Зелениот ли? Ако да, во Дм околу 350 денари, плус минус може да варира цената. И во тинекс го имам видено.
Имам целулит на нозете, на бутовите, од кои на едната повеќе. Би сакала некој да ми каже, доколку има такво искуство, дали е можно целулитот да исчезне само со домашни масажи и пиење доволно вода, БЕЗ вежбање. Навистина не сум во можност да вежбам (поради х причини), но не би сакала и да губам време со масажи доколку се бесполезни? Дали некој воопшто го отстранил само со масажи?
Мислам дека многу од целулитот е и исхрана и гени. Сигурно ќе се намали со масажи (поттикнување на циркулација), можеш дома откако ќе се измасираш со некој крем да се умоташ со пластична фолија и да седиш така некој саат, за да продре подлабоко тоа. Но, и исфрли нездрава, мрсна, пржена храна и повеќе здраво и свежо јади. Не знам дали скроз може да исчезне без никаква физичка активност, чим више го имаш генот, ама верувам дека ќе се намали со масажи и врапинг и здрава храна Oва е само мое мислење, и од лично искуство (оваа година се запуштив со храната и не се пазев, и се подздебелив 4-5 кила и прв пат волку целулит имам, така да од тоа ќе да е).
^^Можам да кажам дека ретко јадам пржена храна, бидејќи воглавно се придржувам на "диетата на Иренна". Ќе може ли некој да стави слика од таа кремата Сатва од ДМ?
Не е крема, како гел течност е, еве го. Ти предлагам да си купиш и масажер (од ДМ си земав на Евелин силиконски масажер) и со тоа кружно да се масираш додека се упие течноста + повеќе притисок ќе правиш отколку само со рака, и после си го замиваш масажерот. И јас го користам ова веќе еден месец и гледам мало подобрување стварно.
А колку пари е масажерот? Да знам која сума да ја спремам. И колку пати на ден треба да се повторува постапката и колку минути?
Еј стварно не ми текнува за масажерот цена, дека го купив отпосле.. можда некои 200 денари. Овој е (на Ебелин било, не Евелин ). Сигурно има поефтино нешто на пазарче, ама ме мрзеше да идам. Јас правам еднаш на ден, прво ќе се истуширам и со ракавица за пилинг нежно ја трљам кожата, па после на така тазе отворени пори ставам гел кај што ми е потребно и масирам кружно. Се дури не се упие, не сум броела време ама мислам отприлика 10 минути.
Kako i pogore navedenoto, celulitot moze da se odstrani so masaza ( jas se masiram so najobicno mleko za telo), so mnogu vezbanje (ima i specijalni da gi narecam vezbi za celulit, pobarajte na youtube) i mnogu pienje voda..mislam deka od drugo nema potreba
Го купив гелот од Сатва, но меѓутоа воопшто НЕ МЕ ПЕЧЕ! Како да не сум ставила апсолутно ништо! Како е ова можно?! Сите викате дека ве пече, сите го фалите, но најверојатно мене нема да ми помогне. Многу се разочарав. И дали може да се користи за раце? На шишенцето споменати се само нозе и бутови.
Мене пред година-две првиот пат кога го користев ме печеше, овој пат ниеднаш не ме печеше, само малку црвенило имам ама ваљда од масажата. Мислам дека имам читано и други членки што не ги печело, ваљда е различно за секој.. Можда не пече ако имаш многу салце? Пошто си споредувам на мене, порано кога го користев (кога ме печеше) имав помалце салце/целулит него оваа година.
Па немам салце...можеби малку... Слаба сум, т.е немам вишок килограми . Притискам, раце ми отпаднаа. Уште модринки што не направив. За раце може да се користи?
Еве баш сега се масирав и ме пече значи му треба малку време кај некои. А за раце не гледам зошто не би можело, пробај со малце прво пошто е потенка нели таму кожата.
Душо некаде пече, некаде не. Прво да ти кажам имаш чувство дека ти горат нозете и повеќе ќе мокриш. Мене на почетокот ме печеше, потоа не. Ама ме смрзе секој ден да се мачкам по 2 пати дневно. Сега од Март пак ќе го користам. Ама ќе мораш и многу вода.
Луѓе јас почнав со сатвата, пијам и многу вода сега и целулитов како да почна повеќе да ми се приметува. Не знам дали воопшто да продолжам. Како да отворам поголем проблем.
Имам голем проблем со целулитот, на задникот имам, на колковите, на нозе од внатрешна страна, на тие делови имам претежно, кажете ми лек за тоа, природни пилинзи како можам да направам или нешто слично, целулитот сакам да го снема. Несакам да пробувам со креми дека се со хемикалии, а не сакам да ризикувам со тоа, да не ми наштети на кожата, неможам многу физички да сум активна, затоа што немам време, со учење, нашколо, освен во викенди, ама за целулит посебно ми треба нешто што можам да го направам дома.