Сакам да почнам борба со целулитов таман до лето да го нема. Имам премногу на целите нозе на задмикот бутивите а и на раце почнав да приметувам. Како да ја постигнам целта, кажете нешто ефикасно?
Сигурно има ефект, затоа што се потиш, не само во однос на целулитот туку и за слабеење. Но, е особено штетно мотањето на стомакот т.е бубрезите.
Мора да настапиш инвазивно. Промена во исхрана, намалување на вештачки шеќер и јаглехидрати. Многу вода и природни чаеви и цедени сокови. Истовремено со ова вежбање два до три пати неделно (теретана, фитнес, трчање на кеј) и мачкање со антицелулитни креми, уште подобро ако можеш да одиш на антицелулитни масажи.... Ако ги превземеш сите овие активности мислам дека не може да нема ефект....
Дали некоја ги има користено овие понудиве од Сандра Ексклузив или Тренд Ас , ги гледам често на групер, па да знам дали воопшто имаат некакво дејство? Се подздебелив 5-6 кила, ќе почнам да вежбам и припазам на храна, ама сакам и некој третман за целулит и намалување обем побрзо, ама немам никакво искуство со салони...
Го имам зелениот на Сатва и летоска го користев две недели, на едната нога ми се намали, на другата па и не баш. Сега почнав пак да го користам и сега прашањето ми е некогаш ме пече некогаш не. Зошто?
moze li da spodelite kako da se otarasam od strii... mn naglo se zdebeliv, potoa naglo oslabnav a tie si ostanaa na kolokvite i nozete... Ako ima vakva tema pratete link probav da najdam,neuspeav...
Ќе пишам мислење тука имам малку послободно време. За зелениот гел на Сатва ако сакате да го земете нема да погрешите. Јас имам тврдокорен целулит и го користам речиси 2 недели и има намалување на целулитот. Самиот гел се нанесува по туширање секој ден кога порите се отворени, се масира додека да упие потоа може и да ве пече зависи. Штом пече резултатот е побрз. Е сега истото ќе ве тера повеќе да мокрите и вода да пиете. Јас ќе продолжам да го користам барем цел месец. Го земав во Дм и не знам која цена е.
здраво феминки искрено незнам колку е ефикасен гелот ама е и повеке наменски јас го купив ама сум многу немарлива и заборавам секојдневно да го користам ама има некое дејство кога ке се намач кате на лутенје на нозете а и ладенје по еден саат е сега дали има резултат незнам ама по цената сто е сега вреди да се проба а и од количината ако дава резултати сигурно ке ги добиете Инаку гелот е од лута црвена пиперка од козметиката на фармаси
Знае некоја од каде може да се купат оние дрвените како сукала со боцки што се по салоните што ги има, ако на некоја и текнува за што прашувам пошто неможам слика да најдам.
Женски, си го купив пак Сатва гелот и масажерче рачно, од утре почнувам на вежбање и морам да престанам да јадам глупости (читај: благо нонстоп измеѓу оброци ) Е сега, прашање: дали ќе има побрз/подобар ефект гелот ако откако се намачкам и измасирам се замотам со проѕирна фолија? И ако да, колку да ја држам?
За целулитот лекот му е само вежбање интензивно поздрава храна и многу вода , а се друго е ветер во магла.