@Sweetlove_0312 Џабе креми, ако не си физички активна. Целулитот со седење нема да го снема, кремите се само плус, помагало на вежбањето и здравата исхрана. Активирај се физички и тогаш се мачкај со креми, така ке видиш резултати, со мачкање само тешко.
Дали некој го пробал третманот мадеро по салоните? Тоа е кога те масираат со едни дрвени инструменти налик сукала. Искуства?
Јас мислам најефикасен метод е масажата. Не се лажете со креми и со глупости. Е сега многу е битно и како ќе ве масираат. Јас сум била на многу места, но не ме масирале, ме галеле само и немаше ефект. Потоа фала богу ја открив девојката каде што одам сега и од 5 масажи немав точка целулит, ама она масираа јако, коа ќе те фати... Боли ама ќе си истрпиш.. Не знаат сите да масираат..
Талог од кафе и кога ќе се тушираш ќе се триеш на критичните места додека не почне сам да паѓа од што се суши и после се миеш нормално. Кожата веднаш ќе ти биде страшно мазна а по одредено време за менд за 3 недели без целулит. 100 посто делува на сите што го пробале нема промашај
Истото ми се случи и на мене, ама тоа значи дека целулитот почнал да се разградува и да избива на површина и ако продолжиш со тоа темпо плус вежби ќе го снема....
Дали некој ја пробал оваа крема или балсам?...Читав по интернетов дека била добра и за целулит болки во грбот.. ајде доколку некој ја пробал нека даде мислење.
Па, ај да кажам едно 50% подобра ситуација за помалце од 2 недели. Уште построга исхрана, многу вода, вежби и масажа... Прво со пилинг-сапунот Сатва, па Хедера Вита антицелулитниот сапун... наизменично топла-ладна вода, па ако имам и талог од кафе ќе затријам, да не иде џабе. Сушам кожа, ставам од Хедера Вита антицелулитниот гел и масирам со металниот ролер од Сатвата во бело пакување. Значи, металниве тркалца се закон... без нив ништо. Имам пробувано и со други масажери... брада. На почеток, пожелно е да се одвои време двапати дневно за рутинава, за одржување - доволно би било и само еднаш. По 15 мин. одзема севкупно.
Во ДМ го земав, 299 ден. мислам беше. Не знам дали ги има производите на Хедера Вита на други места. Ако знае некој, нека пише.
Јас лани ова време си правев третмани за целулитот ама имав многуу целулит. Си правев пилинг од талог од кафе додека се бањав се триев со тоа и после бањање ќе се намачкав со улје од бршлен или било какво масло и ќе се масирав со масажер. Абе луѓе за еден месец немав грам целулит. Не пиев многу вода ниту пак вежбав ама тој период бев и на ун диета. И таман за летото немав целулит сега имам пак. Ама ке го снема се надеваме до летото