Вери,јас сум задоволна.Е сега дали ми е од вежбањето и вода пиење,ама не ми се верува да е само од тоа,со пеперуткава се масирам секој ден или преку еден ден.Супер е...под задникот имав така доста наталожено,сега едвај дали сантим има и кога ќе го стиснам не боли и нема како гроздасти топченца.Вака сеуште се познава како нерамнини,но не се исти како претходно,ама не можам да кажам дека е измазнето како со кремите кои површински рамнат,ова мислам дека длабоко продира и навистина го уништува,а не само од надвор,што ми е многу важно.Не сакам да го маскирам,туку да го уништам,не мора во целост,ама да го нема толку многу.
Супер Лилит, многу ми е мило за тебе, ептен се израдував кога прочитав дека толку многу ти се намалил целулитот. Таман сега за летото на плажа најзгодна ќе бидеш Јас цела недела сум во Ск на гости, ама не знам кај да барам таква пеперутка, утре ќе одам во чаршија таму може ќе има по некои тезги
стварно јако ова со правосмукалката а колку време ви трае една масажа ? и јас сакам да пробам само се плашам да не ми станат нозето цели шливки баш летото
епа мене ми се ама гајле ми е само грдово да го снема стај поише уље може така нема да ти се напраат, а колку време сакаш толку 10-15 мин мислам најдобро
мене ми текна додека чистев и онака несакајќи со цевката се шмукнав на ногата и си викам еее па ова исто како LPG е
фала ти ептен женска планирам да пробам утре , пред малку ја прашувам мајка ми кај е правусмукалката ми вика уште што не ќе ти текне па да мислам доволно би било 10-15 мин поззз
Ааааа мора да го пробам ова Таман додека е ладно па после да ми поминат шливките како ќе носам ктратко хахахах ај ќе се фрлам на работа
Пилинг од кафе, морска сол и маслиново масло-ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ Кофеинот предизвикува дополнително разградување на масти клетки, стимулирајќи го метаболизмот, односно кожата да ги намали оние мали дупки од целулит. Еве како кафето може да ви помогне. Талог од кафе, маслиново масло и морска сол се мешаат. Смесата се користи како пилинг. Нашата препорака е при самиот пилинг да биде во вид на кружни движења и да трае барем 10-ина минути. Потоа се плакне со топла, па ладна вода, наизменично.
Ова е ептен добро и после да се замоташ со фолија. Бидејќи солта ја врзува водата, а целулитот е задржана вода и масни наслаги така ја влече надвор, закон , а у нозеве као тигрица сум од правосмукалчето
хахаха лавица а јас па само талог ставам , не го мешам со морска сол ...ниту пак ставам фолија .Само се масирам извесно време и потоа го плакнам со млака вода. А така може многу подобар ке е ефектот Ај ќе гледам да почнам така
јас секој втор ден праам ме мрзи секој ден , ама стај морска сол од таа има највише ефект и над фолијата наоблеши се колку што можеш повеќе и исто ко боди врапинг да си напраила поззич
мерси а фолијата колку време отприлика ја држиш? пребарав сеа нешто на нет ... отприлика тоа е Со кафе против тврдокорниот целулит Наместо скапите креми, лосиони и третмани кои знаат многу да чинат, а резултатот е сомнително видлив, во борбата шпротив целулитот може да го искористите талогот од кафето кој и онака би го фрлиле во ѓубре, а кој сигурно ќе Ви овозможи видливи резултати. Соберете талог од кафе или пак сомелете неколку зрна и помешајте ги со маслиново масло за да добиете компактна маса. Потоа смесата втријте ја на проблематичните места, замотајте ги деловите со фолија и оставете да делува дестина минути. За дополнителен ефект загрејте ја фолијата со фен, но само малку за да не си ја изгорите кожата. После третманот остатокот од кафето измијте го со топла вода со кружни движења. Природен пилинг за тело ќе добиете ако помешате талог од кафе со крупна морска сол и со смесата го истриете телото, кое после третманот ќе биде глатко и сјајно.
^ па фолијата околу саат, што повеќе толку подобро, прво вежбам нешто као по дома и после ги кревам нагоре нозете на ѕид, па се туширам со топло-ладна вода, се мачкам со уље и на крај со правосмукалката
А дали некој става фолија на нозете и стомакот додека вежба ? Имам слушнато полесно се слабее и помага при отстранување на целулитот , а од друга страна пак ми имаат кажувано дека не било здраво ... ?