Не, не знаев ни дека има такво ама сепак поише сум за природни состојки во тие креми не верувам баш. Последно што читав и сакав да пробам е да се измеша талогот со малку кокосово млеко или масло и да се трие, кокосот демек развивал голема температура кога се триело. Ќе пробам и тоа чудо да видам
Јас синоќа пробав талог од кафе со 2 мали лажички маслиново масло и прв пат како прв немаше разлика, но мек ми беше тој дел каде се мачкав..
Биди упорна верувам ќе ти помогне и тебе. Инаку ја талогот го употребувам и на цело тело и после мека ми е кожата како бебешко газе
Да се самоцитирам, не користев сатва, не беше ефикасна и прекинав..се хранам здраво, ослабев многу, физички активна сум многу, пијам вода исто многу, но целулит имам уште. Не ко порано ама имам и тоа асално на задникот најмногу...коа стојам не се примеќа на нозете, но коа ќе седнам а сум у шорц пример се приметува. Тоа е, ќе продолжам вака со вежбање и здрава исхрана со тек на време ќе се среди колку толку се надевам
Може да ти дадам еден совет Прави кратка масажа секој ден со некој антицелулитен гел, беби уље, талог од кафе, млеко за тело... Било што. Не е толку до тоа што користиш, туку до масажата. Ќе ја потикнеш циркулацијата и работата на линфните жлезди, а со тоа ќе ти се редуцира и целулитот. Штом пиеш многу вода, за брзо ќе ти исчезне. Порано бев покрупна и многу одев на масажи, струи... Масерката ми беше многу блиска, па ми откри во што е "трикот".
Ја користам само талогот, маслинов зејтин на цело тело не знам дали е здраво баш пошто е многу мрсно и да не ти ги запуши сите пори.. Ако ставаш стај ептен малку
Ставам маслинов зејтин само таму каде е критично местото.. А сега ќе ти го пратам пилингот за тело што се прави од талог Еве го пилингот за тело, со мелено кафе, јас погрешка кажав но исто е... Пробај го и тоа и јас ќе го пробам па можеби ке има ефект.. Немора трипати неделно, може само еднаш
Јас со апдејт и со прашање се јавувам. Си реков ај да пробам со маслинов зејтин пошто сува кожа имам па може ќе ми ја хидратизира малце. Рецептот за друг пат остана. Инаку за ова со маслиновиот или ја сум луда малце или не знам што а бе цело тело ми потемне за нијанса две и тоа убаво некако како карамел боја и сјај ми има кожата. Или ја забегав или до зејтинот е, тебе ти се десило така?
Па тоа погоре што ми го пиша талог со маслинов зејтин да помешам, ова со кокосовото млеко и солта решив за другпат да оставам. И си се чудам цел ден на бојава, јас бела сум ептен, немам ставано ништо за самопотемнување, нит сум се сончала а си фатив боичка хаха ќе видиме колку ќе трае. А бе само мене вакви глупости може да ми искачаат
Ааа аха хахахахахахахаа.. Е јас на нозите не ставив само таму кај што имам целулит и ништо не се познаваше