakame ili treba da vi se izvinam??? ..ako moze nekoj sto znae da mi odgovori na drugite prasanja..fala
     
  8. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Јас пробав со талогот, од едно кафе без шеќер сварено, целиот талог... го измешав малку со маслиново масло и го размачкав на местата кај што имам целулит и ги масирав малку зафатените места... потоа со прозирна фолија ги извртив и оставив така пола саат :) по измивање кожата е видно помазна :) се надевам дека со често повторување на постапкава и целулитот колку-толку ќе се изгуби :)
    Иначе, воопшто не е штетно кафето при доење, ниту за пиење, ниту за нанесување на талогот :)

    Good luck! :*
     
    На sugarlips и Winter Lady им се допаѓа ова.
  9. hunny20

    hunny20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    83
    Пред месец дена го пробав ова со талог од кафе бидејки многу феминки се задоволни...ама мене бе леле ич не ми помага :(:( вистина ја прави кожата помазна ама мене ефектот ми како да сум направила пилинг... барем кај мене нема ефект што ми е многу криво... али не губам надеж еве баш од денес ќе се борам со него поактивно. Јас немам многу али почнува да се појавува повеќе . Друго што користам против негово создавање е сокче од цитронче одсабајле. Можам да кажам дека има некој ефект за спречување ама со постоечкиот е проблем. Поздрав
     
  10. Celebrity033

    Celebrity033 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Јас откако знам за себе имам целулит на нозете и без разлика на мојата активност јас никако неможев да го намалам, покрај што летно време возам редовно ролери и вежбам а зимно време само што вежбам немам никакво подобрување во врска со тоа но исто така пробав со креми и масажа сама си правев ама ништо не ми помогна.. :( незнам што повеќе можам да направам за барем да го намалам целулитов.
     
  11. HoneyHoney

    HoneyHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    а колку пари е кремата? :)
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Околу 2000 денари, но се враќа пак ако престанеш да се мачкаш.
     
    На HoneyHoney му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, доколку ве интересира, еве една интересна статија за антицелулитни етерични масла кои имаат фантастичен ефект во ублажувањето на оваа неестетска појава. Поздрав

    Најдобрите етерични масла со антицелулитно дејство

    [​IMG]

    Антицелулитните третмани пожелно е да се прават во текот на целата година, меѓутоа за време на зимскиот период некако сме помалку активни, покриени со еден куп облека и најчесто на оваа тема размислуваме со појавата на првите сончеви денови. Тогаш почнуваме со антицелулитни третмани, масажи, купуваме масла, креми и какви сѐ не производи за домашни третмани. Јас лично ги обожавам маслата како производ за третирање на оваа проблематика со оглед на тоа што при нивното нанесување се прави и кратка масажа, која го зголемува дејството на главните компоненти и секако ја поттикнува циркулацијата.

    Голем број на антицелулитни масла содржат или екстракти или етерични масла кои се наменети за оваа проблематика, и токму во оваа статија ќе ги разгледаме најдобрите антицелулитни етерични масла, и оваа година порано ќе се подготвиме за летниот период.


    [​IMG]

    Етеричните масла се корисни во антицелулитните третмани затоа што ги содржат најдобрите активни состојки од растенијата од кои се извлечени. Без нив базното масло, преку кое истиве се аплицираат, не би имало толкаво дејство само по себе. Постојат поголем број на етерични масла кои се одлични како антицелулитен третман, со оглед на тоа што постојат голем број на билки богати со корисни состојки од овој вид, меѓутоа во продолжение ќе ви ги наведам оние најефикасните кои лесно може да се најдат и кај нас.

    1. Етерично масло од рузмарин

    Според мене, ова етерично масло е едно од најдобрите кога станува збор за антицелулитните третмани. Негово основно дејство е да ја подобри микроциркулацијата, а со самото тоа и да го спречува задржувањето на течности. Што помалку течности се задржуваат во организмот, толку помалку целулит се формира. Ова масло исто така има и липолитична активност, односно го помага топењето на мастите. Одлично е во комбинација со некое од цитрусните масла како портокал, лимон, мандарина или цитрон.


    [​IMG]

    2. Етерично масло од лимон

    Етеричното масло од лимон е исто така одлично како антицелулитен третман со оглед на тоа што ја стимулира лимфната циркулацијата и помага во исфрлувањето на токсините од организмот. Сличен ефект има и етеричното масло од грејпфрут.

    [​IMG]

    3. Етерично масло од горчлив портокал

    Иако целулитот се нарекува кора од портокал и на сите слики е претставен токму со кора од портокал, малкумина знаат дека токму портокалот (односно етеричното масло) е голем алеат во антицелулитните третмани. Ова етерично масло ја прави кожата позатегната, покомпактна и помазна. Одлично се комбинира со скоро сите останати етерични масла кои служат за оваа намена.

    4. Eтерично масло од лаванда

    Освен атицелулитните бенефиции, ова етерично масло е од огромна корист и во третманите против стрии. Одлично ја измазнува и затега кожата, ја враќа еластичноста и има смирувачки ефект. Кожата е посвиленкаста и помека.

    [​IMG]


    5. Етерично масло од цимет

    Ова етерично масло има затоплувачко дејство врз кожата, ја подобрува крвната циркулација и го помага исфрлувањето на токсините.

    6. Етерично масло од мента

    За разлика од многу етерични антицелулитни масла кои згреваат, ова етерично масло дава разладувачки ефект врз кожата. Одлично е доколку страдате од подуеност во нозете со оглед на тоа што веднаш дава чувство на олеснување.


    [​IMG]

    Секако постојат и многу други ефикасни етерични масла како: чемпрес, гераниум, ќедар, ѓумбир и др., меѓутоа потешко се наоѓаат кај нас, а мојата цел е да ви предложам нешто што лесно ќе го најдете во продавниците за здрава храна и аптеките низ републикава.

    Одберете си едно или повеќе од горе предложените масла, затоа што во една од следните статии ќе ви предложам едно фантастично домашно антицелулитно масло, кое има огромен ефект.

    Запомнете дека етеричните масла не се нанесуваат чисти на кожата туку растворени во некое базно масло во различна пропорција во зависност од намената. Доколку сакате да се информирате повеќе околу етеричните масла, ви советувам да ја прочитате и следнава статија http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/blog-post_16.html.

    Доколку сте бремени, не е препорачливо да се прават антицелулитни масажи со оглед на тоа што голем дел од етеричните масла кои имаат токму антицелулитно дејство не се дозволени за време на бременоста.

    Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист, а како што нагласив во една од следните статии заедно ќе направиме прекрасно антицелулитно масло кое дава одлични резултати во комбинација со умерена исхрана, многу течности и блага масажа.

    Поздрав
    Вики
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, со пристигнувањето на топлите денови започнуваме со антицелулитните третмани и масажи, и константно сме во потрага по иделната крема или масло за оваа намена. Според мене овој вид на третман би требало да го правиме во текот на целата година а не како last minute третман пред пристигнувањето на летото, така да оваа година уште од сега ќе подготвиме едно фантастично домашно антицелулитно масло и навреме ќе се подготвиме за претстојниот летен период.

    Направи сам: домашно ефикасно антицелулитно масло со какао

    [​IMG]

    Со пристигнувањето на топлите денови започнуваме со антицелулитните третмани и масажи, и константно сме во потрага по иделната крема или масло за оваа намена. Според мене овој вид на третман би требало да го правиме во текот на целата година а не како last minute третман пред пристигнувањето на летото, така да оваа година уште од сега ќе подготвиме едно фантастично домашно антицелулитно масло и навреме ќе се подготвиме за претстојниот летен период.

    Во продажба се нудат навистина многу производи како креми, гелови и масла, меѓутоа домашните рецепти мене на некој начин ми се најубави, затоа што најнапред се производ на наш сопствен труд, а потоа и затоа што знаеме што сме ставиле во нив. Доколку како мене сте љубители на производите направи сам, во тој случај продолжете да читате.

    За подготовка на ова домашно антицелулитно масло потребно ви е:

    [​IMG]

    - 3 кафени лажици какао
    - 250 мл. масло (по ваш избор, маслиново или сончогледово)

    Во една чиста тегличка најнапред ставете го какаото, а потоа додадете го и маслото. Конкретно за овој рецепт користев ладно цедено сончогледово масло. Тегличката затворете ја и ставете ја на темно место (на пример креденец во кујната) и оставете така да стои од 30 до 40 дена. Сетете се барем еднаш во два дена да го протресете маслото (да ја протресете самата тегла).

    По истекот на времето со помош на една памучна крпа или газа, прецедете го маслото.

    [​IMG]

    Она што ќе ви остане како талог не го фрлајте туку искористете го како антицелулитна маска. Нанесете убава количина на бедрата и нозете, обвиткајте ги со пластична фолија и оставете да делува околу половина час. потоа измијте со вода. Доколку сте заинтересирани како сами да направите антицелулитна маска прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.mk/2015/07/blog-post_7.html

    [​IMG]

    Но ние да се вратиме на нашето масло. Откако ќе го прецедите, маслото ќе има прекрасен мирис на чоколадо, и време е да го збогатиме со етерични масла кои се наменети токму за оваа проблематика. Какаото во самото масло нема голем ефект врз целулитот, затоа што од него не може да успееме да ги извлечеме сите состојки за оваа намена како на пример кога би го нанеле директно на кожата (како маската која ви ја предложив погоре), и токму затоа и го збогатуваме со етерични масла. Во 100 грама масло од какао ќе ставиме 40 капки етерично масло и тоа:

    - 10 капки етерично масло од лаванда;
    - 8 капки етерично масло од рузмарин
    - 8 капки етерично масло од лимон
    - 7 капки етерично масло од портокал
    - 7 капки етерично масло од мента

    [​IMG]

    Откако ќе ги додадете етеричните масла убаво протресете и ете, вашето антицелулитно масло е готово. Ова е секако мој избор на антицелулитни етерични масла, вие доколку ги немате сите овие секако може да ставите она што имате дома, придржувајќи се до дозата на 40 капки (не повеќе). Доколку ве интересира кои етерични масла се најдобри за оваа проблематика прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.mk/2016/03/blog-post_70.html.

    Доколку не сакате да го направите маслото од какао, како базно масло може да користите бадемово, маслиново, јојоба, сончогледово, масло од лешник и.т.н., меѓутоа верувајте ми неодоливиот мирис на чоколадо ќе ве освои. Поради него вреди да се направи ова масло.

    [​IMG]

    Маслото нанесете го на благо навлажнета кожа (најдобро навечер по туширање) и втријте го со блага масажа. Токму масажата е од огромно значење затоа што ја поттикнува циркулацијата и на некој начин го подобрува третманот.

    Секако, запомнете дека ниеден производ сам по себе не прави чуда и дека од огромна важност е правилната исхрана, конзумирањето на течности и физичката активност.
     
    На macka91, do-re-mi и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Помина времето за редактирање па да се самоцитирам: направив грешка во пишување не се 3 кафени лажици како туку супени. Sorry.
     
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали статијава да ја ставам овде или во пијалоци, ама сепак станува збор за антицелулитни чаеви, па ајде се решив овде. Ако сум грешка префрлете ја. Предлог за домашни антицелулитни чаеви кои се многу ефикасни во комбинација со здрава урамнотежена исхрана и умерена физичка активност и секако, масажа со антицелулитни масла.

    5 најефикасни антицелулитни чаеви

    [​IMG]

    Пролетта пристигна и природата се буди, а со тоа и нашиот организам и желба за големо пролетно чистење на организмот. Во една од претходните статии кажав дека некако природно ни доаѓа да започнеме со антицелулитните третмани и ви предложив едно фантастично домашно антицелулитно масло http://biodevojka.blogspot.mk/2016/03/blog-post_11.html, меѓутоа таквите третмани секогаш треба да бидат поддржани со правилен начин на исхрана, и зошто да не, со конзумирање на антицелулитни чаеви.

    Во денешнава статија ќе говориме токму за дејството на овој вид на чаеви, како да ги подготвиме во домашни услови и секако како правилно да ги конзумираме. Ајде за почеток да го објаснам механизмот на овој вид на чаеви, односно како делуваат и зошто се сметаат за неопходен нел од секој антицелулитен третман.

    [​IMG]

    Овој вид на чаеви пред сѐ делуваат на една многу важна работа која всушност е главна причина за појавата на целулитот, а тоа е задржувањето на течности во организмот. Имаат големо диуретско дејство и го стимулираат исфрлувањето на вишокот на течности од организмот, а со самото тоа и поголем дел од токсините присутни во самиот организам. Некои од овие чаеви, благодарение на дејството на одредени билки присутни во нив, освен диуретско дејство ја стимулираат и периферната циркулација. Значи имаат прочистувачко, диуретско и стимулирачко дејство врз нашиот организам.

    Во продажба секако ќе најдете голем број на чаеви за оваа намена, меѓутоа со оглед на тоа што е навистина многу лесно истите да се направат во домашни услови, во продолжение ќе ви предложам 5 најефикасни антицелулитни чаеви, кои лично ги имам испробано.

    АНТИЦЕЛУЛИТЕН ЧАЈ ОД ЛИМОН

    [​IMG]

    Кората од еден лимон (најдобро од органско потекло) се потопува во 500 мл. врела вода околу 15 мин. Откако ќе се процеди и смлачи, на чајот може да му додадете малку цеден сок од лимон за подобар вкус и половина кафена лажичка мед. Овој чај има големо диуретско дејство и прочистува од токсини.

    [​IMG]

    АНТИЦЕЛУЛИТЕН ЧАЈ ОД ЃУМБИР

    Овој чај освен диуретско дејство ја стимулира и циркулацијата и го забрзува метаболизмот, а со самото тоа може да се каже дека помага и во топењето на мастите . Сѐ што ви е потрбно за да го подготвите овој чај е: една супена лажица зелен чај, 3-4 тенки парченца свеж ѓумбир и цеден сок од еден грејфрут.

    [​IMG]

    Во 500 мл. врела вода најнапред ставете го ѓумбирот и оставете го да отстои околу 15 мин. Потоа додадете го зелениот чај и оставете го така уште 3 мин. Процедете ја течноста, оставете малку да се смлачи па додадете го сокот од грејфрут и по вкус малку мед (доколку сакате послатко или пијте го така без мед). Овој чај има навистина прекрасен вкус, а пред сѐ е многу ефикасен како антицелулитен третман.

    АНТИЦЕЛУЛИТЕН ЧАЈ ОД МАГДОНОС

    За овој чај потребно е да направите микс од неколку состојки и тоа:

    2 супени лажици зелен чај,
    2 супени лажици сушен магдонос,
    2 супени лажици сушено нане
    2 супени лажици лимонова трева

    Убаво промешајте ја смесата. Земете една лажичка од оваа мешавина и потопете ја со врела вода (не премногу за да не го изгорете зелениот чај). Откако ќе се смлачи додадете малку лимонов сок и вашиот чај е готов.

    АНТИЦЕЛУЛИТЕН ЧАЈ ОД КОПРИВА

    [​IMG]

    Во овој рецепт главна ѕвезда е копривата која ја прочистува крвта и го поттикнува излачувањето на токсините од организмот. Содржи навистина голем број на корисни состојки меѓу кои и една состојка која е дериват на кофеинската киселина која помага токму во чистењето на токсините од организмот.

    Во 500 мл.врела вода најнапред ставете една кафена лажичка коприва и исто толку лимонова тревка. Оставете да отстои околу 15 мин, па додадете малку зелен чај и оставете уште 3 мин. Процедете, додадете лимонов сок и уживајте во вашиот свежо приготвен чај.

    АНТИЦЕЛУЛИТЕН ЧАЈ ОД АНАНАС

    [​IMG]

    Ананасот е едно од најпознатите антицелулитни овошја, благодарение на еден ензим кој се нарекува бромелин, кој го забрзува метаболизмот и има диуретско дејство. Чајот кој ќе ви го предложам е еден од моите омилени.

    Една кафена лажичка зелен чај потопете го со 250 мл. вода (не премногу врела), после 3 мин. процедете и откако ќе се смлачи додадете малку сок од свеж ананас кој претходно сте го истиснале на соковник или со помош на еден толчник (секако прецеден).

    Комбинацијата од зелен чај со сок од ананас е фантастична и има одлично влијание врз организмот, и особено од корист при антицелулитните третмани. Јас го пијам незасладен со една кафена лажичка кокосово масло, меѓутоа вие доколку сте научени на послатко може слободно да додадете половина кафена лажичка мед.

    МНОГУ ВАЖНИ СОВЕТИ

    1. Најдобар период за конзумирање на овој вид на чаеви е токму пролетта, кога нашиот организам се буди и подготвени сме да направиме детоксификација на организмот. Меѓутоа секако може да ги конзумирате и во текот на целата година.

    2. Овој вид на чаеви најдобро е да се конзумираат на гладно срце наутро, 30 мин. пред доручекот, или 30 мин. пред ручекот.

    [​IMG]

    3. Антицелулитните чаеви во никој случај не треба да се засладуваат со обичен шеќер. Доколку сакате послатко, во тој случај ви препорачувам малку мед, или пак една кафена лажичка кокосово масло кое ќе го зголеми антицелулитниот ефект на самиот чај, со оглед на тоа што кокосовото масло го забрзува метаболизмот.

    4. Не треба да претерувате со конзумирањето на ваков вид на чаеви, доволно е една до две шољи дневно 30 мин. пред оброкот.

    5. Откако ќе ги направите, чаевите треба да се конзумираат во рок од 24 часа. Може да ги конзумирате млаки или ладни.

    Се надевам дека ви се допаднаа овие навистина лесни а сепак многу функционални рецепти за домашни антицелулитни чаеви. Сетете се дека чаевите и антицелулитните производи мора апсолутно да бидат потпомогнати од здрава исхрана, по можност со помалку сол (со оглед на тоа што е еден од главните причини за задржувањето на течноста во организмот), и секако од умерена физичка активност. Во една од наредните статии ќе говорам кои намирници треба да ги конзумираме во една балансирана и здрава антицелулитна исхрана (ако може така да ја наречам).

    Дали и вие некогаш имате пробано ваков вид на чаеви и што е она што најчесто го правите како дел од антицелулитните третмани?

    Вики
     
    На AnaKarenina и Mihaela91 им се допаѓа ова.
  17. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    На kikiki16 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    мислам дека од вакумот пукаат капилари..не се залажувајте
     
  19. Erato

    Erato Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2016
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Сакам да направам антицелулитна масажа со антицелулитна крема плус примена на термо ќебе. Дали има некоја искуство со ова и колку третмани се потребни за видлив резултат?
     
  20. acezmija

    acezmija Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    baram broj,.od eden decko,..vrtese reklam na fb,..masaza aerodrom vrven fizoteramet za kicma spandiloz ,.neka mi pise koj ima poz