Според мене целулитот може да се уништи само со вежбање, чучњеви, трчање, скокање со јаже, пиење многу вода и пилинг масажи. јас имав целулит, и сега од како почнав да го применувам сето ова многуу ми се намалии. сега скоро го немам.
Дали целулитот е привилегија само на жените или го имаат и мажите само што не им е грижа за тоа? Најозбилно ме интересра ова, затоа што низ дома постојно слушам за тој целулит иако реално не гледам што е толку страшно и да некоја жена има целулит. Соред мое лаичко мислење целулитот не ја прави една жена помалку женствена туку нејзиното целокупно однсување(понашање)
Сакам да одам на 10 антицелулитни масажи. Слаба сум, но на нозете на делот под задникот малку ми се познава. Ме плаши тоа што прочитав дека кај слаби девојќи после одреден период се враќа целулитот многу повеќе Мислења, искуство?
Девојки, ме интересира вие што сте се мачкале со Сатва... дали на сите ве пецкало и ви се црвенеело местото? Јас го мачкам секој ден, претходно отворени порите нормално и воопшто не осеќам пецкање или било каква реакција... тоа значи дека нема ефект или ?
Искрено немам пробувано креми и слични производи за отстранување целулит, до сега пиење многу вода и вежбање стварно ми помага и тоа имам ефект за брзо време, а дури и ако престанам да вежбам подолг период, не ми се враќа толку брзо целулитот.
Смучкав со еднаква пропорција - антицелулитна крема, масло од бршлен, екстракт од бршлен, крема против стрии и балеа лосион за затегнување на кожата со кофеин. Поефикасна крема против целулит никад не сум имала. 4-5 мачкања и драстична разлика. Морав да споделам.
Маслото и екстрактот пробајте во билна аптекаа, мене ми ги носат луѓе што работат по галенски. А крема најобична од авон, само да не е антицелулитен гел и онаа на галафарм против стрии. Убаво ќе измучкате да биде еднакво. И обично стриите не може да се скријат, интересно пребледи се и смалени.
Требало само со бршленот прво да пробаш.. никад не ми паднало на памет бршлен. Ме интересира негово дејство. Ќе гуглам сега
Имам пробано само со бршленот. Не беше уау ефект и ми остана. Уствари се ова ми беше отворено, почнато и недовршено. И така дојдов до идеја да ги смешам.
@Lilit Сега навалица во билна за екстракт и масло од бршлен, редица до надвор ќе има Требаше да ја мучкаш кремата и да ни ја продаваш.. Бизнис и пол
Масло од бршлен не ми се верува дека ќе се најде во билна,чаеви продаваат,семиња,а за масло не би рекла,ајде ако некоја отишла и земала нека каже дали има пошо да не идам џабе по ово тропсково времиште.
LIlit, колку чинат сите овие работи заедно? Би било супер ако не те мрзи да ставиш слики од сите шишенца/туби или што и да се.
Procitav na eden italijanski sajt ruzmarin i rakija se mesa,stoi nekolku denovi i so toa da pravis masaza sekoj den,pa i kaj striite pomagalo.e sea citav malkku po gugal,pisuva za lekot ama go pisuva za cirkulacia za veni za reuma a celulitot ne go sretnav nikade.no stom pomaga vo podobruvanjw na cirkulac.moze ima nekoja logika.
Сакам да одам на антицелулитни масажи во козметички салон Стеси гледам на групер ги има или Сандра ексклузив. Па ме интересира мислење добри ли се, знаат ли да масираат? И се појавуваат ли модрици и за колку време ги снемува?
Нема слики, се префрлив во едно шишенце, тубите ги фрлив. Од Авон антицелулитна, розе металик туба, и тоа не знам дали уште ја има во каталог. Повеќе од 400 ден не е. Гала фарм или фито гал хм... една е таа за стрии крема. 150 ден максимум. Балеа кофеинската е со жена у зелени шорцеви, со зелено капаче. 170 ден преку сила. А екстрактот и маслото немаа декларации, како што кажав, ми ги донесоа, не ги купив. И заборавив да на фактот дека и две виагри имав уште лани издробено во маслото од бршлен, отпосле ми текна. (и тие ми ги донесоа, не сум ги купувала)