И јас талог од кафе со месеци користев но немав ефект, потоа ја купив кремата од Авон и Лореал, вежбав редовно, и пиев многу вода, за 2 месеци се изчезна. Исто и на Vichy e одлична. Морате да бидете упорни, верувајте колку и да изгледа невозможно се решава.
Само редовно активно вежбање - особено таргет на деловите кои ви се проблематични со целулит и пиење многу вода.Тие работи најмногу ќе ви помогнат, секако кремите и останатите работи може да ви служат како дополнителен додаток на горенаведеното. Барем во мојот случај е така
Јас додека доев, бидејќи не е препорачливо да се користат антицелулитни креми, секој ден кога се туширав се масирав цели нозе, задник и стомак со талог од кафе+морска сол+ маслиново масло и за еден месец целулитот ми исчезна. Додуше се уште имав, ама не се познававаше толку, драстично се намали, се познававаше само ако се стегнам.
девојки.... дали некоја од вас има искуство со користење на талог за кафе за остранување на целулит и дали има ефект јас веќе го користам една недела (се разбира рано е за резултати ),но ме интересира дали некоја од вас веке го пробала овој етод Поздрав
јас само талог од кафе нанесував ми стои така 30 мин потоа пред да се измијам се масирав ама без морска сол и маслиново ама веднаш ке пробам и на тој начин се надевам ке има резултати каКО кај тебе
Морам да споделам искуство за среќа позитивно. Одлични резултати од сатвата али само од малото пакување со пимпица што е. За една недела(сеа втора) има одлични и видливи резултати а за ефтини пари
Го земав од Зегин аптека 280ml е а некаде околу 200-250ден беше.Ама навистина е ефикасно иако тоа пак е индивидуално и зависи од типот на кожа. Не е реклама затоа што и јас сум за тоа да не се фрлаат бадијала пари на скапи креми а резултат целулит( Па и без тоа си го имам) Се надевам ти помогнав.
Дали е подобро антицелулитна крема или серум?! Или пак двете во комбинација?! Во што е разликата?! Ако некој знае да ми одговори.
Која е разликата меѓу малото и големото во поглед на ефикасност? Јас го имам големото зелено и многу сум задоволна
Јас го порачав новиот термоактивен гел против целулит од авон на кој пишува дека за 4 недели целулитот се намалува и изгледате послабо треба да се мачкаш 2пати во ден но кога го намачкав мислев дека седам на шпорет многу загрева но неможев да издржам толкава топлина па затоа ке пробам со талог од кафе и сакам да ја пробам кремата сатвата која ја пофалувате каде ја има и која е цената? Летни подготовки
Јас ја земам во аптека, големата е околу 400 ден ( искрено не знам точно) и е со екстракт од бршлен. Исто многу загрева на почетокот, така знаеш дека ти делува. Јас би те советувала да продолжиш со таа од авон, со време печењето ќе се намали.
Не знам за разлика само пробав со тоа го земав бидејќи беше помало да видам дали има ефект и имаше. Сега земав од големото и си ставам во ова со пумпата и ќе споредам па. ќе пишам за искуство
@glamgurl јас првиот пат мислев дека ќе полудам хаххаха легнав на кревет ( гола ) ја насочив климата да дува накај мене и така се ладев хаххахаа